дома блог страница 1199

Утре пелагиниско дерби во Прилеп: Да ги поддржиме момците од Мега баскет!

По првиот пораз минатата недела против Тетекс во Тетово, Мега баскетџиите од Прилеп викендов ја пречекуваат екипата на Хераклеа од Битола.

Битолчани се петтопласирани со скор од пет победи и осум порази, а прилепчани ќе го бркаат дванаесеттиот триумф.

Натпреварот се игра утре (сабота) во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски” со почеток од 16:30ч.

Да ги поддржиме момците со цел да го задржат првото место на табелата и да ги зголемат шансите за влез во повисок ранг на натпреварување.

Дpaма во обложyвалница во Ропотово: Kpшел се наоколy и нападнал свој соселанец

На 28.03.2023 полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода И.П. (46) од с. Ропотово.

Тој во спортска обложувалница во селото со упoтpeба на дрвен предмет физички го нападнал Б.А. (47) од истото село и го наpyшил јавниот peд и миp со кpшење на предмети.

По документирање на случajoт пpoтив него ќе следува соодветна пpиjaва – информираат од СВР Битола.

Пpeтpec во Прилеп: Пронajдена мapиxyана и шишиња со течност со темно зелена боја, велат од МВР

Денеска (30.03.2023) околу 10.30 часот, по претходно добиена судска наредба, од страна на полициски службеници од СВР Битола извршен е претрес во дом кај В.И. во Прилеп, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, бела грутчеста материја, четири шишиња со течност со темно зелена боја. В.И. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство – информираат од СВР Битола.

Ниту криза, ниту инфлација: Ги замрзнаа макароните, ама платата му се покачи за 78%?

Ниту криза ниту инфлација не ги чепка македонските функциониери по последната одлука на Уставниот суд со која нивните плати во просек ќе се зголемат за неверојатни 78%, пренесува Сител ТВ.

Од први, Претседателот кој има највисока плата во државата ќе добие зголемување од 72.500 денари па неговата плата од околу 93.000 ќе скокне на над 165.000 денари. Многу повеќе пари дома ќе однесат и министрите и премиерот. Нивните плати од околу 65.000 денари сега ќе скокнат за дополнителни 50.000 денари па од први на сметките секој месец ќе им префрламе по близу 2000 евра нето плата. Зголемување ќе добијат и пратениците кои на сегашната плата од околу 60.000 денари ќе добијат плус 700 евра месечно и дома ќе однесат нето плата повисока од 1.700 евра. Близу 80% повисока плата ќе добијат и сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции. Меѓу оние кои ќе добијат повисока плата се и сите судии меѓу кои и тие од Уставниот суд кои практично со укинување на 2 члена од законот за плати на функционерите го овозможија општото покачување.

Целата статија можете да ја прочитате на Сител.

Драма во австрискиот парламент: Пратеници ја напуштија салата за време на говорот од Зеленски

Претставниците на екстремно десничарската Партија на слободата денеска го напуштија Долниот дом на австрискиот парламент за време на онлајн говорот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, во знак на протест против нарушување на австриската неутралност.

Пратениците од проруската, екстремно десничарска Партија на слободата го напуштија Долниот дом на австрискиот парламент за време на говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленскиј се обрати до комората преку видео-врска во четвртокот, заблагодарувајќи се на Австрија за хуманитарната помош и помошта во проекти како што е чистење на нагазни мини.

Екстремно десничарските политичари рекоа дека протестираат против говорот бидејќи го прекршил принципот на неутралност на Австрија.

Партијата на слободата (ФПО), сепак, предупреди неколку дена претходно дека ќе одржи некаков облик на протест против обраќањето на Зеленски. Нејзините пратеници присуствуваа на почетокот на говорот, а потоа си заминаа.

Стејт Департментот со предупредување до Американците: “Веднаш напуштете ја Русија”

Американскиот Стејт Департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија.

Во соопштението се наведува и дека на сите граѓани на САД во Русија им се препорачува што поскоро да ја напуштат таа земја.

Државниот секретар Ентони Блинкен како причина ја наведе американската загриженост за безбедноста на граѓаните поради денешното апсење на американски новинар во Русија.

Да потсетиме, новинарот на Вол Стрит Журнал, Еван Гершкович, е уапсен во Русија под сомнение за шпионажа, објави Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација ги запре незаконските активности на дописникот на московското биро на Вол Стрит Журнал, Американецот Еван Гершкович, роден 1991 година, акредитиран во Министерството за надворешни работи на Русија, кој е осомничен за шпионирање за американската влада“, велат од ГО.

„Утврдено е дека Еван Гершкович по инструкции на американската влада собирал информации кои се државна тајна за активностите на една од компаниите на воено-индустрискиот комплекс на Русија. „Во обид да добие доверливи информации, странецот е приведен во Екатеринбург“, соопшти ФСБ.

Висок функционep од ВМРО-ДПМНЕ ја одбива одлуката на Уcтавен за повиcoки плати од 78%: Разликата ќе ја донирам за семејствата на уставобранителите

Уставниот суд донесе одлука со која се предвидува зголемување на платите на сите носители на јавни функции.

Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски на свој начин ја отфрла одлуката на уставниот суд.

,,Одлуката мора да се почитува, но разликата во платата во целост ќе ја донирам за хуманитарни цели и за семејствата на уставобранителите.

Јас сум растен и воспитуван во духот на позитивни вредности. Сметам дека среќата не зависи од тоа колку имаме, туку колку можеме да направиме за другите.

Ги повикувам и останатите мои колеги од сите политички партии, доколку се во можност да го следат овој пример”, објави Муцунски по одлуката на уставниот суд.

Уставен cyд пpeceкол? Платите на избраните функционери дpacтично се зголемуваат од овој месец?

Уставниот суд донел одлука со која се укинуваат два члена од Законот за плати и надоместоци на избраните и именуваните функционери, а со која одлука платите на функционерите ќе се зголемат за 78 отсто, изјави во гостувањето во Анализа на ТВ24, Трпе Деаноски од УПОЗ. Според пресметките на Синдикатот, платата на функционерите ќе се зголеми над 1.500 евра. Министрите, додаде тој, ќе имаат плата од 1.800 евра.

-Од една страна замразнуваат цени, а од друга страна Уставен суд носи одлука со која што само на функционерите им се поврзува платата со просечната плата и само функционерите добиваат огромно зголемување на плати. Процентуално изразено е 78 отсто покачување на нивните плати. Тоа во државата никогаш не го имало – рече Деаноски.

Тој посочи дека моментално вредноста на коефициентот со која се пресметуваа овие плати беше 26.700 денари.

-Сега со оваа одлука на Уставен суд се враќа на вредност од 47.637 денари кој се множи со коефициент. Моментално избраните и именуваните функционери, како што се претседател на Влада, претседател на Собрание, претседател на држава, кои имаат најголем коефициент ќе имаат над 1.500 евра нето плата – додаде тој.

(ВИДЕО) Мини тура низ “Плодност”: Слика полна со среќа и радост!

За денот да ви биде поубав! Мини тура низ болницата “Плодност” во Битола. Слика полна со среќа и радост!

Ko имаме пиперки и домати не ќе јадеме месо: Македонците консумираат најмалку месо во Европа, вели најновото истражување

Македонија, Албанија, Турција и Молдавија се земји каде што најмалку се консумира месо. Според мапата за потрошувачката на месо по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), Македонците, Албанците, Турците и жителите на Молдавија годишно консумираат по 39 килограми месо.

Од земјите во регионот, најголема потрошувачка на месо има во Хрватска со 80 килограми по жител, а потоа се Црна Гора со 78 и Словенија со 70 килограми месо по жител. Србите во просек годишно јадат по 56 килограми месо, а граѓаните на Босна и Херцеговина 43 килограми.

Шпанија е на прво место во Европа со 99 килограми месо по жител. Втора е Португалија со 95 килограми, а на трето место е Исланд со 91 килограм месо по жител.

Податоците на „Landgeist“ за потрошувачката не месо не ги вклучуваат рибата и морските плодови.