дома блог страница 1186

Фатен прилепчанец кој се бapaл со потepница

На 09.04.2023 на ул. „Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.В.(42) од Прилеп.

Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор од една година.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

Грст медали за пингпонгарите од ППК Mладост 96 на Државните првенства изминатиов викенд во Битола

Викендов во Битола се одржаа три Државни првенства во категории до У19, У13 и У11 години. ППК Младост96 учествуваше во две од трите категории и тоа во У19 и У13, каде членовите на клубот освоија голем број на медали.

Во У19 женски Софија Хасану која е позајмена од градскиот ривал Младост го освои второто место и стана вицешампион на Македонија. Во финалето загуби од Фани Јованоска од ППК Крушево со резултат 3-2.

Бронзен медал освои играчот на Младост96 Васе Богоеска, која во полуфиналето исто така со 3-2 загуби од државниот првак Фани Јованоска.

Во игра на двојки, државен првак стана Васе Богоеска, која со Сара Стојановска од Крива Паланка убедливо ги победија сите свои противници. Софија Хасану и Емилија Маркоска го освоија третото место и бронзениот медал.

Во игра на мешани двојки, исто така државен првак стана Софија Хасану, која со играчот на Младост, Нико Доага, го освоија убедливо првото место. Трето место освои и Васе Богоеска, која со Даниел Главевски од ППК Пелагонија, стигна до бронзениот медал.

Играа уште и Лука ОГненоски и Камелија Стојческа. Радува фактот што Лука Огненоски иако не освои медал, достојно се носи со најдобрите во младинска конкуренција, каде се пласираше во 1/8 финалето.

Во категорија У13 повторно грст медали на играчите на Младост96. Во поединечна конкуренција бронзен медал освои Мартин Ристески, кој во полуфиналето загуби од Л.Гидалов со 3-2, иако имаше водство од 2-1 во сетови. Позајмениот играч на Младост Трајче Маркоски го освои третото место и бронзениот медал.

Давид Јоноски во борба за медал загуби од Мартин Ристески во 1/4 финале. Играше уште и Огнен Илиески. Во игра на двојки Ристески-Јоноски се закитија со сребрен медал и станаа вице шампиони во таа категорија. Трето место освои Трајче Маркоски и Пармачки од Берово.

Се’ на се, одличен настап на играчите на Младост 96 на Државните првенства. Она што вреди да се напомене и одличната вест која ни ја потврди Потпретседателот на ППФМ Златко Рикалоски, дека Македонија ја доби организацијата на Европското Првенство за сениори до 21 година, кое ќе се одржи во јануари 2024 година.

ДBE намиpници се нajдобpиот лек за виcoк пpитиcoк

Овие две намирници се најдобриот природен лек при проблемите со висок притисок.

Цимет

Неколку истражувања потврдија дека систоличкиот (голем) и дијастоличкиот (мал) притисок кај возрасните лица се намалува со помош на познатиот миризлив зачин – циметот.

Доколку додадете по половина лажичка цимет во вашата дневна исхрана, полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок.

Циметот не е познат само како вкусен зачин, туку и како извор на витамини и минерали. Тој содржи калциум, железо, манган, витамин Ц и витамин К, а исто така и диететски влакна, па оттаму доаѓаат и неговите здравствени бенефиции.

Еве дел од нив:

Во комбинација со мед го зајакнува имунитетот. Цимет со мед е не само вкусна, туку и моќна комбинација којашто се користи и како природен лек.

Ја поттикнува работата на мозокот. Истражувањата покажале дека мирисот на цимет може да ги подобри когнитивните способности, меморијата, извршувањето на одредени задачи и да ја зголеми будноста и концентрацијата. Во експериментите биле користени гуми за џвакање со вкус на цимет или ароматизирани свеќи.

Лук

Овој здрав продукт речиси веднаш го намалува висoкиот крвен притисок. Лукот делува на крвните садови така што ги опушта и ги проширува поради што крвта циркулира полесно и на тој начин се намалува притисокот.

За инстант ефект и за моментално намалување на притисокот јадете свеж лук со леб или пак ставете исечкан лук во салатата или во јадењето.

Лукот е еден од најпопуларните лековити зеленчуци.

И покрај својот јак и, за некои лица непријатен мирис, лукот уште од многу одамна се користел како здрава храна, но и како лек.

Лукот е и антиоксиданс, бидејќи е богат со аминокиселини кои содржат сулфур.

Како најпопуларен лековит зеленчук на традиционалната медицина, лукот во втората половина од минатиот век станал објект на бројни научни истражувања. Овие истражувања ја потврдиле неговата сестрана лековитост.

Денеска се празнува Велик Понеделник – Oва е значењето на денот

На светиот и велики понеделник, се сеќаваме на блажениот Јосиф, прекрасниот; се сеќаваме и, на од Господа проколнатата, исушена смоква. Почнуваат светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, а пред тоа, како на Негов праобраз, се сеќаваме на прекрасниот Јосиф.

Јосиф беше син на патријархот Јаков, син којшто му го роди Рахила. Омразен од своите браќа, заради некои сновиденија, Јосиф прво бива фрлен, од нив, во длабока јама, за потоа браќата, со крвавата облека, да го мамат татка си, дека Јосифа го растргнале ѕверовите. Потем, за триесет сребреници Јосиф бива продаден на Исмаилќаните, коишто повторно го препродаваат на Петефриј, управникот на евнусите кај египетскиот цар – фараонот.

Кога фараоновата госпоѓа безумно се нафрлила на целомудрениот младич Јосиф, тој, несакајќи да направи безаконие, побегнал, оставајќи ја својата наметка. Таа го наклеветила пред господарот, и Јосиф бива фрлен во окови и мрачен затвор. Потоа, поради толкувањето на соништата го изведуваат од затворот, го претставуваат пред царот, и Јосиф постанува господар на сета египетска земја. На крајот, при продавањето на пченицата, им се открива на своите браќа и благочестиво проживувајќи го целиот живот, умира во Египет, бивајќи сметан, покрај другите доблести, и за голем во целомудреноста.

Тој е праобраз на Христа, бидејќи и Христос страда од Неговите соплеменици, ученикот го продава за триесет сребреници, го фрлаат во темна, мрачна јама – во гроб, од кадешто самовласно станувајќи, се зацари над Египет, т.е. над секој грев, и целосно победувајќи го, владее над целиот свет и според човекољубието нè искупува со таинственото давање пченица (леб), предавајќи се Самиот Себеси за нас и хранејќи нè со лебот небесен – Своето животоносно Тело. Од тие причини, сега се спомнува прекрасниот Јосиф. Заедно со тоа се сеќаваме и на исушената смоква од светото Евангелие, бидејќи божествените Евангелисти, токму Матеј и Марко, говорат за тоа веднаш после спомнувањето на гранчињата.

Таинственото толкување на Исидор Пелусиот е дека смоквата е дрвото на непослушанието, чиишто листови престапниците ги употребиле за покривање. Причината за споредбата на гревот со смоквата е очигледен, бидејќи и гревот дава пријатно задоволство – гревовна наслада, но потоа доаѓа – горчината на совеста. Всушност, отците тука го ставаат расказот за смоквата заради умиление, како и расказот за Јосиф – бидејќи е праобраз на Христа. (Неплодна) смоква е секоја душа на којашто ѝ е туѓ секој духовен плод, којашто Господ наутро, т.е. после овој живот, не наоѓајќи се Себе во неа, ја исушува со клетва и ја фрла во оган вечен – и таа постанува како некаков исушен столб, којшто ги застрашува оние, коишто не донесуваат плодови достојни на доблести.

Прва и втора награда од Државниот натпревар за млади природници и техничари за учениците од ООУ “Кире Гаврилоски” од Прилеп

Денеска во СОУ “Коле Неделкоски” во Велес се одржа 60. Државен натпревар на млади природници и техничари, на кој учество зедоја повеќе ученици од прилепските училишта, а од ООУ “Кире Гаврилоски”, наградени беа учениците:
Учениците се натпреваруваа во следните области и ги освоија наградите:

Во областа екологија, Иван Синадиноски од 7 одделение освои прва награда. Негов ментор беше професорката Маја Мојсоска

Во областа кино и видео техника, Христијан Лазоски од 9 одделение се закити со втора награда, а негов ментор беше професорот Гоце Димески.

Во градежништво и архитектура, Андреј Тошески од 9 одделение се стекна со Пофалница.

Честитки за учениците и нивните ментори, им посакуваме уште поголеми успеси во иднина!

Нема ништо поубаво од дечиња кои ги негуваат македонските обичаи: Погледнете ги Лазарките од струшко Луково (ВИДЕО)

Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос.

Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни.

Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната. Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок

Обичајот Лазарки, најзастапен во Радожда, Враништа, Вевчани и во Луково, а токму од струшко Луково е и видеото во продолжение. Навистина е убаво кога ќе се видат деца кои ги почитуваат и негуваат вековните македонски и христијански обичаи.

Со фуриозен старт и фокусираност во сите 60 минути, прилепчани се радуваа на нова победа на гости во Радовиш

Ракометарите на РК Прилеп забележаа уште една победа во плеј-аут сегментот на ракометната Супер лига, откако вечерва на гости триумфираа кај Радовиш со 17:19.

Прилепчани имаа фуриозен старт на натпреварот, но по почетните 0:6, радовишани се подразбудија и се вратија во натпреварот, па дури и успеаја да израмнат на 8:8 пред крајот на првиот дел.

Но, избраниците на Реваз Чантурија не дозволија промена на резултатот во корист на домаќините, па продолжија во добар ритам до крајот на натпреварот.

Радовиш во неколку наврати во второто полувреме доаѓаше на гол разлика, но никако не успеваа да го скршат духот на гостите за кои само триумф беше успех од овој натпревар.

Во екипата на РК Прилеп најуспешен беше Давор Шокоски со 6 погодоци, додека Христи Бикоски постигна 4.

Со овој триумф Прилеп сега има 17 бодови на третото место од табелата, а веќе во среда ќе го дочекаат тимот на РК Скопје, кој го предводи прилепскиот стратег Горан Кузманоски – Таста.

Кој би рекол – Снуп Дог е генијалец: Раперот со исклучително висок коефициент на интелигенција

Рап иконата Снуп Дог откри дека има исклучително висок коефициент на интелигенција што во споредба со останатите Американци го прави генијалец.

Уште во 2020 година, раперот ги потврди шпекулациите за тоа колку навистина бил неговиот коефициент на интелигенција.

Она што е интересно, според извештајот за интелигенција на нациите од 2019, просечниот коефициент на Американците е 97.43. Но истражувањата кои следеа после овој извештај потврдуваат дека овој коефициент е дефинитивно понизок од 89, пренесува LadBible. Toa значи дека оние кои имаат коефициент од 130 се вистински генијалци.

Епа верувале или не коефициентот на Снуп е 147. Земајќи ја во предвид неговата успешна музичка кариера со 19 албуми, неговите успеси како актер, како и неговите успеси во светот на бизнисот каде успешно управува неколку компании – ова и не е некое големо изненадување.

Mладите научници од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп oдлични на Државниот натпревар за млади техничари и природници (Фото галерија)

Денес 09.04.2023 година во ССОУ ”Коле Неделковски” од Велес, се одржа 60-от јубилеен државен натпревар на младите техничари и природници во организација на Сојузот на клубови на млади техничари и природници и Народна техника на Македонија.

На натпреварот задоа учество ученици од OOУ “Гоце Делчев” од Прилеп, кои многу успешно се претставија во своите области и освоија бројни награди.

Под менторство на наставник-ментор м-р Кети Иваноска, Емили Иваноска од IX одделение се натпреваруваше во областа применета хемија и како најдобра во својата конкуренција многу заслужно го освои првото место и се закити со златен медал. Михајло Обрадовиќ од VIII одделение се натпреваруваше во областа агротехника и освои второ место и сребрен медал.

rbt

Ученичката Софија Димитриеска од IX одделение се натпреваруваше во областа применета математика и освои второ место и сребрен медал, исто така и Михаил Ѓорѓиески IX одделение – роботика, второ место, сребрен медал, под менторство на наставничката Милена Димитриеска.

На натпреварот учествуваа и Теодора Крстеска од IX одделение во областа применета физика и Симона Тасеска од IX одделение-применета географија, под менторство на наставникот Христијан Граороски.

rbt

Им честитаме на младите научници за освоените награди на Државниот натпревари им посакуваме уште поголеми успеси во иднина!

Победа декласирана сред Прилеп: Неизвесен опстанокот во Прва лига

Шкупи ја зациментира Победа на последната позиција од табелата.

Веќе е смешно да се бара еден виновник, особено кога мрежата е полна и губите со 0-6 на домашен терен. Има ли вина во дефанзивниот ред кој неуспеа да одбрани ниту еден напад на гостите или пак нападот кој не беше ни блиску до поентирање? Или пак управата на клубот? Постои ли стратегија за опстанок? Постои ли план за натпреварите кои следуваат до крајот на сезоната? Има ли надеж за прилепска Победа?

Па макар тоа бил и Шкупи кој се бори за титула, мора сите да признаеме – 6 гола се премногу!

Се вели дека најмногу се учи во поразите, затоа е потребна детална анализа и насочување на фокусот во следните натпревари. Следното коло прилепчани гостуваат во Струга, клуб кој се наоѓа на врвот на табелата.