дома блог страница 1182

Ќе одговараш, му порача Николоски на Груби за правењето договор за автопати врз непостоечки закони

Јавноста е најмногу разбранувана во понеделникот кога отворив дебата околу сознанија кои се покажаа како точни. Ќе објавам сега една страна од договорот. Она што го пишува на оваа страница досатвена до мене од свиркачи е следно. Ако сега станува збор за пет дена работа по 8 часа, овој договор предвидува пет дена по 12 часа. Поедноставено ако не се усвои закон за експлоатација и робовладетелство или ако работниците не работат како робови граѓаните ќе платат еднократно 53 милиони евра, или 2.165.000 евра секој месец, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа говорејќи како што рече за „вистината за скандалот на векот околу изградбата на автопатите“.

Николоски укажа и други детали.

„Согласно истиот договор Македонија ќе ги плати овие пари доколку законот за 60 часовна работна недела не се донесе во рок од 45 дена по потпишување на договорот со Бехтел и Енка. Пишува дека дури и да се донесе законот после овие 45 дена сумата од 53 милиони евра сепак ќе се плати“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека веднаш по обелоденување на овие детали веднаш следеа реакции и од Димитар Ковачевски и од Артан Груби. Но, додаде тој, граѓаните ем ќе плаќаат пенали, ем нема да има автопати знаејќи како работат овие од власта.

„Значи прво, нема да има ни А од автопати, и второ направено е кривично дело. Избран е изведувач со договор без тендер, ќе беше далеку потранспарентно и се да беше на тендер. Прблематичен дел е што Владата наравила договор на непостоечки закони во Македонија, па сега им текнало и ќе менуваат закони“, рече Николски.

Или, укажа Николоски, има прво, злоупотреба на службена долност и второ, рушење на правен и уставен поредок, направен е договор на непостоечки закони.

„Договорот е донесен на непсотоечки закони, или договорот е од 8 март, а законите ќе поминат по 20 април или дури и да се усвојат или да не усвојат Груби ќе одговара. 45 дена од потпишување на договорот поминуваат по 20 април, 21, 22 април, а на 23 април сите граѓани на Македонија за ништо ќе треба да платат 53 милиони евра, значи без иградба, без почната изградба на автопати“, изјави Николоски.

Денеска е Велики четврток: Еве каква симболика има бојадисувањето на црвени јајца

Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.

Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници.

За тоа сведочи Светото предание. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со поздравот Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!

Според Светото предание се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.

Во прилепско Мраморани пpoнajдени минофpлачи од Прва cветcка вojна

На 11.04.2023 во СВР Битола, А.П.(50) од Прилеп пријавил дека во с.Мраморани, прилепско, пронашол предмети кои наликувале на гранати.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола излегол на местото и било констатирано дека се работи за осум парчиња мини минофрлачи калибар 75мм од Првата светска војна.

Пронајдените минофрлачи биле подигнати за понатамошна постапка.

Прилепчанец нaпaднaт во неговиот дом од двајца сограѓани, потоа му го оштeтилe возилото

Денеска (12.04.2023) во ОВР Прилеп, Ф.М.(34) од Прилеп пpиjaвил дека во неговиот дом со yпотpeба на дрвени и метални предмети бил физички нападнат од Б.А. и З.А. од Прилеп, по што го оштетиле и неговото патничко возило „форд“.

Се преземаат мерки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат од ОВР Прилеп.

Најдобриот метод за да имате блескаво црвени велигденски јајца

Црвената боја ја симболизира пролеаната крв на Исус Христос за време на мачењето и распнувањето на Велики петок. Првото јајце, чуварот, мора да биде обоено црвено, додека вие одлучувате за другите.

Денес постојат многу техники за бојадисување и бојадисување на велигденските јајца, а повеќето од нив вклучуваат вештачки бои. Меѓутоа, ако преферирате природни варијанти, најдовме начин да добиете убава црвена боја без да користите капка хемија.

Сок од цреша – Ако сакате вашите црвени јајца да имаат исклучително интензивна црвена боја, користете сок од цреша. Постапката е иста како кај кромидот – во шерпа ставете јајца, прелијте со сок од вишни, со малку сол и оцет. Во сокот сварете ги јајцата и оставете да се изладат.

Можете исто така да користите цвекло – Сок од цвекло оставен во вашата тегла откако ќе јадете сочно овошје. Постапката е иста како и за сок од цреша. Ако сакате понежни нијанси на црвено, разредете го сокот од репка со малку вода.

Макрон: “Ние и требаме на Америка”

Додека коментарите на францускиот претседател по неговата посета на Кина продолжуваат да одекнуваат низ Европа, вознемирените официјални лица во централниот и источниот дел на блокот бараат од него да престане да ги оддалечува од Америка, пишува Политико.

– Без стратешка автономија, Европа ризикува да излезе од историјата – изјави во неделата Емануел Макрон, наведувајќи дека Стариот континент може да биде „третиот пол“ во односот меѓу САД и Кина.

Емануел Макрон ги потресе сојузниците во источниот дел на Европската унија по посетата на Кина минатата недела, кога го предупреди континентот да не се меша во американско-кинескиот спор околу Тајван, молејќи ги своите соседи да избегнат да станат „вазали“ на Вашингтон и Пекинг.

Неговите коментари ги вознемирија оние во близина на источниот раб на ЕУ кои историски фаворизираа поблиски врски со Америка – особено во одбраната.

– Наместо градење стратешка автономија од САД, предлагам стратешко партнерство со САД – изјави во вторникот полскиот премиер пред да замине во тридневна посета на САД.

– Не можеме да ја разбереме позицијата (на Макрон) за трансатлантските односи во овие многу предизвикувачки времиња. Ние како ЕУ треба да бидеме обединети. За жал, оваа посета и француските забелешки по неа не се од помош – изјави за „Политико“ неименуван дипломат од Источна Европа.

Апceње на улица “Пере Тошев” во Прилеп: Пpи пpeтpec на возило полициjaта пpoнaшла прaшкacта материја кај прилепчанец

На 12.04.2023 на ул„Пере Тошев“ во Прилеп, полициcки cлyжбеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од cлобода Е.Ш.(35) и Е.Р.(35), двајцата од Прилеп.

При пpeглед на патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од Е.Ш., а сопатник бил Е.Р.(35), кај Е.Ш. била пpoнajдена и одземена пpaшкacта матepиja.

По документиpaње на cлyчajoт ќе следува соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.

Прилепските каратисти од БОНСАИ направија жетва на медали на Државното првенство за деца

На Државното првенство во карате за деца од 10-13 години, карате клубот “Бонсаи” од Прилеп освои 20 медали.

Натпреварот се одржа во Крива Паланка, на 8. април, каде каратистите од Прилеп го прикажаа максимумот што го работеа на тренинзите и се покажаа во одлично светло.

-Со освоените места, нашите каратисти се пласираа за Балканското Првенство, кое во мај ќе се одржи во Бар, Црна Гора – информираат од прилепскиот карате клуб.

Вечерва сите во “Ричко”, прилепчани атакуваат на нова победа

По победата на гости кај Радовиш и на домашен терен против Куманово, вечерва екипата на РК Прилеп го дочекува Скопје, кој е предводен од прилепскиот стратег Горан Кузманоски – Таста.

Натпреварот се игра со почеток од 20часот во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, а од екипата на РК Прилеп бараат поддршка од сите вљубеници во ракометот.

Прилепчани во моментов се наоѓаат на третото место на табелата во плеј-аут сегментот и имаат 17 бода.

Прилепчанец се возел во такси и во себе носел 4.000 капcyли тpaмадол

На 11.04.2023 на патот Градско-Прилеп (превој Плетвар), полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г.Ј.(54) од Прилеп и З.Р.(53) од Прилеп.

При преглед на патничко такси возило „ауди а4“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј., во кое се превезувал З.Р., биле пронајдени ќеси со 4.000 капсули трамадол без документација.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.