дома блог страница 1170

(ВИДЕО) Џамбаз со важна порака до целата нација

Најпознатиот македонски шоумен, Игор Џамбазов, го најави двесеттото јубилејно издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2023”, кое ќе се одржи од 13-16 јули.

Зошто баш велосипед од “РИВЕРСОФТ” во Прилеп? Еве го одговорот!

Продажниот салон за бела техника на RiverSoft во Прилеп пред извесно време го прослави својот прв роденден. Во изминатите 365 дена брендот целосно го промени пазарот во градот под Марковите Кули, нудејќи постојано цени достапни за секого, голем број промоции, љубезен персонал и исполнување на желбите и потребите на муштериите.

Сега RiverSoft објави и одлична понуда на велосипеди по екстра цени, за кои можете да искористите субвенции од активниот јавен повик на општина Прилеп.

Единствена можност по овие цени да се подновите со нов велосипед, а притоа да добиете 5.000 денари поврат од општина Прилеп.

Затоа трк уште денеска во RiverSoft и одберете го вашиот миленик на две тркала.

Условите за аплицирање за субвенции од општината поглледнете ги ТУКА

Трајанов за Република: Мицкоски не прифати уставни измени, СДСМ спинува и ја манипулира јавноста

Пратеникот во македнското собрание и доскорешен владин партнер Павле Трајанов во видео интервју за порталот „Република“, вели дека тврдењата на СДСМ во јавноста оти на лидерската средба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги прифатил уставните измени се класишен спин и класична манипулација.

“Секојдневните настапи на Ковачевски и другите од СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прифатиле промена на Уставот тоа го злоупотребуват. Не сакаат да ги слушнат другите барања бидејќи тоа е еден пакет кој треба да се направи за да се дојде до прифатливо решение и да не се блокираат евринтеграциските процеси. Но, тоа ќе трае кратко, граѓаните ќе видат дека тоа е класична манипулација и спинови се со цел да ù наштети на опозицијата. Ковачевски целосно ја злоупотреби идејата за национално единство и нема искрени намери за широка влада, посебно не да се откаже од неговиот стратешки партнер ДУИ. Владата на СДСМ со ДУИ е во комплетен пад, нема поддршка од граѓаните кај кои постои разочарување, револт и бес. СДСМ и Ковачевски водат класична вазална политика спрема ДУИ. Артан Груби во суштина е премиер на Владата. И тука е огромното незадоволство. Не може да се случи мнозинкиот народ да биде згазен од одредена политичка партија. Ако 90 пратеници се од мнозинскиот народ, а 20 или 30 пратеници се под команда на ДУИ, како тие да имаат монопол на целокупните процеси. Ја заглавија државата. Имаме процес на дуизација на државата. И другите партии што се дел од владата имаат крајно фундамeнталистички настап и сакаат да предизвикаат меѓуверски или меѓуетнички и национален судир. Затоа настапуваат екстремно, поставуват барања кои не се прифатливи, но нивните барања многу брзо ги имплементираат Ковачевски и СДСМ. Тоа е клучниот проблем во државата. Јас сум за градење на македонско национално единство”, вели Трајанов за „Република“.

Претседателот на Демократски сојуз, во продолжение на интервјуто вели дека не можел да одлучи кој повеќе лаже во СДСМ, Заев или Ковачевски.

Тоа е матрица на СДСМ. Сѐ ветуваат, ништо не одбиваат, но ништо од тоа не исполнуваат. Во разговорите тие атер не кршат, но работа не вршат, опишува Трајанов.

Тој се потсети на една од најголемите лаги на СДСМ и Заев поврзана со Елисејската палата и Макрон.

Тоа се случуваше кога Заев ги изгуби и започнаа консултации со коалциските партнери. Заев пред сите најавуваше дека веќе има договор дека Макрон ќе организира голем собир во Елисејската палата во Париз, каде што ќе се одржи таа прва меѓувладина конференција и од тој датум ќе започнат пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Тоа беше основа сите ние да поверуваме и да инсистираме оставката на Заев да се одложи по секоја цена со цел ако е тоа историска шанса, да не бидеме ние одговорни дека еве владата паднала поради неединство на коалциските партнери. Ние јасно презентиравме дека ако тоа не се случи, ќе се повлечеме од владата. Ниту Елисејската палата ја видовме, ниту договор и дури во јуни излезе францускиот предлог кој и Стево Пендаровски како претседател го отфрли како и Владата и Ковачевски и по десетина дена со некакви дотерувања и во суштина ништо не се промени го прифатија. Тоа е замката во која влезе Македонија и сега последиците треба да ги разрешуваме или да ги трпиме.

Трајанов смета дека е добро да се создаде една широка коалицска влада поддржана од сите партии и оти тоа е во интерес на нашите национални и стратешки интереси.

Богата програма на петтиот ден од театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински” во Прилеп – Еве што ќе гледаме

Богата фестивалска програма најавува петтиот ден на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Две претстави од официјалната конкуренција, презентација на едукативни работилници, меѓународна конференција, разговори на тркалезни маси се само дел од содржините што ќе се реализираат во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и Театарот „Војдан Чернодрински“.

Во 10 часот ќе биде отворена детската зона „Чернодрински за деца“, поддржана од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“. Ќе учествуваат учениците од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп – Марија Јованоска, Иван Здравески, Ангела Чупетреска и Стефан Петрески. Нивен ментор е Мартин Наумоски, а низ работилниците ги водеше едукаторот Милош Б. Андоновски.

Еден час подоцна во фоајето на Центарот за култура ќе се одржи меѓународна конференција на тема „Македонскиот театар низ визурата на меѓународната јавност“ на која ќе учествуваат режисери, театарџии, гости на фестивалот.
Претставата „Циркус Пирандело“ според драми од Луиџи Пирандело, адаптација и режија на Бојан Трифуновски, на театарот „Антон Панов“ од Струмица ќе гостува на сцената на Центарот за култура во 19 часот.

Режисерот Бојан Трифуновски својот концепт го темели на развивање на идејата на главните наративни линии во драмите на Пирандело, истовремено создавајќи простор за вкрстување на фиктивното и реалното. Иако ансамблот на Струмичкиот театар на почеток влегува малку несмасно во прикажувањето, нивната игра создава претстава која ги поместува стандардните практики и си игра со луцидниот стилски израз на Пирандело и го коментира и својот и неговиот однос кон светот – стои во образложението на уметничкиот директор Ана Стојаноска.

Во претставата играат: Стојан Велков-Трн, Коста Ангов, Ангелина Тренчова-Ангелова, Танкица Стојанова, Ефтим Трајчов-Ѓаурски, Ванчо Василев и Игор Тодоров.

Во 22 часот на сцената на Центарот за културата „Марко Цепенков“ гостува Турскиот театар од Скопје со претставата „Човек перница“ од Мартин Мекдона, во режија на Сибел Абдиу.

– Младите актери од ансамблот на театарот покажуваат како се игра кога предизвикот е во личниот однос кон текстот и контекстот во кој ја создаваат претставата. Исклучително моќна во приказот, оваа претстава одговара на концептот на придружната програма, активата, односно активноста во „ОФФ“. Не само како „надвор од“ туку и како одек на тековните општествени и политички состојби – вели образложението.

Драмскиот театар синоќа ја крена публиката на нозе по изведбата на „Чудна случка со кучето во ноќта“. Долги аплаузи и овации добија и актерите од екипата на претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци.

На четвртиот фестивалски ден беше организирана промоција на „Еуродрам“, посветена на драмски превод, со фокус на наградите за превод на оваа мрежа. Иван Додовски од „Еуродрам“, посочи дека драмскиот превод е многу важен и треба да им се даде можност на преведувачите да преведуваат драми, а потоа да се играат. „Еуродрам“ е европска мрежа за драма и театар, мрежа која обединува јазични комитети од 30 земји од Европа и има за цел да овозможи споделување на текстови пишувани од оригинално на еден од европските јазици.

-Годинава во избор од 19 драмски преводи од македонски преведувачи од различни јазици избравме три најдобри драмски преводи. Тоа се преводите на Марио Стојаноски на една малку позната драма на многу познат пистел „Папагал“ од Данило Киш, од српски на македонски. Второрангиран беше преводот на Мирјана Илиева Јашар, превод на современиот текст „Гордеов Балкан“ од современиот косовски писател Јетон Незирај, кој беше поставен, а неговите текстови се играни на многу сцени. Треторангиран превод е на Сашо Огненовски за една драма објавена во Антологијата на новата српска драма , што тој ја приреди и преведе. Изборот беше Сашо да се награди за текстот на современата млада српска авторка Исидора Милосављевиќ „Ако се разбудиш или како да е тоа важно…“ Млада извонредна писателка, чиј текст е игран во Србија – рече Додовски.

На промоцијата, Катица Гароска, лауреат на „Еуродрам“ за драмски превод од пред две години, за преводот на драма од хрватската авторка Уна Визак, објавен во книгата „Две хрватски современи драми“, посочи дека досега има преведно 60 наслови, но преводот на хрватските драми од Визак, која е мултиталентиран автор, бил исклучителен предизвик.

Огненовски, кој со преводот, ни дава увид на современите српски автори, истакна дека книгата е најдрагоцена, бидејќи е релевантен и голем континиум на моќната српска драматика. Книгата има шест значајни српски драми од интересни српски автори.

Марио Стојаноски, посочи дека преводот на „Папагал“ е многу значаен и дека „Еуродрам“ со преводите ја збогатува литературата и на театарските работници им дава одличен материјал. Преводот е резултат на мојата фасцинација од Данило Киш, автор од светски калибар – рече Стојаноски.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Прилеп

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Прилеп, каде УХМР заклучно со 8 часот изутрина, измери 52 литри наврнат воден талог на метар квадратен. Следуваат Ѓуриште со 37 литри, Крушево, 31, Попова Шапка, 18, Крива Паланка, 14, Берово, 12, Куманово, Тетово и Пожаране, 10, Дебар и Маврови Анови, 8, Скопје-Петровец и Виница, 6,…

Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

УХМР информира дека времето изутринава е претежно облачно и тивко со повремени локални врнежи од дожд. Утринава врнежи има во Прилеп и Крива Паланка, а во изминатите часови врнело и во Битола и Скопје – Петровец.

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со појава на грмежи. Кон крајот на денот облачноста и врнежите постепено ќе се намалуваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 24 степени.

Второодделенец од ООУ “Климент Охридски” Прилеп освои второ место на Светскиот куп во воздухопловно моделарство во Србија

Викендов на теренoт “Арадац” кај Зрењанин во соседна Србија, се одржа Светскиот куп во воздхопловно моделарство, на слободно летачки модели.

Ученикот во второ одделение при ООУ “Климент Охридски” Прилеп, Дино Најдоски, го освои второто место во категорија Ф-1-H јуниори.

На натпреварот учествуваа воздухопловни моделари од 20 земји, а нашиот Дино покажа дека Прилеп располага со големи таленти во овој спорт.

Му честитаме за постигнатиот успех и му посакуваме уште поголеми достигнувања во иднина!

МВР ги учеше крушевчани како да се заштитат од кражби и измами

Полициски службеници од ОВР Крушево при Секторот за внатрешни работи Битола денеска (12.06.) на неколку локации на подрачјето на Крушево спроведоа превентивна активност во рамките на кампањата на министерството насловена „Безбедна заедница-мирна заедница“, со посебен акцент на превенцијата од кражби и од измами.

Во текот на низата средби и разговори со граѓаните, особено оние од повозрасните категории, полициски службеници укажуваа и појаснуваа за за законскиот третман на различните форми на имотен криминал и секако околу начините и постапките за превенција од вакви кривични дела. Покрај ова, на граѓаните им беа делени печатени материјали со практични совети за превенција од имотните деликти.

Македонски и прилепски спортски амбасадор: Борјан Јованоски го освои златото на Европскиот куп во Романија (ФОТО)

Изминатиов викенд од 9-11 Јуни во Урои, Романија, се одржа првото коло за оваа годинаа на Еврпоскиот куп во параглајдинг во дисциплината прецизно слетување.

Борјан Јованоски, македонскиот параглајдинг репрезентативец и член на Параглајдинг Клубот “Делта” од Прилеп го освои првото место.

Покрај променливите временски услови, на овој натпревар успешно се постигнаа 6 серии, каде што Борјан го освои златото со вкупно 9 негативни поени.

Подиумот заедно го подели со Маркета Томашова од Чешка, која го освои второто место со 15 негативни поени, додека пак третото место му припадна на Словенецеот Ренато Херега со 19 негативни поени.

Истовремено Борјан заедно со неговиот тим освоија бронза, односно трето место во тимски пласман на овој натпревар.

Од позначајните натпревари што го очекуваат Борјан и македонските параглајдеристи за оваа година се: Европските купови во Чешка и Србија, Светски куп во Германија и Светско Првенство во Бугарија. Секако, се надеваме на вакви успеси и во следните натпревари.

Фатени двајца арамии од Битола: Извршиле две тешки кражби во куќа

На 11.06.2023 во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Ѓ.М(34) и Џ.А.(31), двајцата од Битола.

Тие се сомничат дека вчера и завчера извршиле две тешки кражби во куќа во Битола и во објект во изградба во битолско Крклино, при што одзеле повеќе предмети. Тие биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветени пријави.

Полицијата и трудовата инспекција влегоа во отпади во Прилеп, Битола и Ресен – утврдени низа неправилности

На 12.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во Битола, Ресен и Прилеп, во содејство со инспектори од Државен инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Министерството за животна средина спроведоа акциска контрола во правни субјекти кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини. При контролата, во Битола беа контролирани три отпади, при што во два од нив беа констатирани неправилности.

Во Ресен извршена е контрола кај пет правни лица, при што во еден отпад е констатирано дека за дејноста која ја врши нема регистрирано правно лице, а нема ни дозвола за работа со отпад за што ќе биде поведена соодветна постапка.

Во Прилеп, полициските службеници и инспекторите извршија надзор во два правни субјекти, при што во еден од нив е констатирано дека нема фискален апарат, односно врши само продажба на големо на правни субјекти со фактурирање.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.