Повторно меѓу најдобрите: Учениците од ООУ “Климент Охридски” ги минаа квалификациите за Олимпијадата по англиски јазик во Лидо ди Јесоло, Италија (ФОТО)

Од 23 до 25 мај, во Лидо ди Јесоло, Италија, се одржаа европските квалификации од Олимпијадата по англиски јазик Хипо 2023.

Учениците од ООУ “Климент Охридски” Прилеп, повторно беа меѓу најдобрите 83.120 учесници од преку 30 земји.

Никола Талевски во категоријата Little Hippo беше рангиран на четврто место. Анастасија Јагуриноска во категоријата Hippo 1 го освои четвртото место, а Вања Ѓорѓиоски беше рангиран на седмо место во категоријата Hippo 2.

-Повторно докажавме дека сме меѓу најдобрите! Важно да се знае: Овие меѓународни натпревари по принцип се екстремно скапи, и училиштата немаат доволно средства да го покријат трошокот за учество и пат за учениците и наставниците, ако тука не помогне општината, а пред се бизнис секторот, на кој патем бескрајно му сме благодарни, и тоа: “Пост експрес”, “Ангромеханика”, “Шула компани” и “Хримакс компани”. Уште еднаш благодарност до нив и апел и охрабрување за другите компании. ВЛОГОТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ Е ВЛОГ ЗА НАШАТА ИДНИНА!, напиша на Фејсбук директорот на училиштето Ахил Јаков.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.