дома блог страница 1197

Драма во Битола: Тројца полицajци пpeтепани со клоци и тyпаници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против шест лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот зкаоник.

Осомничените, на 10 февруари, нападнале тројца униформирани полициски службеници кои преземале службени дејствија на спроведување на лице до Основниот суд во Битола. Ги удирале со клоци и тупаници по телото, нанесувајќи им телесни повреди.

Јавниот обвинител, до судијата на претходна постапка, достави предлог за определување мерка притвор на осомничените.​

Има снег во Прилеп, само ретко кој сака да стигне до него – Прекрасна снежна идила на Селечка Планина (ВИДЕО)

Прилепчани зимава се жалат дека не им заврнал снег, ама не е баш така, снег има, но ретко кој сака да стигне до него.

Оние малкумина кои се решаваат дел од своето слободно време да го посветат на планинарење, уживаат во прекрасна снежна идила по падните на Селечка Планина.

Дури и ова куртренце кое ќе го видите во видеото е за поголема пофалба од голем број од нас. Погледнете што ни снимија од Планинарското друштво “Момата”:

Собранието ги ратификуваше договорите од Отворен Балкан – Слободниот пазар на труд меѓу земјите може да функционира

Македонското Собрание денес ги ратификуваше договорите од иницијативата Отворен Балкан со што се создаваат условите за почеток на имплементацијата на проектот за слободен пазар на труд меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија.

Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан ќе им овозможат на граѓаните од трите земји да работат во која било од нив без посебни работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци. Дополнително олеснување ќе обезбедат и договорите за признавање на дипломи и професионални квалификации.

Огромен е интересот кај бизнис секторот за ваквите економски поволности. Најзаинтересирани се компаниите во ИТ секторот, туризмот и приватното здравство, како и одредени угостителски гранки кои со ова ќе можат да привлечат работници и да отворат нови работни места.

Ратификуваните договори на граѓаните од Западен Балкан ќе им овозможат да работат во која било од трите земји без посебни работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци. Дополнително олеснување ќе обезбедат и договорите за признавање на дипломи и професионални квалификации.

Во анализата на „Рацин.мк“ се истакнува дека единствениот регионален пазар на труд ќе придонесе кон повисоки плати за работниците, а иако првите искуства од оваа мерка се очекуваа уште минатата есен, нејзината имплементација се заглави во македонскиот парламент каде што опозицијата со месеци ја одлагаше и оддолжуваше комисиската расправа на овој и на неколку други договори поврзани за функционално спроведување на заедничкиот пазар на трудот меѓу Албанија, Србија и Македонија.

Општина Прилеп ќе испрати 300.000 денари за нacтpaданите од земjoтpecoт во Турција и 150.000 денари за Сирија

Денеска, по иницијатива на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески се одржа вонредна седница на Советот на Општина Прилеп на која беше донесена Одлука за обезбедување средства од Буџетот на општината, како донација за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

Донацијата на Општина Прилеп и граѓаните на Прилеп, во знак на поддршка, солидарност и пријателство, изнесува 450 илјади денари Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, од кои 300.000,00 денари за настраданите од земјотресот во Република Турција и 150.000,00 денари за настраданите во катастрофалниот земјотрес што истовремено се случи и во Сирија.

Покрај пунктот за донации кој е поставен во центарот на градот, каде граѓаните на Прилеп донираа и донациите преку отворените телефонски линии, Општина Прилеп понуди и обучен тим од ТППЕ Прилеп во координација со ДЗС подрачна единица Прилеп, за директна помош со човечки ресурси во подрачјата каде што има потреба, а прилепскиот бизнис секторот организиран преку Регионалната стопанската комора – Прилеп, веќе упати помош во настраданите подрачја.

Најдобриот со најдобрите: Прилепчани имаа прилика да се сретнат со големиот Александар THE GREAT Волкановски (ФОТО)

Нашиот истакнат карате тренер, прилепчанецот Златко Димоски, кој со неговото семејство живее и работи во Австралија, од пред една недела е назначен за главен карате тренер на Западна Австралија, при што тимот го комплетира со шест помошници.

Негови ќерки се близначките каратистки Maријана и Мишела Димоски – шампионките кои растураа во Македонија, а сега се најдобри и во Австралија.

Вчера семејството Димоски имаа прилика да го следат дуелот помеѓу Ислам Махачев и Александар Волкановски, кој Махачев го доби со судиска одлука.

Со овој триумф Махачев стигна до рекорд од 24 победи и еден пораз во УФЦ и ја задржа титулата во лесна категорија.

Волкановски пак има исто така 24 победи, а го претрпе вториот пораз во кариерата. Многумина сметаат дека Волкановски е ограбен од страна на судиите, а и самиот тој истакна дека смета дека победата требало да биде негова.

Нашите прилепчани потоа имаа прилика да се фотографираат со Волкановски, УФЦ борецот со македонско потекло кој стекна огромна слава во Македонија и светот во изминатите години.

Не, не лансиравме сателит во вселената како Албанија: Ова што синоќа беше забележано над прилепско Небрегово е нешто сосема друго (ФОТО)

На повеќе локации низ Македонија синоќа можеа да се забележат сателитите “Старлинк” кои се во сопственост на компанијата “Спејс Икс” (SpaceX), чиј сопственик пак е мултимилијардерот Елон Маск.

Фотографиите се направени во прилепско Небрегово, каде синоќа небото било доволно чисто за да можат да се забележи “колоната” oд сателити.

Од полноќ нови цени на гopивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 75 денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денари за килограм и ќе изнесува 42,197 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,388 отсто, кај дизелот за 0,749 и кај екстра лесното масло за 0,883 отсто, додека кај мазутот има зголемувања за 1,191 отсто. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,944 отсто.

Германец фатен со мapиxyaна во Битолa

На 12.02.2023 на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Д.П.(32) од Сојузна Република Германија, со времен престој во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од МВР.

Турција издаде 113 налози за апceње на градежници за кaтacтpoфата од земjoтpecoт

Официјални лица во Турција соопштија дека се издадени 113 налози за апсење во врска со изградбата на зградите кои се урнаа во земјотресот, пишува Би-би-си. Турската полиција веќе приведе најмалку 12 лица, меѓу кои и градежни претприемачи.

Во меѓувреме, немирите во јужна Турција ги прекинаа спасувачките напори на некои места. Бројот на потврдени мртви во Турција и Сирија се искачи на повеќе од 28.000.

Се очекуваат повеќе апсења, но многумина ќе ја видат оваа акција како обид да се оттргне јавната вина за катастрофата.

Со години, експертите предупредуваат дека многу нови згради во Турција се небезбедни поради ендемичната корупција и владините политики. Тие политики дозволија таканаречена амнестија за изведувачите кои ги прекршуваа со градежните правила за да поттикнат градежен бум – вклучително и во регионите подложни на земјотреси.

Илјадници згради се урнаа за време на земјотресот, што ги наметна прашањата дали последиците од природната катастрофа се влошени од човечка грешка.

Утре поетско музичка вечер насловена како “Љубов и вино” во фоајето на ЦК “Марко Цепенков”

Поетско музичка вечер насловена „Љубов и вино“ ќе се одржи на 14 февруари 2023, вторник, од 18 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“, со што ќе бидат одбележани празниците св. Трифун и Денот на љубовта.

Манифестацијата која ќе има мултимедијален карактер ја реализираат Центарот за култура и Клубот на литературни творци – Прилеп, при што дваесетина поети ќе презентираат поезија.

Освен што ќе се чуе убавиот стих, ќе има и музика, со што на ваков оригинален начин ќе бидат одбележани двата празници, а со ова практично Центарот ги започнува годинешните активности, во кои во голема мера ќе бидат вклучени и поетите и литератите од градов.

Посетителите не само што ќе можат да уживаат во убавиот пишан збор и музиката, туку ќе вкусат и убаво прилепско вино.