дома блог страница 1172

Eве која мерка на претпазливост ја доби полицискиот службеник, кој со автомобил ја усмрти 42-годишната прилепчанка

Секторот за внатрешни работи Битола – Полициска станица Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Д.П.(26) од с.Славеј, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, по член 300 и член 301 од Кривичниот законик.

На 09.06.2023 околу 19.45 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, пријавениот со патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп и го напуштил местото, а од здобиените повреди А.Ц. починала на местото.

Подоцна, во полициска станица неговиот татко Р.П.(54) пријавил дека го управувал возилото, но по преземени мерки било утврдено дека Д.П. го управувал возилото. Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

Според информациите на Маркукуле, на Д.П. му е одреден осумдневен куќен притвор.

Николоски: Двотретинско мнозинство за уставни измени под бугарски диктат нема, ајде на избори веднаш, народот е врховен судија во политиката

2/3 ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА, АЈДЕ НА ИЗБОРИ ВЕДНАШ, НАРОДОТ Е ВРХОВЕН СУДИЈА ВО ПОЛИТИКАТА
Македонија пропаѓа затоа што двоецот Ковачевски Ахмети наместо да нуди решенија неуспешно се занимава со спинови и подметнувања. Носат национални предавства пробуваат да ги покријат со невешт ПР. Не оди тоа! А, секогаш вистината е најлесна – напиша на ФБ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Неколку збора за вистината- цела година ја лажат јавноста дека преговараат со пратенции од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, имале па немале, ги делат луѓето на проЕУ и антиЕУ, прогресивни и регресивни, вакви и такви, а вистината е желба за ден повеќе криминална власт!
2/3 во Собранието немаат и никогаш нема да имаат! Од ВМРО ДПМНЕ подршка за уставни измени под Бугарски диктат нема и нема да има! Најдобар доказа за ова е што прелогот за уставни измени не го ставаат на гласање!

Им понудивме национално обединување на Македонците- го одбија! Станаа класични измеќари на ДУИ и Ахмети!
Прифатија договор со Бугарија катастрофален по македонските национални интереси, кој се разбира не можат да го испорачаат. Ги предупредивме, а СДСМ игнорираше! Една година потоа после сите лаги и подметнувања СИТЕ пратеници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата се ПРОТИВ Бугарскиот диктат и се столбот на одбраната на македонскиот национален идентитет.

Понудивме и решение на проблемот што тие го создадоа а не можат да го решат. Одбија!
Кодошат и ја злоупотребуваат меѓународната заедница, одлучија наместо да прифатат решение да спинуваат. Лоши ” спин доктори”!
Прифаќање на Бугарски диктат нема, но може да има заштита на националните интереси и наместо да се приклучат одлучија да прават негативна кампања со невистини демек ВМРО ДПМНЕ прифатил нешто, а јасно е година дена дека не прифаќаме ништо од нивните лоши одлуки за Македонија!
Ние понудивме државнички пристап, а тие примитивизам и предавства. Нас Македонија, а на СДСМ Бугарија. Тоа е разликата!

Избори се решение, колку побргу заминат толку побргу ќе огрее сонцето за Македонија! Народот да каже за иднината на Макеоднија како врховен судија во политката – пишува Николоски.

Протест на прилепските велосипедисти поради смртта на 42-годишната прилепчанка под мотото “Утре можеш да бидеш ти” (ФОТО)

Под мотото “Утре можеш да бидеш ти”, членови на сите велосипедски здруженија од Прилеп денеска одржаа мирен протест поради смртта на 42-годишната прилепчанка, која настрада во сообраќајна несреќа на велосипед во петокот вечерта.

Велосипедистите се пожалија на немањето доволна вело инфраструктура во градот, како и на големата сообраќајна некултура на возачите на моторни возила.

Особено упатија критики за патот (старото битолско џаде), каде 42-годишната А.Ц. загина. Побараа МВР и надлежните да обрнат поголемо внимание на овој дел од градот, односно како што го нарекоа “Патот на смртта”.

Во знак на протест велосипедистите поминаа пред Полициската станица и пред зградата на Општина Прилеп.

Сообраќаен инспектор вработен во општина Битола земал мито – заработи кривична пријава

Криминалистичката полиција на СВР Битола до ОЈО Битола, денеска (10.06) ќе поднесе кривична пријава против В. П.(53) од Битола, вработен во општина Битола како инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај.

Имено пријавениот во периодот од 12 Април 2023 па се до денес, искористувајќи ја својата позиција и своето влијание како лице задолжено за контрола на превозниците во град Битола, во два наврати индиректно барајќи пари, од пријавителот 41-годишен маж од Битола, кој е управител и сопственик на правно лице за вршење дејност такси превоз, побарал и примил поткуп во два наврати и со тоа сторил кривично дело “Примање поткуп“, предвидено и казниво по чл.357 ст.1 од КЗ.

Тој во текот на вчерашниот ден е лишен од слобода и изведен пред Јавен Обвинител.

Пресврт: Дали вработен во МВР ја прегази 42-годишната прилепчанка кај “Металец”?

Tрагедија во петокот вечерта го потресе Прилеп, откако автомобил удри во 42-годишната А.Ц. на велосипед кај поранешната фабрика “Металец”.

Од здобиените повреди А.Ц. почина на лице место, возачот според првичните информации го напуштил местото на настанот.

МВР излезе со детали за несреќата и според полицискиот билтен од 10.06., со автомобилот управувал 54-годишниот Р.П. од село Славеј.

-На 09.06.2023 околу 19.45 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(54) од с.Славеј, прилепско, удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп. од здобиените повреди на местото починала А.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. – напишаа од МВР.

Маркукуле дознава дека дошло до пресврт.

Според неофицијални информации, 54-годишниот Р.П. не управувал со возилото, туку тоа бил Д.П.(26), кој според извори од МВР синоќа го признал делото.

Информациите говорат и дека Д.П. бил вработен како полициски службеник во ОВР Прилеп?

Останува истрагата да докаже што точно се случи на 09.06.2023 во 21:00ч, во близина на “Металец”.

Беспрекорна организација и одлични резултати за прилепските борачи и борачки на Меѓународниот турнир “Крали Марко 2023” (Фото галерија)

Во организација на Боречкиот клуб „7-ми Мај – Златна рака“ од Прилеп, денеска во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски” се одржа Меѓународниот турнир во борење „Крали Марко“ – 2023.

Прилепскиот боречки клуб уште еднаш покажа дека е вистински спортски амбасадор на градот под Марковите Кули, не само по постигнатите резултати, туку и со денешната одлична организација на овој турнир.

Прилепските борачи и борачки ги постигнаа следните резултати:

Ангела Трајкоска – прво место
Тамара Цветкоска – прво место
Андреа Маркоска – второ место
Јована Мидовска – трето место
Елена Дејкоска – трето место
Марија Велјаноска – второ место
Андреј Трајкоски – трето место
Ангел Николоски – второ место
Леонардо Јорданоски – трето место

За потенцирање е и тоа дека Тамара Цветкоска беше избрана и за најдобар натпреварувач на турнирот.

(Видео) Сомбор ја освојува Америка

Постарите браќа на Јокиќ привлекоа огромно внимание во „Касеја центарот“ во Мајами.

Денвер Нагетс го совлада Мајами на гости (108:95) и дојдоа на чекор од првиот шампионски прстен во историјата на франшизата.

Во текот на мечот во центарот на вниманието беше Никола Јокиќ, кој уште еднаш се истакна на теренот (23 поени, 12 скокови), а по натпреварот Страхиња и Немања кои беа главни ѕвезди на трибините му ја украдоа славата меѓу публиката.

https://twitter.com/DailyNBAFantasy/status/1667380373901197313?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1667380373901197313%7Ctwgr%5E25e993feb5a61e3b029ef36db9c02299f116a13b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Fkosarka%2F4176944%2Fjokiceva-braca-pravila-sou-u-majamiju

(Видео) Мистериозна риба исплива на брегот

Снимката од чудното суштество кое плива во близина на мост во Јужна Каролина ги поттикна официјалните лица на институтот за морски животни да побараат помош од експерти за да го идентификуваат.

На виралната снимка, суштеството кое плива во близина на островот Полис изгледа како да има крилја и нешто што личи на клун, но дефинитивно не е птица. Од Институтот за истражување на морски ресурси во Чарлстон изјавија за локалните медиуми дека истражувачите не знаат што има на снимката испратена до WCNC.

Ивона Кузмановиќ во работна група за преговори за промена на Уставот?

Преку соопштение утрово, СДСМ имнформираше дека Централниот одбор на партијата донел Одлука, за формирање на работна група за продолжување на разговорите со ВМРО ДПМНЕ, како и со сите други парламентарни политички партии за уставните измени.

-Централниот одбор на СДСМ му дава апсолутна поддршка на претседателот на партијата, Димитар Ковачевски и формираната работната група, предводена од генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ Вардарски, да продолжат со напорите за обезбедување широк консензус за уставните измени, а со тоа и продолжување на европскиот пат на земјата – информираат од СДСМ.

Според неофицијални информации член во оваа работна група е и Ивона Кузмановиќ од Прилеп, инаку советник во Советот на општина Прилеп и член на Извршниот одбор на владеачката партија. Доколку информациите се точни, пред младата Кузмановиќ е сериозен процес, во кој таа треба да се изгради како иден кадар на партијата од Прилеп, затоа што градот под Марковите Кули пред неколку дена остана и без последниот директор на државна институција, откако Хари Локвенец си даде оставка од директорското место во Железници – инфраструуктура.

Инцидент пред фабрика синоќа во Прилеп: Прилепчанец нападнал двајца свои сограѓани, едниот го повредил со стаклен предмет

-На 09.06.2023 во 22.45 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Ѓ.А.(37) од Прилеп затоа што околу 21.30 часот пред фабрика во Прилеп го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Џ.М. и Љ.М, при што стаклен предмет му нанел повреда на Љ.М.. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.