дома блог страница 1173

Полни раце работа за полицијата во Битола во текот на вчерашниот ден: Апсења за кражба во хотел и куќа, дрога, сообраќајна незгода, повреден моторциклист

Извадоци од полицискиот билтен на МВР

-На 09.06.2023 во 17.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Р.(33) и Ј.И.(35), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека извршиле тешка кражба во хотел во Битола, при што одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 09.06.2023 во 19.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Б.В.(23) од Битола. Тој се сомничи дека околу 14.00 часот со употреба на сила влегол во куќа на ул.„Караорман“ во Битола, при што одзел повеќе предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-СВР Битола поднесе кривична пријава против З.М.(54) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле марихуана и две дигитални ваги.

-На 10.06.2023 во 02.31 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„4 Ноември“, ул.„Карпош“ и ул.„Кичево“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.П.(41) од Битола и мотоцикл „хонда“ рез регистарски ознаки, управуван од И.Ф.(33) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

МВР со детали за синоќешната трагедија во Прилеп во која животот го загуби 42-годишна прилепчанка

На 09.06.2023 околу 19.45 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(54) од с.Славеј, прилепско, удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп.

Од здобиените повреди на местото починала А.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција – информираат од ОВР Прилеп.

Маркукуле синоќа извести дека сообраќајната несреќа се случила во близина на поранешната фабрика “Металец”.

Цел град претворен во театар: Започна 57-то издание на МТФ “Војдан Чернодрински” во Прилеп

Новиот концепт на уметничкиот директор на театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински”, Ана Стојаноска, го претвори синоќа Прилеп во една голема сцена, а на 57-то издание на фестивалот му даде една посебност и големина. Наместо во салата на Центарот за култура “Марко Цепенков”, театарскиот фестивал беше отворен пред оваа установа.

Се доделија наградите за животно дело на великаните на македонското глумиште, Петар Темелковски и Петар Мирчески, а потоа спектакуларно, со пуштање балони во воздух беше означен стартот на седумдневната културна манифестација, во која некој за прв пат вака се вложи, и чие издание годинава со сигурност ќе се памети уште долго.

“Војдан Чернодрински” започна со претставата „Нема струја за електричниот стол“ од велешкиот театар „Јордан Хаџиконстатинов – Џинот“, а на официјалната програма се девет престави.

Но, покрај на театарските штици, фестивалот опфаќа и голем број активности на отворено, па така вчера пред почетокот група оригинални пантомимичари го привлекоа вниманието на најмладите, а перформанси се случуваа и на “Могилата на непобедените” и пред Градската Саат кула.

Програмата и сите активности на 57-то издание на МТФ “Војдан Чернодрински”, следете ги на следниот линк: https://www.facebook.com/cernodrinski

Неверојатни 37.000 денари К-15 за вработените од „КАМ маркет“

Најпосакуваниот работодавач во категоријата маркети за 2022 година најави дека регресот за годишен одмор, наменет за вработените во „Кам маркет“, годинава е во износ од 37.600 денари.

Тој е за 14 насто повисок од ланскиотг , а за 175 проценти е над законски утврдениот минимален износ на популарниот К-15, јавува порталот „Пари“.

Инаку „КАМ маркет“ обезбедува бесплатен превоз за вработените во маркетите, кои живеат на адреса повеќе од пет километри оддалечена од работното место, колективно осигурување за сите вработени, топол оброк за работно ангажираните во Логистичкиот центар…

Тунески распали по СДСМ: Пачешкоски направи трансфер на сезоната (ВИДЕО)

Додека народот едвај врзува крај со крај, во оваа тешка економска криза која како резултат на лошите политики на централната власт, затвори голем број на бизниси и остави народ на улица, челниците на СДСМ, аздисуваат од едно на друго работно место – истакна на прес конференција претседателот на УМС ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Христијан Тунески.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

-Најдобар пример за тоа е претседателот на Општинската организација на СДСМ во Прилеп, Зоран Пачешкоски. Откако „ја среди работата“ со Подрачната единица на Министерството за земјоделие во Прилеп, како раководител, направи трансфер на сезоната во Управата за јавни приходи. Истиот Пачешкоски наместо да се занимава со незадоволните земјоделци кои мака мачат со производството, во време на прескапа струја, репроматеријали, задоценти мерки и речиси никаква помош од државата, здивна извесен период во УЈП и добро се одмори.

На крај откако му помина медениот месец во УЈП, Зоран Пачешкоски прави уште еден голем трансфер и застанува овој пат на чело на прилепскиот Тутунски комбинат. Каков безобразлук и бесрамно партизирање на институциите?!

Сосема легитимно, е во овој момент да се постави прашањето која е идејата на криминалната централна власт со ваквиот потег? Ако се има предвид дека СДСМ и ДУИ, освен што вршат масовен грабеж врз грбот на обичниот граѓанин и тргнуваат со националните интереси, одговорот ќе го дознаеме во некое идно време. Дали на повидок е уништување на Тутунскиот комбинат по 150 години негово постоење и нов бомбона бизнис, преку негово продавање, останува да видиме?

Почитувани, централната власт предводена од СДСМ единствено се грижи за своите челници и функционери, преку доделување на атрактивни работни позиции, и овозможување услови за развој на бизниси за струја и марихуана, на лица блиски со власта. После смена на централната власт и доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, работите ќе се вратат во нормала. Ќе биде ставен крај на беззаконието, хаосот и нередот кој СДСМ и ДУИ го практикуваат.

TРАГЕДИЈА ВЕЧЕРВА ВО ПРИЛЕП: Возач на автомобил прегазил жена на велосипед и избегал од местото на настанот

Маркукуле дознава дека вечерва околу 21ч. на улицата “Александар Македонски” кај поранешната фабрика “Металец” се случила сообраќајна несреќа, во која возач на автомобил удрил во повозрасна жена на велосипед.

Според информациите жената им подлегнала на повредите, а возачот се дал во бегство.

Повеќе информации подоцна!

Забава со Биби и вкусни палачинки: Олку деца во Прилеп на едно место одамна немало – најдобрите ученици добија пофалници (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

На камената бина во центарот на Прилеп, крајот на учебната година денеска се одбележа со манифестацијата „Палачинкијада“, настан кој се возобнови минатата година.

Стотици дечиња со нивните родители, баби, дедовци… се собраа на едно место и се забавуваа со музичката програма на “Биби и Боби”, a потоа си каснаа и вкусни палачинки.

На настанот беше присутен и градоначалникот на општина Прилеп, кој на најдобрите ученици од училиштата симболично им додели благодарници.

Мицкоски од Охрид порача дека СДСМ е развластена, а дека ДУИ оди во опозиција

„СДСМ држи состаноци за да најде начин како да му каже на членството дека ја губат власта, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од партиската трибина во Охрид.

„Тргнете ги на страна оние еуфорични соопштенија на СДС, оние вештачки гушкања на темата уставни измени и изнасилени радости на партијата на власт која панично ја шират лагата дека ВМРО-ДПМН наводно им ги прифатила уставните измени кои се последица на бугарскиот диктат. Сосема свесно ги оставив да го дуваат балонот, затоа што веднаш зад аголот се гледа дека ја промашија работата и како меур од сапунуца им се распрсна оваа лага“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Охрид насловена „Политики за силна култура и развиен туризам“.

Тој додаде дека ако навистина ВМРО-ДПМНЕ ги прифатела уставните измени тогаш власта ќе славела.

„Ако навистина им ги прифативме тие уставни измени како што сега тврдат во средата ќе отвореа шампанско и ќе славеа, а во четвртокот ќе ставеа точка на дневен ред во Собранието за уставни измени. И наместо сето ова тие денес држат состанок за тоа како да му кажат на членството дека ја губат власта“, дециден е Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека сосема видливо е дека немаат мнозинство за уставни измени кои ги туркаат под бугарски диктат и дека цела година лажеа дека ќе обезбедат пратеници, па кодошеа по светот и пред амбасадори каде ги молеа да превземат чекори и направат притисок, но се им падна во вода.

Штипјанец сред бел ден шета со оружје и стрела животни, соседите преплашени (ВИДЕО)

Во Штип среде бел ден, во населена средина возрасен човек шета со оружје, нишани и стрела во животни за да ги осакати и убие, при што е сериозно повредена мачка на негови комшии – објави здружението за заштита на животните Анима Мунди на својот профил на Фејсбук, заедно со куса снимка што ја добило од граѓани.

-До кога секој силеџија и социопат ќе чувствува комодитет да стрела по животни, знаејќи дека за делото нема да одговара? Или во насилството врз животните ќе препознаеме девијација, или ќе го препознаеме дури тогаш кога ќе ескалира и врз луѓе. Куса снимка од ова лице, кое лежерно и без трошка страв пукало по што ќе му текне, кршејќи најстрого закон, ни пуштија жители од населбата, преплашени за својата безбедност, но за и безбедноста на своите миленици. Среде бел ден е предизвикана сериозна опасност на јавноста и мачени се и убивани животни, што се кривични дела за што е потребно итно постапување на надлежните и најстрога казна за сторителите, побара Анима Мунди.

Јовчески и Бочварски ставија потпис: Започна рехабилитацијата на улицата “Леце Котески” во Прилеп (ФОТО)

Денеска во Прилеп започнаа активностите за рехабилитација на една од најфрекфрентните улици, улицата “Леце Котески”, со инвестициона вредност од преку 47 милиони денари, обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски – напиша на ФБ министерот Благој Бочварски.

-Се работи за целосна рехабилитација на улицата како и изградба на нова велосипедска и пешачка патека. Ја модернизираме патната мрежа и ја подигнуваме безбедноста во овој дел од градот. Денеска со градоначалникот на Прилеп Јовчески го потпишавме договорот за имплежентација и извршивме увид во започнатите работи. Повикуваме на трпеливост на возачите, а тимовите на изведувачите и надзорниот орган ќе работат со целиот свој капацитет на завршување на овој проект во предвидениот рок – напиша Бочварски.

-Убава вест за сите наши граѓани од Општина Прилеп. Нашата Локална самоуправа ги спроведе сите технички документации и после година и половина чекање, конечно дојдовме до фаза на почеток на градежните работи на овој наш значаен влез на градот кој што не поврзува со општина Крушево – рече градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.