Точно една година откако го освоија Мариопол – Русите одзедоа уште една важна територија: “Бахмут е уништен”

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, на 21 мај зборувајќи за време на посетата на Јапонија, првично се чинеше дека ја потврди загубата на Бахмут. Но прес-служба подоцна соопшти дека неговите забелешки биле погрешно протолкувани и дека тој всушност одговарал на прашањето дали Русија го контролира град.

„Мислам дека не“, рече Зеленски, зборувајќи на англиски.

„Но, треба да разберете дека нема ништо. Тие уништија сè“, рече тој, мислејќи на руските сили. „Нема згради. Штета. Тоа е трагедија. Но за денес Бахмут е само во нашите срца. Нема ништо на ова место“, рече Зеленски.

Од Кабинетот на Зеленски подоцна појаснија дека тој не рекол дека градот „паднал“.

Русија уште од вчера тврди дека има победа во Бахмут, иако укрианските власти соопштија дека битките за разурнатиот источен град продолжуваат.

Тврдењето од 20 мај на руското Министерство за одбрана, како и на шефот на платеничката група Вагнер, беше проследено со честитка од рускиот претседател Владимир Путин.

Тој им честиташе на војниците „за заземањето на градот“, со порака дека најзаслужните ќе бидат наградени, пренесоа руските агенции.

Руската приватна армија Вагнер на 20 мај соопшти дека конечно го освоила источниот украински град Бахмут по најдолгата и најкрвавата битка во војната.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.