дома блог страница 1198

Ракометните вљубеници во Прилеп ќе гледаат суперлигашки ракомет и идната сезона: Со реми на гости кај Куманово, РК Прилеп обезбеди опстанок

Ракометарите на Прилеп на гостувањето во Куманово кај истоимената екипа одиграа нерешено 28:28 и со овој освоен бод успеаја да ја остварат главната цел, а тоа е учество во суперлигашкото друштво и следната сезона.

Иако во првиот дел прилепчани имаа предност со 4 и 5 гола разлика, Куманово успеа да се консолидира кон крајот на првиот дел и да намали на 13:16.

Во вториот дел гледавме еден поинаков домаќин. Кумановчани најпрво го израмнија резултатот на 16:16, а потоа дојдоа и до предност од 21:18.

Но, прилепчани не се откажуваа и одново дојдоа до предност од 25:26. Следуваше борба за секоја топка до крајот, а Шокоски во 58-та минута донесе нова предност за РК Прилеп од 28:29. Сепак, исклучувањето на Чантурија во последните секунди му овозможи на Куманово да дојде до бод.

Како и многупати досега, кај прилепчани најпрецизен беше Давор Шокоски, кој вечерва постигна седум погодоци, а го следеа Лео Дамчевски и Реваз Чантурија со по шест.

Честитки за ракометарите на Прилеп за обезбедениот опстанок!

Николоски: Не можам да се согласам дека Македонија има само еден избор, а тоа е да прифати дека македонскиот народ е ист како бугарскиот народ, тoa нема никогаш да гo прифатиме

„Не можам да се согласам дека Македонија има само еден избор, а тоа е да прифати дека македонскиот народ е ист како бугарскиот народ, дека корењата ни се бугарски, дека има бугарска историја, дека зборува дијалект на бугарски јазик. Тие работи нема никогаш да ги прифатиме по ниедна цена“, порача потпрестедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Детектор“.

„Македонскиот народ 30 години е притискан да попушта нешто“, нагласи Николоски.

Тој рече дека доколку ЕУ смета дека Македонија заслужува да оди напред тогаш може да се најдат други форми како да се започнат преговорите со ЕУ. Во спротивно барањата на Бугарија само ќе растат.

„Во една средба со премиерот Пленковиќ ми рече вие сте нација која што најмногу има истрпено и најмногу има дадено во овие 30 години“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски во текот на емисијата се осврна и на уставните измени при што порача дека ако власта е толку сигурна дека има мнозинство за уставни измени, нека го стават во Собрание на Дневен ред.

„Ние во 2020-та година, на тие избори не ветивме уставни измени на граѓаните. Ниту пак ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ниту ДУИ, ниту Алијанса, ниту никој. А, сега кога ќе има избори нека излезат и нека ветат уставни измени, па да видиме дали ќе ги гласаат граѓаните“, рече Николоски.

Николоски додаде да не се дозволи да се случи како што се случи со Охридскиот Рамковен договор, кога политички партии во 1998 година не ветија таков договор,а го потпишаа во 2001 година.

Кога се сака, се може се’: Планинарски здруженија од Прилеп денеска качија два шпорети, и го обновуваа планинарскиот дом “Томе Темелкоски” (Фото галерија)

Членови од планинарските здруженија “Момата” и “Прилепски планинарски авантуристи”, покажаа дека се’ се може кога се сака.

Овие вљубеници во прирорада денеска успеаја да искачат две шпориња на дрва до планинарскиот дом на Селечка Планина, “Томе Темелкоски”, а денот го искористија и за освежување на ова планинарско збиралиште.

Целиот дом беше молерисан со фасадна боја, а одново беше исфарбана и дограмата. Поставен е нов рефлектор и целиот отпад е симнат до место за одлагање во градот.

Од ПСД Момата за оваа акција упатуваат благодарност до сите кои помогнаа, особено до Кирил Јандреовски и пекара “Маја”, кој ги донирал двата шпорети.

Од Здружението најавуваат следна акција за скоро време, се со цел ова планинарско култно место да продолжи да живее и да има што подобри услови за вљубениците во природата.

(Видео) И на теренот и надвор од него: Шоу-комедија на Србинот на прес-конференција

Никола Јокиќ беше одлично расположен по големиот триумф на неговиот тим во Лос Анџелес.

Денвер ги совлада Лејкерси на гости и со тоа поведе со 3:0 во финалната серија на Западот. Тимот од Колорадо сега е на само една победа до пласман во историското финале на НБА.

По натпреварот, тренерот Мелоун на конференцијата откри дека Јокиќ ја презел неговата улога за време на еден тајмаут. Српскиот ас предложи што да се игра, Мелоун прифати и се покажа дека не погрешил, па на прес-конференцијата го повика Србинот – тренерот Јокиќ.

“Не знам. Не сакам да бидам тренер. Тоа е најлошата работа на планетата, сигурно”, рече Јокиќ предизвикувајќи громогласна смеа во салата.

(Видео) Познат доктор снимен како се обидува да изгази полицаец

Полицијата во Нов Белград го приведе М.Б. (51) поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело напад на службено лице при вршење на службена должност.

Се сомничи дека синоќа околу 20 часот и 30 минути не ја послушал наредбата на сообраќајната полиција која го пренасочувала сообраќајот поради јавен собир, на крстосницата на улицицата „Милентие Поповиќ“ и булеварот „Зоран Ѓинѓиќ“, а потоа го насочил автомобилот мерцедес што го возел кон полициски службеник по што го оттурнал полицаецот.

Против осомничениот ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава бидејќи одбил алкотестирање, а од нарко тестот било утврдено дека е позитивен на кокаин.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен пред Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Според медиумите, се работи за познат гинеколог.

Светот се поклонува пред “српското чудовиште”: Никола Јокиќ го води Денвер кон големото финале

Кошаркарите на Денвер ги победија Лејкерси во третиот натпревар од финалето на Западната конференција, па сега водат со 3:0 во серијата и се на чекор до финалето на НБА.

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ го заврши мечот со 24 поени, шест асистенции и осум скока, а дури 15 од 24-те поени постигна во последниот дел каде едноставно беше незапирлив.

Во ноќта зад нас, момчето од Сомбор по којзнае кој пат во кариерата испиша нови страници од историјата на НБА. Јокиќ по синоќешниот меч стана само вториот кошаркар во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот кој во една сезона собрал 2000 поени, 1000 скока и 800 асистенции.

Точно една година откако го освоија Мариопол – Русите одзедоа уште една важна територија: “Бахмут е уништен”

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, на 21 мај зборувајќи за време на посетата на Јапонија, првично се чинеше дека ја потврди загубата на Бахмут. Но прес-служба подоцна соопшти дека неговите забелешки биле погрешно протолкувани и дека тој всушност одговарал на прашањето дали Русија го контролира град.

„Мислам дека не“, рече Зеленски, зборувајќи на англиски.

„Но, треба да разберете дека нема ништо. Тие уништија сè“, рече тој, мислејќи на руските сили. „Нема згради. Штета. Тоа е трагедија. Но за денес Бахмут е само во нашите срца. Нема ништо на ова место“, рече Зеленски.

Од Кабинетот на Зеленски подоцна појаснија дека тој не рекол дека градот „паднал“.

Русија уште од вчера тврди дека има победа во Бахмут, иако укрианските власти соопштија дека битките за разурнатиот источен град продолжуваат.

Тврдењето од 20 мај на руското Министерство за одбрана, како и на шефот на платеничката група Вагнер, беше проследено со честитка од рускиот претседател Владимир Путин.

Тој им честиташе на војниците „за заземањето на градот“, со порака дека најзаслужните ќе бидат наградени, пренесоа руските агенции.

Руската приватна армија Вагнер на 20 мај соопшти дека конечно го освоила источниот украински град Бахмут по најдолгата и најкрвавата битка во војната.

МВР со детали за вчерашната трагедија кај Плетвар: Арачиновец со комбе удрил во младиот моторциклист од Прилеп

На 20.05.2023 околу 13.25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на магистралниот пат Прилеп-Росоман, кај место викано „Карпачов камен“ на Плетвар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген крафтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М. од с.Арачиново, скопско и мотоцикл „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(28) од Прилеп.

Во несреќата, од здобиените повреди мотоциклистот Д.Н. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Aдреналинско шоу синоќа во центарот на Прилеп: Стотици мотори, одлична музичка програма, туркање со раце и моторџии од сите страни на Македонија (Фото галерија)

После 2 години пауза во Прилеп се одржа Мото фестивалот, кој синоќа пред камената бина на плоштадот “Александрија” собра моторџии од цела Македонија, но и од соседните држави.

Организатор на настанот беше мото клубот “Рисови” од Прилеп, а организацијата беше беспрекорна. На настанот му претходеше моторџиско дефиле, а потоа следуваше одлична музичка понуда со настапите на Crossroad Blues Band и Five Wire.

Прилепчани имаа можност да се фотографираат со различни модели на моторцикли, да проследат туркање со раце и да се дружат и да уживаат во едно одлично адреналинско шоу, што несомнено недостасуваше.

Секоја чест за организацијата, со надеж дека наредниот ваков настан ќе биде што поскоро.

Aпсење на патот Битола-Прилеп: Фатени тројца прилепчани кои ја ограбиле црквата во Воѓани

На 20.05.2023 во 13.30 часот на регионалниот пат Битола-Прилеп, во близина на с.Лагово, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.А.(42), А.Р.(22) и Ќ.Ш.(41), сите од Прилеп.

Тие се сомничат дека од кругот на црквата „Св.Никола“ во с.Воѓани, општина Кривогаштани, одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.