дома блог страница 1169

Нов училишен хорор на Балканот: Ученик застрела учителка во БиХ

Како што објавува Klix.ba, пукањето го извршил малолетен ученич, кого полицијата го уапсила.

Инцидентот се случил околу девет часот изутрина во основното училиште во Лукавац, неофицијално, тешко повредена е професорката по англиски јазик Н.О.

За Klix.ba од УКЦ Тузла потврдуваат дека е хоспитализирана пациентката Н.О. со прострелна рана во пределот на вратот. Во моментов е во тек операција.

Исто така, пронајдено е и оружјето со кое го извршил нападот.

Неофицијално дознаваме дека се работи за ученик кој поради лошо однесување бил преместен од едно во друго основно училиште.

„Балконот“ на Албански театар и „Женска гардероба“ на Театар “Комедија” вечерва на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Со претставата „Балконот“, Албанскиот театар од Скопје вечерва во 19.30 часот ќе гостува во Прилеп, на официјалната програма на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“. Терминот од 22 часот на шестиот ден на фестивалот е резервиран за Театар Комедија од Скопје, кој ќе ја изведе „Женска гардероба“ на сцената на Театарот „Војдан Чернодрински“.
И денеска во 10 часот во киното „Мис Стон“, во рамките на програмата „Чернодрински за деца“, поддржана од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“, со свое видување на драмата „Вејка на ветрот“ ќе се претстават учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп – Вања Младеновски, Теодора Велкоска, Бојана Најдоска и Исидора Николоска, под менторство на наставничката Билјана Тинтоска и асистентот Филип Стојаноски.

На пладне следуваат вообичаените разговори на тркалезната маса овој пат со екипите на претставите „Циркус Пирандело“ од Струмица и на турската претстава „Човек перница“.

„Македонскиот театар низ визурата на меѓународната јавност“ беше темата на која вчера се дискутираше на меѓународната конференција што ја организираше фестивалот. Ова се први чекори за да развиеме меѓународна програма на фестивалот, рече уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска.

– Сакаме да се обидеме, не да споредиме, туку да видиме каков е македонскиот театар во очите на луѓето што доаѓаат од страна да го гледаат. Убаво е да се види да кажат како функционираме, дали можеме да зборуваме за еден тип на естетика. Ова е само вовед во една поголема програма што ќе следува во наредните години. Ги поставуваме прашањата: Дали можеме за кој било театар да поставиме естетска категоризација? Дали постои препознавање каква е претставата, македонска или од друго поднебје? Или најбитна е естетиката – посочи Стојаноска.

Според Мирослав Мики Радоњиќ, директор на „Стериино позорје“ од Нови Сад и член на жирито на фестивалот, „театарот не може да се гледа изолирано од поднебјето. Но, многу ми е драго што македонскиот театар е присутен во регионот. присутен е во Србија, ги имаме македонските режисери и автори.

– Она што се театарски теми и естетика на овие македонски куќи, се случува на поширокиот простор во регионот. Македонскиот театар е на добар пат не само да го сочува оној ореол кој го имаше од порано како еден од значајните театри на бившите ЈУ-простори, туку и да го подобри во многу сегменти. Само, жал ми е, што нема претстави на националните театри од македонски автори – вели Радоњиќ.

За Милош Латиновиќ, директор на „Битеф“ и член на жирито, не треба да има драстични разлики и театарот не може да се ограничи само на одреден простор.

-Театарот не може просторно да се ограничи. Ја има таа мисија спецификата од одреден простор да ја пренесува општо. Тоа е добро. театарот е место на последното единство. Македонските автори се често присутни на сцените на српските театри и тоа за македонската драматургија е значајно. Секако, постои таа интеракција овде да се играат српските и автори од други земји, и, поради тоа, мислам дека таа симбиоза, соработка со српското театарско милје, е добра и што се користи за презентација на македонската уметност и во Европа, а македонската продукција има потенцијал.

Татјана Дешко, театарска уметница од Русија и коосновач на „АртАктУм“, го пофали фестивалот, особено за неговата атмосфера.

-Мило ми е што во Прилеп театарската атмосфера ја чувствуваат сите. И ние, и целиот град. Кога си на претстава како да влегуваш дома. Тоа е силен и среќен впечаток – истакна таа.

Претседателот на жирито, Јанко Љумовиќ, професор на ФДУ во Цетиње, Црна Гора навлезе подлабоко во концептот на националните театри, истакнувајќи дека секоја земја има некој свој национален концепт, а начинот како ќе допре до другите, надвор од земјата, тоа е белег на големите достигнувања во театарската уметност.

– Битно е дали фестивалот е платформа за соработка или само за национална верификација. Разлики има во македонскиот, во словенечкиот, во театарот во Црна Гора. Инсистирам на разликите, а тие отвораат можност за развој, размена, компарирање. За мене битно е да им се обрне внимание на специфичностите – истакна тој.

Режисерот Иван Поповски, кој е гостин на фестивалот истакна дека за подобар театар треба да се работи со младите, како што тоа го прави фестивалот.

-Многу е значајна едукацијата на младите да одат во театар, да се создава љубовта спрема театарот. А тоа фестивалот почна да го прави – рече тој.

За режисерката Софија Ристевска, ваквите средби се исклучително важни за македонскиот театар и само преку интернационални средби, се отвораат националните театарски средини.
Вчера се разговараше и за претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, на Театарот за деца и младинци.

Полетна, енергична, креативна… вака беше оценета претставата на Театарот за деца и младинци, која ја одушеви публиката и критиката во Прилеп. Режисерот- гостин од Чешка имал јасен концепт уште пред да дојде во Скопје и затоа процесот на работа течел многу едноставно.

-Кога режисерот има цел концепт, многу е полесно да се обликува претставата. Сценографијата (дрвените столчиња кои значеа сѐ) беше уникатна – рече актерката Катерина Илиевска-Силјановска и директорка на Театарот.
Идејата на режисерот беше магијата да се создава на сцената. Наше беше како од столчињата да создаваме сцена, сподели актерката Матеа Јанковска, што ја толкува насловната улога.

Режисерот Јакуб Максимов е млад, ултракреативен и ги скрши правилата за тоа како се игра куклена претстава, истакна нејзиниот колега Никола Наковски.

– Само првата проба беше „читачка“. На втората, веднаш бевме на сцената. Имавме готови кукли. Немаше правила, туку многу креативен начин. Еден нов правец во правење куклена претстава – рече Наковски.

За Ангела Димитрова било посебно провокативно што истражувале и што сите движења
ги работеле на лице место.
Заеднички беше заклучокот на присутните на тркалезната маса дека претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ постави нови стандарди, не само за Театарот за деца, но и за сите други театри во земјава.
На фестивалот вчера се одржа и тркалезна маса со екипата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски.

Задржувајќи го концептот радоста на играта и пркосот на креацијата, на прашањето дали режисерката Зоја Бузалковска работела според франшиза за претставата, таа објасни дека морала да изгледа најмалку стотина клипови, музички и филмски и е среќна што не ја работеле претставата според строго пропишани правила.

– Ова е претстава во која секој го погледнува своето преку Кристофер, со специфики, форми и бои, да останеме свои, но да бидеме Кристофер. Пробите ги започнавме пред ковид пандемијата. Создадов тим што ја прифати претставата од многу аспекти. Игра цел тим за еден свет и секојдневно се надминуваа лимитите. Има филмски јазик, брзи промени на сцена, но при тоа има и удобност – рече Бузалковска.

Специфичниот лик во претставата, кој е присутен цело време на сцената, го игра Дамјан Цветановски, кој го исчитал текстот и романот и откако ги разбрал се поистоветил со ликот.

-Непресудно е тоа што текстот во себе содржеше низа скали… Во романот има доста правила како се разбира и како функционира Кристофер и откако ги разбрав, се состоеше да се разбират правилата… Радоста дојде попатно. Најважното за претставата е дека е преземена од тоа дете, на кое што му е потребно се тука… – рече Дамјан.

Според драматургот Александра Бошковска, во претставата актерите создаваат повеќе ликови, но сите со поддршка на Кристофер.

– Процесот се случуваше спонтано, пробите беа со маски. Од многу комплицирани елементи, процесот можам да речам дека беше спокоен, прецизен и отворен – рече Бошковска.

Според Емилија Мицевска, многу е важно што им приоѓаат родители со аутистични деца и им се заблагодаруваат за претстава, која досега е одиграна 22 пати.

Александар Степанулески, истакна дека сите ликови во претставата се претставени како Кристофер ги гледа другите, во каков свет живеат, толку колоритен и никогаш не е патетичен. Нашата брканица со целата тема, беше границата до каде ќе бидеме патетични, во еден колоритен свет.

Претпладне облачно, попладне повремен пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремен дожд и појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, со електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Особено пообилни врнежи ќе има од четврток кон деновите од викендот.

Рекорден број први награди од пијано натпреварите за пијанистките од класата на проф. Христина Никоска Тасеска (ФОТО)

Со исклучителни резултати и рекорден број специјални први награди на пијано натпревари, младите пијанистки од класата на проф. Христина Никоска Тасеска: Хана Петреска (III одд.), Софија Ташкоска (III одд.), Дарија Богеска (IV одд.) и полуматурантката, Дафина Момироска, која е прогласена и за најуспешен ученик во генерација во ООМУ „Ордан Михалоски – Оцка“ – Прилеп, денеска имаа прием кај градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески. Тој беше воодушевен од нивните успеси и им честита на нивните посветеност кон музиката и пијанот, на нивните освоени награди, и им посака да постанат врвни пијанисти и големи музички имиња,со кои градот и државата ќе се гордее.

„ Драго ми е што имате можности да ги презентираат своите мајстории на пијано и да учестувата на значајни државни и меѓународни натпреварувања. А, уште подраго ми е што го крунисавте вашето знаење и со први награди. Прилеп е горд што има вакви млади музички надежи! “- истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски, при средбата со младите пијанисти од ООМУ „Ордан Михалоски – Оцка“ – Прилеп.

Најмалите од тимот, Хана Петреска, како соло пијанист се натпреваруваше на меѓународните натпревари во Штип, Врање, Кавадарци и Смедерево, каде освои 3 специјални први награди и една Прва награда во својата категорија, како и на државниот натпревар каде беше наградена со специјална прва награда, а Софија Ташкоска, настапи на повеќе сцени, каде беше наградена со: специјална прва награда на меѓународните натпревари во Штип и Смедерево, со први награди на меѓународните натпревари во Врање, Кавадарци и втора награда на Државниот натпревар. Дарија Богеска, пак, и оваа година е наградена со први награди на меѓународните натпревари во Штип, Кавадарци и Смедерево и трета награда на државниот натпревар. Додека полуматурантката, Дафина Момироска освои први награди на државниот натпревар и меѓународните натпревари во Штип, Битола, Врање, Кавадарци, а во Смедерево и беше доделена специјална прва награда и беше прогласена за лауреат во дисциплината пијано. Сите млади пијанистки, пијаното го изучуваат во ООМУ „Ордан Михалоски – Оцка“, кое нуди одлични услови за изучување на овој инструмент.

Битола се подготвува за Лига на шампиони (ФОТО)

Согласно Програмата за развојни планови, спроведената постапка за јавна набавка и склучениот договор, општина Битола, започна со работните активности за комплетна реконструкција на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски“. Проектот вклучува фаза реконструкција на атмосферска канализација, коловоз и електротехника, односно соодветно осветлување на просторот. За овој проект, општина Битола, издвои 18.301.800 денари.

Паралелно со отпочнувањето на работите на паркинг просторот започнаа и работните активности, во спортската сала, со цел нејзино прилагодување, согласно европските стандарди за ракометни натпревари со европски екипи на домашен терен, во престојното издание на Лигата на шампиони, кое започнува оваа есен.

Работните активности во објектот на Спортската сала ги реализира Општина Битола во соработка со јавните претпријатија и приватните фирми, согласно склучените договори, а со активна вклученост на приватниот партнер кој е дел од РК Еурофарм Пелистер.

Пет лица повредени во тешка сообраќајка помеѓу две возила кај битолско Могила

На 12.06.2023 во 20.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Ѓавато – Тополчани, кај с.Могила, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(37) од с.Могила и патничко возило „опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(20) од с.Беранци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.С., а возачот Б.Н., В.С.(56) од с.Могила, сопатник во возилото „цитроен“, М.А.(32) и М.Б.(21), двајцата од с.Беранци, сопатници во возилото „опел вектра“, се здобиле се телесни повреди констатирани во болницата во Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Најдобрата забава и овој викенд во Прилеп е во ресторан “Деспина” – Резервирајте навреме!

Kaко и секој викенд и овој, најдобрата забава во Прилеп ќе биде во ресторанот “Деспина”. Во петок гостите ќе се забавуваат со Гоце и Горде, познатото дуо од Прилеп кои го имаат еден од најдобрите репертоари на забавна и народна музика.

Резервирајте навреме и уживајте заедно со вашите најблиски. Персоналот во ресторан “Деспина” ве очекува!

Близок пријател на Боки 13 нов директор на Царина?

Преку соопштение испратено до медиумите, од Владата информираат дека од функција е разрешена Славица Кутиров, а во директорската фотелја на Царинската управа удобно ќе се смести Стефан Богоев.

„Владата денеска одлучи, Славица Кутиров, да ја разреши од должноста директор на Царинската управа, на нејзино барање.
Владата одлучи Стефан Богоев да го именува за в.д. директор на Царинската управа“, стои во соопштението на Владата.
Kутиров кажа дека се повлекла од функцијата директор оти планирала развој на нејзината професионална кариера на меѓународен план.

„На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја прифати мојата оставка од функцијата директор на Царинската управа, поднесена од лични причини, а со цел понатамошен развој на мојата професионална кариера на меѓународен план. Сакам да се заблагодарам на Владата и на премиерот Димитар Ковачевски за безрезервната поддршка во изминатите две години, што придонесе Царинската управа да прерасне во една од водечките професионални и технолошки напредни институции во државата“, вели Кутиров.

На новиот директор, Стефан Богоев, му го честита назначувањето на функцијата и му посакува успешна работа и уште подобри резултати.

Ексградоначалникот на Карпош од СДСМ, Стефан Богоев за медиумите посочи: „Бев консултиран и прифатив“. Со ова, по година и половина без функција, тој седнува на директорско столче. На нејговиот Фејсбук профил пристигнуваат честитки од сите страни.

Србија ја покори НБА лигата: “Какво славење, сакам да си одам во Сомбор”

Никола Јокиќ одигра уште еден фантастичен натпревар и уште еднаш ги воодушеви сите фанови на овој сспорт. Но, овој пат го понесе и трофејот во НБА лигата и на Денвер му ја донесе првата титула во историјата на франшизата.

„Добро е, добро е. Ја завршивме работата“, накратко рече тој на прашањето како се чувствува сега кога конечно го освои трофејот во НБА, а потоа беше прашан како се чувствува што треба да ја брани титулата следната сезона со истиот тим. : “Не го знаев тоа, одлично е. Не размислувам за следната сезона, ќе побарам од тренерот уште неколку недели одмор од вообичаеното за да можам да се подготвам за следната сезона. Ова требаше да биди шега!“, рече Никола и ги насмеа сите во прес салата.

Пред да замине да слави со луѓето што ги предводеше до титулата, новинарите го прашаа дали со нетрпение ја очекува победничката парада. Одговорот беше во негов стил:

“Кога е парадата? Кога? Во вторник? А не, морам да си одам дома! Уф!”.

https://twitter.com/DimeUPROXX/status/1668454690118352901?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1668475039438520321%7Ctwgr%5E2e1da322126c726bc7e5e52dae05afe633e3c58f%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fmondo.rs%2FSport%2FKosarka%2Fa1792953%2FJokic-nece-da-slavi-NBA-titulu-mora-na-konjske-trke-u-Sombor.html%3Futm_source%3Dkurirutm_medium%3Dmondo_widgetutm_campaign%3Dsport

 

Тешка сообраќајка на патот Крушево-Прилеп: Се судрија товарно возило и трактор

На 12.06.2023 во 21.08 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на регионалниот пат Крушево – Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „нисан“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(51) од Крушево и трактор без регистарски ознаки управуван од А.А.(41) од с.Алданци, крушевско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „нисан“, М.Н.(35) од Крушево, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и М.Ј.(38) од с.Норово, сопатник во тракторот, констатирани во болницата во Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Крушево.