дома блог страница 1187

Жители на Кривогаштани: Дали и пред дворовите на шефовите во ЕВН, децата си играат вака пред жици под напон? (ФОТО)

Цели три години трафостаница на ЕВН стои вака во Кривогаштани и никој досега не го решава проблемот, велат жители од оваа пелагониска општина.

-Ги прашуваме шефовите во ЕВН Прилеп, дали и пред нивните дворови каде си играат нивните дечиња вака под напон стојат голи жици? – стои во дописот кој стигна до нашата редакција.

Жителите од Кривогаштани бараат итно ЕВН да испрати екипа и да го санира проблемот, пред да се слyчи некоја тpaгедиja.

Во Прилеп се одржа шаховски турнир помеѓу доктори

Под покровителство на Лекарската комора на Македонија и техничка организација на шаховскиот клуб Прилеп, на 08 Април 2023 година се одржа републички турнир во шах на доктори.

Учество зедоа 11 доктори и 1 докторка од повеќе градови, а турнирот го отвори нивниот колега градоначалникот на Прилеп др. Борче Јовчески.

Во крајно неизвесна борба победничкиот трофеј со 9 поени од 11 партии го освои проф.др.Вело Марковски од Скопје, половина поен повеќе од второпласираниот др.Дејан Јанков, Третото место му припадна на др.Петар Каревски со 7,5 поени, колку што освоија и др.Мите Зафиров, др.Пеце Петрески и др.Благоја Дамески.

Се одигра и ревијален двомеч на екипата на докторите и екипата на ШК Прилеп на 6 табли при што убедлива победа извојува прилепскиот клуб со 23:13. Се на се прекрасен настан во нашиот град – информира Тони Кироски, претседател на ШК „Прилеп“.

Xyманитapно стенд ап шоу во среда во Прилеп: Да бидеме xyмани и да помогнеме на татко и неговото 8-годишно дете кои живеат во тешка cocтojба

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) повеќе од 20 години претставува национална алатка за регрутирање и задржување на волонтери на возраст од 13 до 17 години во Црвениот крст.

Како дел од оваа Програма, неколку млади дечки решија да направат мал проект, кој има цел да помогне на семејство кое живее во рурална средина. Семејството се состои од татко и 8 годишно дете и живеат во тешка состојба. Целта е преку акции и донации да соберат финансиски средства и истите да се искористат за купување на потребен инвентар за домот на ова семејство.

Затоа ве покануваме сите да ја покажеме нашата хумана страна и да се забавуваме со нашите комичари во среда, 12.04.2023 година, во големата сала во НУЦК „Марко Цепенков” во Прилеп.

Телефон за резервација на карти: 079 394101

Cooбpaќajoт во целосен пpeкин поради cooбpaќajна нecpeќа на патот Прилеп-Градско кај Тројаци

Поради сообраќајна несреќа на патот Прилеп- Градско, сообраќајот е во целосен прекин во двата правца, соопшти АМСМ.

Од 14:35 часот, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско, кај местото Тројаци, е во прекин во двата правци, поради сообраќајна незгода, соопштија од АМСМ.

СДСМ ќе увезува работници од Бангладеш, а ние ќе ги поддржиме нашите млади! Мицкоски вету нула персонален данок до 29год. и гарантирана работа за 500 најдобри студенти

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека неговата ќе имплементира нови политики за младите, меѓу кои но и нула персонален данок за млади до 29 години, загарантиран работен однос за 500 најдобри студенти, домови за млади брачни парови и дигитализација во образованието.

„За 500 најдобри дипломирани студенти на универзитетите во Македонија државата мора да обезбеди загарантиран редовен работен однос, за да може да ги искористи, бидејќи вложила во нив. Да не праќаме во Западна Европа, Америка, Канада, Австралија, готов кадар, туку да си го задржиме тука без разлика од каков профил е – рече Мицкоски и ги повтори ветувањата на партијата за нула персонален данок за млади луѓе до 29 години и за домови за млади брачни парови и за дигитализација во образованието.

На панел-дискусија на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се осврна и на политиката на партијата за семејството.

– За жал, стапката на фертилитет е намалена и се намалува, сѐ помалку бракови има склучено, сѐ помалку деца се раѓаат, а тоа е еден природен биолошки процес којшто мора да најдеме начин како да го стимулираме тоа. Тоа оваа vлада на ДУИ, подржана од малцинскиот партнер СДСМ, не го прави. Затоа што ќе се доведеме во една ситуација кога ќе имаме многу повеќе луѓе кои што се пензионери, а помалку работоспособно население и не ќе не можеме да ја движиме Македонија напред, не ќе можеме да ја развиваме. И затоа денеска, наместо да се стимулира семејството, се отвора дебата да увезуваме работници од Бангладеш, од Пакистан, од Филипини и веќе не знам од каде. Ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме јасна политика што се однесува до семејството и тука ќе продолжиме и во иднина, како влада, силно да работиме и да ги подржуваме младите брачни парови, да ги подржуваме семејствата – рече Мицкоски.

“Матадор” Прилеп избран за најдобар дистрибутер на најпознатата германска компанија за моторни масла Liqi Moly

Liqui Moly Македонија на дилерска средба ги претстави резулатите од првата година работа на компанијата како независен дистрибутер за продуктите на германскиот производител.

За завршница на настанот им беа доделени плакети на најдобрите дистрибутери во првата година работа на Liqui Moly Македонија, а првото место го освои компанијата “Матадор” oд Прилеп.

Позната по производство на врвни лубриканти компанијата Liqi Moly, со седиште е во Улм, Германија, е присутен во дури 150 земји ширум светот и е синоним за квалитет, не само за лубриканти, туку и за другите производи.

Денеска е Цетници, последното влегување на Исус во Ерусалим: Честит именден Цветанка, Цветан, Лилјана, Калина, Билјана, Здравко, Виолета, Маја, Весна…

Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител.

Исус влегува во престолнината на осле, според старозаветното пророштво. Ова е уште еден од многубројните знаци по кои би можеле да Го препознаат, но сепак овој знак не го разбраа ниту Неговите ученици.

Многуброен народ наслушна дека ќе дојде, па го дочекаа со палмови гранчиња во рацете. Значи, ги слекуваа облеките од себе постилајќи ги пред Него и во восхит возвикнуваа вдахновено: Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев!

Дури и некои од дојдените Елини на поклонение за Пасха пристапија и молеа да Го видат. Единствено свештенството и фарисеите се озлобија готвејќи се да Го погубат брзо, а мислеа да го убијат и Лазар кој сведочеше за Неговата сила и за Неговото Божество.

И повторно Господ се труди да им го открие Својот идентитет на насобраните и да ги подготви за најблиската иднина и за смислата на оваа мисија и нејзините искушенија. Всушност, кога им сеобраќа со словото за Крстот, тие тогаш го губат знаењето за Него како за Цар и Христос, тогаш им се затвара умот за словото и за Писмата.

Цветници се празнуваат во неделата пред Воскресение. Претставуваат сигурно најдраматичниот празник меѓу Дванаесетте големи празници на Црквата. Го ознауваат почетокот на најтешката седмица во историјата на човештвото, којашто аскетското трезвеноумно познание на човековата природа ја нарекува „Страстна“

На Цветници именден празнуваат: Цветан, Цветко, Цветанка, Лилјана, Калина, Билјана, Здравко, Здравка, Виолета, Весна, Маја, Мимоза, Невена, Роза, Грозда, Гроздан, Јагода, Јасмин, Јасмина, Јаворка, Калин, Калина….

Убав чин кој за првпат се одржува во цpквата Св. Петка во Прилеп: Еве за што станува збор

-Пред неколку дена, за првпат во нашиот храм, се одржа чин на побратимување односно посестримување. Овие две чеда Божји, станаа сестри не по роднинска врска ами преку верата и љубовта. Бог да им дарува изобилна и несоблазнива меѓусебна љубов во сите денови од нивниот живот! По Велигденските празници во најава има уште едно побратимување – информираат од црковниот храм Св. Петка во населбата “Точила”.

Се пиело и се возело синоќа во Прилеп: Фатени дури 64 возачи под дejcтво на алкoxoл

Во текот на изминатата вечер (08/09.04.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле санкционирани 81 возачи.

Од нив 10 на територија на Битола, 64 во Прилеп, по 3 во ДемирХисар и Крушево и 1 во Македонски Брод.

За време на контролата биле санкционирани и 86 други видови прекршоци.
Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Продолжуваат да се нижат успесите за девојките од прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај-Златна рака”: Денеска освоени нови медали на турнир во Косово (ФОТО)

Денеска во Качаник, Косово, се одржа турнир во борење, каде учество зедоја и девојките од Боречкиот клуб “7-ми Мај – Златна рака” од Прилеп.

Прилепчани се закитија до две втори и две трети места, што претставува континуитет кога се во прашање освоените медали за нашиот клуб.

Со втори места се закитија Марија Велјаноска и Деспина Богеска, а третопласирани беа Тамара Цветкоска и Елена Дејкоска.

Во Качаник деновиве исто така на подготовки е и македонската женска репрзентација во борење, а меѓу борачките се и двете прилепчанки Тамара Цветкоска и Елена Дејкоска, кои се подготвуваат за престојното Балканско првенство, кое пак во мај ќе се одржи во Грција.