дома блог страница 1181

Забавувајте се и донирајте! Хуманитарен концерт во центарот на Прилеп на ден пред Велигден

Во организација на “Дрим Тим – од деца за деца”, во сабота на ден пред Велигден, на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” во Прилеп, ќе се одржи хуманитарен концерт.

-И оваа година традиционално во Сабота 15.04.2023 година со почеток од 10:00 до 15:00часот, со програма која овој пат нема да откриеме, затоа ве повикуваме да дојдете, забавувате и повторно да покажеме дека Прилеп е град на хуманоста. Дел од средствата ќе бидат наменети за малиот Михаил од нашиот град, а дел ќе одат за други болни лица – стои во настанот на социјалните мрежи.

Забавувајте се и донирајте!

(ФОТО) Новиот министер за здравство како Тодоров на времето: Појде во ненајавена посета во прилепската болница, ама се’ било во ред

-Министерот Меџити изврши ненајавена посета на ОБ Прилеп, како дел од неговиот план за посета на сите регионални болници. ОБ Прилеп покажа дека сериозно и напорно работела на подобрување на квалитетот на здравствените услуги. Оваа здравствена установа, заедно со здравствените работници во неа претставуваат пример дека добро управување доведува до резултати и задоволни пациенти – стои во соопштението на Министерството за здравство.

Видео кое неколку години по ред го обиколува светот меѓу православните верници

“Црвено бело, дебело, здраво, живо, весело….” Преслатко македонско детенце за крај на овој празничен ден.

Одpeден пpитвop за жител од битолско кој се caмозадовoлyвал пpeд малолетници

Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Ц.М.(61) од с.Црнобуки, битолско, поради основано на сомнение дека сторил кривично дело по чл. 190 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека на 11.04.2023 се самозадоволувал на јавно место во селото, пред малолетни лица. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор.

Важно известување до прилепчани од Јавниот градски превоз: Во овие денови за празниците возењето ќе биде бесплатно

Јавениот Градски Превоз при ЈП за ПУП Прилеп информира:

Автобусите на Јавниот Градски Превоз ќе го имаат следниот возен ред на сите линии за време на престојниот празник Велигден.

14.04(Петок) – Неделна (вонредна) линија од 6.30 h до 12.30 h од (Н.Гробишта); 15.04(Сабота) – Сите три линии од 6.30 h до 15.30 h

16.04(Недела) – Неделна (вонредна) линија од 6.30 h до 14.00 h од (Н.Гробишта); 17.04(Понеделник) – Неделна (вонредна) линија од 6.30 h до 14.00 h од (Н.Гробишта)

По барање на граѓаните, Јавниот Градски Превоз при ЈП за ПУП во соработка со Општина Прилеп донесе одлука во деновите Недела и Понеделник превозот ќе биде бесплатен за сите корисници на јавниот градски превоз.

Два пати пееше во “Ѕвездите на Гранд”, а на втор ден Велигден ќе ги забавува прилепчани во манастирот Св. Петар и Павле во с. Дуње

На втор ден Велигден, во манастирот Св. Петар и Павле во прилепско село Дуње, ќе се одржи божествена литургија и ќе се служи празничен ручек.

Домаќини се семејството Настоски од Прилеп кои ги покануваат сите верници и добронамерници да го посетат манастирот и да го поминат овој празничен ден во недопрената природа на Мариово.

За забавата на гостите ќе се погрижат Аце Бенд и Џени Окело, пејачката која два пати настапуваше на најпознатото балканско талент шоу “Ѕвездите на Гранд”.

Литургијата започнува во 10часот, а исто така обезбеден е и организиран превоз со тргнување од 9часот од пред “Стерна” – Прилепско поле.

За сите имаше по нешто: ООУ “Кире Гаврилоски” од Прилеп традиционално го организираше Велигденскиот панаѓур (Фото галерија)

ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ од Прилеп и оваа година традиционално се вклучи во претпразничните активности по повод најголемиот православен празник Велигден.

Во кругот на училиштетото, колективот заедно со родителите, и најважно со учениците го организираа „Велигденскиот панаѓур“ каде посетителите имаа можност да видат, да набават креации, изработки, храна, приготвени од вредните детски раце во духот на празникот.

Панаѓурот беше посетен од голем број граѓани кои задоволни си заминаа дома со по некој украс.

Партерно се уредуваат улиците “Македонски гемиџии” и “Булевар 1 Мај” во Битола (ФОТО)

Денес започнаа работните активности на улицата „Македонски гемиџии“, каде се врши уредување на пешачка патека на површина од 425 м2 – информираат од општина Битола.

Станува збор за доста фреквентен простор, каде со уредувањето и функционалното сообраќајно поврзување ќе се зголеми безбедноста за пешаците и жителите од повеќе населби кои гравитираат кон овој дел на градот, меѓу кои населбите Карпош, Кланица, Јенимаале, како и движењето кон воспитно образовните институции од овој дел, како што се: детската градинка “Вангел Мајоро“ и ОУ Коле Канински.

Паралелно партерно се уредува и дел од улица „Булевар 1 ви Мај“, на површина од 230 метри квадратни. Вкупната површина, на која општина Битола, врши партерно уредување и уредување на тротоар патеката изнесува 655 метри квадратни – стои во соопштението од општина Битола.

На 40-години е тренер-играч и синоќа му покажа на Скопје дека се’ уште знае како треба: Прилепчани се радуваа на нов триумф

Екипата на РК Прилеп забележа нов триумф, откако синоќа на домашен терен со 19:18 го победи Скопје, кој е предводен од прилепскиот стратег Горан Кузманоски-Таста.

Во натпревар кој се играше гол за гол и беше речиси изедначено во сите 60 минути, прилепчани разликата ја направија во самиот финиш кога заводија со 2 гола разлика, 19-17, па Скопје имаше сила само за уште еден погодок до крајот.

Најзаслужен за овој триумф е играчот-тренер на прилепчани, Реваз Чантурија, кој на 40-годишна возраст постигна 6 погодоци.

РК Прилеп сега со по 20 освоени бода со Куманово, се наоѓаат на делба на второто место на табелата од плеј-аут сегментот на Супер лигата, а пред нив е само Голден Арт, кој има 21 бод.

Наредниот натпревар прилепчани го играат на гости во Струга веќе во сабота.

(ВИДЕО) На Ламбе му подapиja кибpит: “Ќе ми се најде во животот”, рече пејачот

Водителот Мими Марковски му подарува кибрит на пејачот Ламбе Алабаковски, и му вели: Може ќе ти се најде некогаш пак во животот!

Палењето на влезната врата на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола претставуваше нов пресек во кариерата на битолскиот пејач Ламбе Алабаковски.

Очигледно, еуфоријата во Градот на конзулите за потегот на Ламбе сѐ уште е на високо ниво. Тоа се гледа и по најновото негово гостување во поткастот на Мими Марковски, кога водителот му подарува кибрит, и му вели: Може ќе ти се најде некогаш пак во животот!

Ламбе ја сфати шегата и го прими подарокот. Видеото погледнете го ТУКА