дома блог страница 1188

Дневна доза ARS POETICA

Марија Кулеска, поет, професор и лингвист, денес на својата социјална мрежа ја објави својата прво долга поетска творба. Таа кажува :

Се обидов инспирирана од избликнатиот трепет на онаа онаа проста и строга македонска песна, вкоренета во духот на нашата култура, да ја создадам мојата најдолга поема. Синтагмата за проста и строга македонска песна, е парадигмата, во која чука срцето на македоснкиот поет. Тоа е пулсот на дамнината поврзан со денешницата, аманет оставен од нашиот Блаже Конески. Тоа е сила која во себеси ги влечи контрастите, парадоксите, кои ги живее македонскиот народ, се до достигнувањето на една хармонична целесообразност на зборот со нашиот жив дух, нашиот темперамент, но и чувствата на тага и меланхоличност.

Користам архаични зборови и симболи кои се трасираат до митолошки значења, но и симболи кои својата спротивност ја сопоставуваат, притоа не се надминуваат и не се негираат, ниту пак се надополнуваат. Архаичниот народен збор е како шепот и вечен довик од минатото, кој доколку биде искоренет од јазичната употреба, би било како да изгубиме дел од себеси. Да не дозволиме да се случи умртвување на народниот архаичен збор. Фокусот на оваа поема освен што е онаа едноставност, создадена со многу тага, во македонските песни, исто така е поема за зборот или Ars Poetica. Зборот со својата благотворност како создавач, кој им помагал уште на средновековните маченици да се избават од мракот и да ја најдат светлината. Зборот беше тој, кој го индивидуализираше човекот. Зборот беше одраз на стремежот и сонот, преку апокрифните писанија, да се одделува индивидуата од средновековната стигматизација. Фокализацијата е интерна, се изразуваат сопствени чусвтва и емоции и се прави еден амалгам на различни симболи идеи, кои според Бахтин го изразуваат дијалогизмот, одноно отвореноста кон поширока интерпретација.

Во прилогов проследете ја поемата:

Зошто молчиш?
Кога, ноќта во својата заплеткана сенка
Бројни копнежи, крои
И, издишки скриени брои
Љубов моја, што лузни ти предизвикува ?
Та, толку мисли те навјасуваат
И толку тегоби, те сардисале
Кому сакаше, зборот твој да го дадеш ?
Кому сакаше, твојата душа со ситна надеж
Да ја оставиш, на лекомислен грабеж?
Што молчиш љубов,
Зарем успението не ти е водилка?
Дренките венеат,
Твоето молчење, го суши црвениот сок
И, твојата тегоба, ја јади душата
Зошто, го прескокна мигот
И оросени дренки кинеше ?
Зошто не го превозмогна страданието ?
За да, допреш до сушноста
И насушна да стане, онаа тегобојност
И, онаа бојазлива сенка
Што душата во ситната роса, ти ја раскина
И те распарчи во ситните капки
Зборот твој во мојот, да биде роден
Зборот твој и твојот сон
Во утробава да се зачнат,
Во единство од спротивности,
Го калемеше животот
Празното и среќното беа световно
А, полна и тажна, ти беше душата
Го љубеше постоењето на минливото
И минливото го правеше трајно
Оти велеше, времето од ѓаволот е смислено
Судбината, сакаше да ја скинеш
И во нејзините коси, забите да ги ринеш
„Пишувам, љубов испишувам “ велеше
Врз времето буквите ги пишувам
За да ги знаат, само оние кои те знаат
За да ги знаат, оние, кои душата ти ја читаат
А јас, врз хартија душаат озарена
Недозреано јаболко, ја пишував
Пред тебе да те сретнам
Мислев, дека морам, да мерам сé
Ама, секоја мерка, беше различна
И хаосот се преврти
Кога твојот збор, се појави

Зарем булките, не те будат повеќе ?
Зошто ги пишуваш буквите обратно ?
Зарем мислиш, душите ќе станат ?
Ќе ги разбудиш ли сенките заспани ?
Оние, што не можат, да се бранат
Во гората, во сончевина облеани
Зошто твојот збор во мене бесот го разбуди?
Бесот за непроспиените мајчини ноќи
Од клетоста на туѓи празни моќи
Од прашина собрана, од улици
Од лојот, во кој се препелаат
Кога, во тивки одаи, се повлекуваше
За солзи, да лее
Оти на чедото, му беше одземен сонот
Сонот, што во плевелот, го калемеше
Оти веруваше, дека и плевелот не е неплоден
Веруваше, дека грозотијата е измислица на сеништа клети
Затоа што, само зборот убавината ѝ ја вети.
Сонот, за да ги спознае длабочините.
Древен сон, што од минато го сонила
И ѝ доаѓа, да го означи
За душата, да си ја озрачи
Оти тогаш чувствува, дека не е сама
знае дека може да страда, само од својата кама
И ја разбуди, игривата живост и мечтата
Што се прпелка, во дождливи капки
И се овоплоти твојот збор со мојот збор
И тука, настана безличноста
тука се случи, оставањето на себеси
и поаѓањето кон едноличната живост
страста во човека, ја сакаше
скиселената душа, му ја бркаше
Кажи ми, љубов, кои долапи останаа празни ?
Велеше дека судбината не ти била драга
И со клети сказни
Ти даваа, маченички световни казни
Водилка ти станав, во судбинските далги
И црнилата ги откорнав
Што пелин на јазикот, ми ставаа
Црвенеам од погледот твој
А знам дека белееш, ти во духот свој
Ах, што азно носиш во себеси
А патила, патот ти го послаа
Сега, мечтите скинати
Дај ми ги да ти носам
Ќе ги зацелам
И на синија позлатена збор, ќе врежам
Среброљупците ќе загинат од зборот
Зловолните ќе се стишат
Помалку ќе зборуваат, повеќе ќе читаат
Зборот нѐ поврзува со судбински вериги
Недогледни, и неспретно се справуваме
Ама, со дланки, треба да го милуваме
Не да се обидуваме, да го престигнуваме
Да не поитуваме
Да не дозволуваме, наврапито само една вистина
Да нѐ престигне
Тука, да бидеме задоени
За, со зборот бремиња броени
Во баздења скроени
Да ги фрламе
Зошто молчиш, душо , зошто пишуваш обратно од секој?
Зарем ќе покажуваш, дека постојат вистини бројни
Зарем бледила ќе оттргнеш стројни ?
Од оној, кој не може да бега од својот неспокој
Кажи ми, песно со зборови искитена
Зошто во твоите јазли , спасот го најдува?
Па, саноќ сонот не го фаќа
Зарем зборот толку го подига духот?
Та, секој мрак во својот праоблик поитува
И зарем човек веднее глава само пред зборот ?
Зборот кој се раѓа, и останува
Врежан во духот на човека
Од праоблик свој не излегува
Ами, добива нова руба
Нова руба, што човекот ја гнаси
И бие шега со туѓата плотна мака
Ама, ја краси, кога зборува
За на човека светлина, да му донесе.

И таму, во љубењето на ноќниот зрак и росата
Во осамнувањето на тајната
Јас, ќерка на месечината бев
Седната, во мракот на бедата
Косата со свила, ми беше покриена
И сонував, дека ти бдеев над глава
Со милувалки и искри од зборови
Стравот го победував
Испишував, во ѕидиштата
Иззабени од времето
Пишував за нас
Оти немаше човек, кој може, да ја одрече љубовта
И не се родил човек, кој не доживеал животворен копнеж
Да ја оживее љубовта со збор
И зборот да го дарува секому
За осветление да не скрати никому
Кога зборува напразно

Го љубев зборот повеќе од себеси
И, во мракот, писанието неразбирливо беше
Ама, оној, кој светлина носи, го разбираше
Од таму, од мракот се раѓаше
Ѕвездата , што беше спуштена за народот
Да ја гледа и да ја чува
Ѕвездата, што триесет и еден миг, сама се обременува
И, ги распоредува во очуденото невидливото
Видливото го прави исконско
И убавото и грдото ги поврзува
Ништото со полнозначност го оплодува

Маркукуле прв дозна: Претседателот на СДСМ Прилеп е нов директор на Тутунски Комбинат

Како што веќе најавивме пред две недели, Тутунскиот Комбинат Прилеп денеска доби нов Генерален директор. На местото на досегашниот, Кире Станкоски, функцијата ќе ја обавува Зоран Пачешкоски, актуелен претседател на општинската организација на СДСМ во Прилеп.

Зоран Пачешкоски, кој беше раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп, работното место неодамна го промени со вработување во УЈП, а сега доаѓа на главното столче во комбинатот, кој оваа година бележи 150 години од своето постоење.

Според последните информации акционерите веќе го избрале Пачешкоски на денешното Годишно собрание и тој многу наскоро ќе ја преземе оваа исклучително значајна функција за во градот под Марковите Кули.

Започнува соработка меѓу земјоделските инспекторати на Македонија и Италија – заедно до повисоки стандарди во контролата на земјоделските производи

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство на Македонија м-р Станкоски Јане и директорот на Централниот инспекциски оддел за заштита на квалитетот и за заштита од измами кај земјоделско-прехранбените производи при Министерството за земјоделство, прехранбен суверенитет и шумарство на Република Италија Феличе Асентза, македонскиот и италијанскиот амбасадор, Мемеди и Силвестри, потпишаа Меморандум за разбирање во областа на контрола на земјоделски производи.

Преку овој Меморандум двете држави ќе воспостават постојан канал на соработка со цел да се подобрат стандардите за контрола на прехранбените производи, на ознаките на храната, на органските производи, на географските ознаки за вина, за ароматизирани вина, за прехранбени производи и за јаки алкохолни пијалоци и на снабдувањето на земјоделските стопанства.

Меморандумот обезбедува услови за размена на податоци, искуства и добри практики во насока на заштита на потрошувачите.

Преку размената на искуства се очекува да се зголеми ефикасноста во намалување на нивото на прекршување на законската регулатива поврзана со трговијата на прехранбени производи и со географските ознаки.

Државниот инспекторат за земјоделство ќе продолжи да ја унапредува воспоставената пракса во понатамошниот период за одржување на успешна комуникација со другите релевантни органи и институции од регионот и пошироко во Европа.

Излезе на слобода осудениот за 27. април кој на пратениците Мукоски и Василески им ги даде клучевите од портите на Собранието

По шест години поминати во затвор оти ги даде клучевите од Собранието на 27-ми април, попладнево од затворот во Скопје излезе Абдилфета Алими. Пред затворот дојдоа негови пријатели и роднини за да го пречекаат Алими. Меѓу нив беше и поранешниот лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села, објави Локално.

Aлими на крвавиот четврток му го спаси животот на Села кој речиси до смрт беше претепан од толпата која влезе во парламентот. Фета го одвлечкал онесвестениот Села во просторија во собранието и тука го криел блокирајки ја вратата со маса.

Бил цело време со Села додека не се создале услови да му помогнат медицински лица на претепаниот Села на кој кога дошол при свест му рекол да не се плаши тој му помага. Села се залагаше и јавно негодуваше затоа пто спасителот на неговиот живот доби затворска казна но тоа како што објаснија истражните органи мора затоа што Алими како собраниски обезбедувач ги имал во себе клучевите од собраниската врата кои кога толпата нагрнала ги дал за вратата да биде отворена и потоа започна крвавиот пир на 27 април.

Млад кромид и пиперка со пестициди се пуштени во промет, граѓаните јадат небезбедна храна?

МЗШВ и АХВ свесно пуштиле во промет зеленчук во кое има присуство на пестициди, вели претседателот на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство од ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.

Тој со нови докази пред македонската јавност.

„Денеска објавувам уште четири извештаи за направена анализа на зеленчук пристигнат и влезен во Македонија. Имено, станува збор за млад кромид и пиперка кои влегле во Република Македонија и веќе се наоѓаат на некој од пазарите ширум нашата држава.

Првите два извештаи направени во ДФЛ потврдуваат дека во анализите на млад кромид е детектиран недозволиво присуство на пестициди и овие два извештаи се архивирани под арховски број 10802-295/2 и 10802-296/2 од 22/05/2023 година.

Третиот и четвртиот извештај исто така издаден од ДФЛ се однесува на анализа направена на пиперка во која исто така е откриено недозволиво количество на остатоци од пестициди и овие два извештаи во интерес на вистината се со печат на министерството и архивирани под архивски број 10802-373/2 од 17/05/2023 и 10802-493/2 од 26/05/2023 година“, истакнува Трипуновски.

Документите како што рече, се јасен доказ дека во промет е пуштен зеленчук кој е крајно небезбеден и отровен. „И наместо веднаш да се реагира, АХВ праќа паушални соопштенија и се обидува да ја замајува јавноста“, рече тој.

Прашува, чиј бил интересот и колку може да биде забегана една влада свесно да пушта граѓаните да јадат небезбедна и отровна храна?

Власта, според него е најодговорна за тоа што денеска граѓаните консумираат штетна храна. И оваа тема, како што рече, не познава ниту верска, етничка, а најмалку политичка припадност.

„Оваа тема ги засега сите подеднакво, од најмалите до највозрасните. Николовски и Бабовски се главните виновници за овој голем скандал. Им порачувам на АХВ и МЗШВ наместо да демантираат, веднаш да реагираат, а Бабовски и Николовски да си поднесат неотповикливи оставки од своите позиции. За ова во демократските земји паѓаат цели влади. Воедно уште еднаш апелирам ЈО да не глуми ненадлежно и веднаш да реагира по допрен глас“, дециден е Трипуновски.

Што се случува со нашата младина? Малолетник искршил стакло од книжарница, влегол и украл пари

Денеска (29.05.2023) во 09.55 часот во Градскиот трговски центар полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради сомнение дека на 28.05.2023 во книжарница на подрачјето на Центар, со употреба на сила го скршил стаклото, влегол внатре и одзел пари.

Со малолетникот бил извршен разговор во присуство на родител и адвокат за малолетници. Известен бил Јавен обвинител, а по извршениот разговор малолетникот бил предаден на неговиот татко. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Затопли времето и се одмрзнуваат цените на земјоделските производи: Сега било се’ во ред, вели министерот Бектеши

Се одмрзнуваат цените на одделните земјоделски производи опфатени со владината мерка, чија важност истекува со последниот ден од месецов, објави министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Нема да продолжи мерката во делот на земјоделските производи, имајќи предвид дека, согласно податоците што ги имаме во Министерство за економија, повеќето од производите се со цени пониски од нивото на замрзнувањето кое сме го имале претходно“, посочи Бектеши.

Всушност, додаде, од први јуни Владата ќе реагира само во случај на забележана злоупотреба од страна на трговците. Кои, пак, и досега калкулираа, односно поради се уште актуелната мерка, добар дел од нив не ги пласираат производите со регулираните цени.

Што се однесува до инфлацијата, во делот на прехранбените производи нагло се намалува. Оттаму, министерот вели дека ќе влезе во едноцифрената зона, под десет проценти. Односно стапката ќе биде пониска од проекциите на Народната банка.

Мицкоски: Ни сега ни потоа, нема да прифатиме уставни измени под ваков бугарски диктат!

Кој е тој премиер што се колне во Југославија, работи за Бугарија, а прави пари со ДУИ?

Премиерот наместо да работи на гаранции за Македонија, оди по амбасади, коленичи и моли да не притиснеле за ВМРО ДПМНЕ да попушти. Наместо да штити државни интереси и да бара гаранција Македонија да не биде понижена, Ковачевски оди и моли да има притисок врз нас за да го прифатиме неприфатливото, порача првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, од вечерашната трибина во Делчево. Тој упати жестоки критики кон премиерот Ковачевски.

  • „И јас секогаш сум бил искрен, и наспроти сите политичари познати од лошото искуство и минато на нашиот народ кои лажеле за состојбите во кои се наоѓаме, ја кажувам вистината дека има сериозни притисоци за прифаќање на бугарскиот диктат. Мислат дека со повици за средби, со поединечни разговори ќе попуштат. Но, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и јас, единствено што сме должни да слушаме е народот на Македонија. Од власта се поклонуваат пред канцеларии и кодошат по амбасади.“ – Вели тој.

Мицкоски е категоричен. Вели дека никогаш нема да прифати да се свитка кичмата на Македонија, а на пратениците и народот им порача дека ги поддржува во истрајноста против бугарскиот диктат, за кој потсети на анкетите, кој покажуваат оти 80% од граѓаните се против уставните измени.
Под овие околности, ниту сега, ниту во иднина нема да има промена на Уставот, тврди Мицкоски.

  • „Прво, мило ми е што и самите признаваат и очекуваат дека ќе се смени власта, второ, треба да знаат дека сега и било кога потоа, овој или било кој мандат потоа, ВМРО-ДПМНЕ ниту јас ќе се согласиме на промена на Уставот под овие околности и со овој бугарски диктат. Не треба да се губи времето за работите кои ќе удрат во ѕид.“ – Истакна Мицкоски Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека помеѓу редовите на владечката СДСМ има многумина кои се против уставните измени и оти Ковачевски, како главен лобист на Бугарија, оди и против своите сопартијци.

Вели дека ќе присуствува на лидерската средба која треба да се оддржи деновиве, но, оти нема многу надеж. Му порача на премиерот на таа средба да биде свесен за времето, откако уставните измени ќе пропаднат.

Повисоки цени на дел од горивата од полноќ

Од ноќеска на полноќ нови цени на горивата.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,742 ден/кг и сега ќе изнесува 40,175 ден/кг.

Од 30.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 40,175 (денари/килограм)

MВР информира: На битолчанец му го вративме украдениот велосипед, расчистивме и кражба во нива

На 26 и 28.05.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица од општа надлежност при СВР Битола по преземени мерки и активности на подрачјето на Битола пронајдоа и им вратија на сопствениците претходно украдени предмети.

Имено, од правно лице од Битола биле одземени предмети од нива во атарот на с.Могила, а од А.Т.(31) од Битола од вело-паркинг на ул.„Столарска“ во Битола, бил одземен велосипед, негова сопственост, кои биле пронајдени и вратени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.