дома блог страница 1168

В сабота детска трка во Битола

„Ти си вистински шампион, твојата волја и сила можат да го освојат светот“ ова е мотото на детската трка која в сабота ќе се организира во Битола.

Рокот за пријавување на детската трка заврши, а како што вели организаторот 65 деца се пријавени за оваа трка, каде има и деца со попреченост.

Организатор на трката е Маја Атанасовска од спортското здружение „Бори се за целта“ кое е исто така организатор и на првата ноќна женска трка „Биди своја“.

Трката ќе се случи в сабота на 17 јуни. Загревањето е во 17:30, а почетокот на трката во 18 часот.

Стартот е од пред Офицерскиот дом, а должината на патеката 300 метри.

Со само 18 години дилал дрога низ Битола: Полицијата го фати

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.А.(18) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 06.06.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на лице од Битола, при што пронашле и одзеле предмети со остатоци од кокаин и марихуана и дигитална вага, а по преземени мерки било утврдено дека дрогата ја купувал од пријавениот – информираат од СВР Битола.

Уапсени косовски специјалци во централна Србија: “Не дозволуваме шетање низ државата со косовски униформи и opyжје”

Припадници на МВР Србија, Антитерористичката група на Специјалната полициска единица, денеска лоцираа и уапсија тројца припадници на косовската полиција, далеку во длабочината на територијата на централна Србија.

Со брза и ефикасна акција на српската полиција, успешно беше спречен обидот на  косовската полиција да врши активности на територијата на централна Србија, што по сите параметри е терористички акт со цел дополнителна дестабилизација и ескалација на конфликтот. насочени против Република Србија, пишува Курир.

(Видео) Емотивна разделба на навивачите со Силвио: Илјадници скандираа – “Има само еден претседател!”

Италија се прости од поранешниот премиер Силвио Берлускони, а илјадници луѓе – од политичката елита и високи странски функционери – присуствуваа на државното испраќање.

Меѓу нив имаше и голем број навивачи на Милан кои долго време скандираа за својот омилен претседател за време на носењето на ковчегот.

Берлускони почина во понеделникот од леукемија на 86-годишна возраст, а погребната церемонија се одржа во катедралата Дуомо во Милано.

 

Дипломати од Италија и Шпанија ќе читаат поезија во градската библиотека во Прилеп

Утре во 18:00 часот во просториите на библиотеката “Борка Талески” – Прилеп, ќе се одржи поетско читање со наслов “Македонски погледи”.

Поетски стихови ќе читаат двајцата дипломати и пријатели заменик амбасадорот на Италија, Марио Де Роза и заменик амбасадорот на Шпанија, Ернесто Хередера Дел Кампо.

На поетското читање ќе има поздравното обраќање градоначалникот на општината Прилеп Борче Јовчески. Повелете и бидете дел на ова поетско патување на двајцата пријатели, исполнето со емоции низ оваа наша прекрасна земја – стои во поканата од градската библиотека.

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на театрологот Ана Стојаноска ќе биде промовирана утре во 11 часот, во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Промоцијата е во рамките на програмата „Автор во фокус“,издадена со помош и поддршка на Факултетот за драмски уметности од Скопје и издавачката куќа „Арс Ламина“ и делумна поддршка од Министерството за култура.

-Книгата ја замислив како троен преглед на три важни топоси поврзани со неговата и со мојата работа. Ја насловив како „Коле Чашуле: Приказнувачот“, според еден од текстовите во книгата. Книгава е димензионирана да биде и лична, и научна, и непосредна, и објективна, и театролошка, но и своја каква што треба да е една книга за Коле Чашуле на стогодишнината од неговото раѓање. Коле Чашуле е мојот втор татко. Човекот што ме научи како да пишувам, како да работам, како да се однесувам во светот на театарот и книжевноста, во животот, воопшто. Човекот што ми беше огромна поддршка во процесот на образование и растење. Некогаш зборовите се скржави да го искажат количеството емоции што гo носиме за одредени луѓе. Моите за мојот чичко Коле, мојот втор татко, решив да ги напишам во оваа книга. Книга што на едно место ќе може да го прикаже моето формирање како автор и како писател, и како театролог, и книга што на едно место ќе го толкува, ќе го интерпретира или само ќе одгатнува мал дел од творештвото на Коле Чашуле. Некои од текстовите се веќе објавени во списанијата „МАНУскрипт“, „Спектар“, „Современост“ и „Стожер“ – пишува Стојаноска во воведот.

Таа изразува посебна благодарност до професорката Јелена Лужина за помошта и поддршката, до Кире Галевски за отстапените фотографии, Горјан Донев за дизајнот на книгата, Тодорка Балова за лектурата.

-Не само во жанровска, туку и во поетичка смисла, книгата Чашуле – приказнувачот се препознава како прилично, дури и експлицитно „хибридна“: нејзиниот „темелен“ дискурс е, напоредно, и научно дистанциран (театролошки аргументиран/„објективен“), ама и евидентно „субјективен“: интимистички тактилен, речиси романескно „расприкажан“, поетичен – пишува проф. д-р Јелена Лужина во рецензијата на книгата.

-Особено и нарочно во воведниот (прв) и во заклучниот дел (трет), чиишто стилоиндикативни, архаично обнасловени целини/пасажи – …Чунким спомени, Чунким толкувања, Чунким предавања… – изрично го евоцираат цепенковското и прилепското книжевно наследство. Во кое се колнат и го споделуваат и двајцата протагонисти – и Чашуле и Стојаноска – не само симболично туку и фактички! И двајцата прилепчани од сој и од бој – Приказнувачот и протагонист на книгата, ама и неговата посветена, „усвоена“ и доследна наследничка, Ќерката – се заколнатите фанови на митскиот им Учител, Дедо Марко… – вели Лужина.

Гимнастичарите од “Партизан Соколи” Прилеп одлични на Државниот натпревар во Битола (ФОТО)

На Државниот натпревар во спортска гимнастика А и Б лига, кој на 11.06. се одржа во Битола, учество зеде и прилепскиот гимнастички клуб “Партизан Соколи”, чии натпреварувачи уште еднаш докажаа дека Прилеп располага со голем талент во овој спорт.

На натпреварот учество зедоа 170 учесници, а прилепските гимнастичари освоија три медали.

До седумгодишна возраст, Јована Велеска го освои првото место, Ивана Јанкоска беше второпласирана во сениорки А лига, додека Дамјан Атанасоски го освои среброто во машка сениорска конкуренција.

Честитки за постигнатите успеси!

Прилепчанец заврши со тешки повреди, откако со мопед се судрил со автомобил во Струга

На 13.06.2023 во 12.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(39) од Охрид и мопед со струшки регистарски ознаки, управуван од М.Д.(44) од Прилеп, со место на живеење во Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга – информираат од МВР.

(ВИДЕО) Ергела низ улиците на типската населба

Наши читатели во изминатите неколку денови информираат за испуштени коњи и магариња кои пасат низ типската населба.

Граѓаните од овој дел на градот велат дека сопствениците ги пуштаат животните да пасат наоколу, без да водат сметка дека истите прават проблеми во сообраќајот и слободното движење.

Граѓаните апелираат од надлежните да ги заловат животните и да ги санкционираат сопствениците.

Талевски откри кој го спречил да не направи глупост, со полицаецот кој го удри со пендрек (ВИДЕО)

Еден од најдобрите македонски ракометари, Филип Талески, беше дел од познатиот подкаст Лазаров, споделувајќи интересни детали и од кариерата и од приватниот живот.

Неизбежна тема беше непријатната случка на финалето од Купот на Македонија, кога беше удрен од еден полицаец, по завршувањето на мечот. Талески раскажа што се случило, но сподели и што во тој момент му поминувало низ главата.

„Искрено, сакав да вратам со иста мера, од Господ даден некој човек колега негов, ми рече ‘не прави глупост’, само тој збор ми го рече и јас одма се свестив, ми дојде во глава дека, ако направам нешто, ќе бидам јас виновен. Изреагирав многу присебно. Потоа имаше вербален дуел, се гледа тоа и на снимката, јас му шепнав на уво, може и да кажам што, но ќе биде цензурирано. Го опцув јако. Можеби и нему му падна неубаво, видов дека изреагира така, но… Мислам дека полицијата е тука да го штити народот, а не да го тепа. Ти си тука да нè вардиш и да нè чуваш, а ние сме тука да бидеме послушни. Така што во тој момент се почувствував лошо и потоа по пат кога се враќавме накај Скопје. Се почувствував како запоставен од својата земја. Го носам со гордост дресот на Македонија, бидејќи секогаш сум давал максимум, некогаш добро, некогаш лошо и си реков сè ќе направам за да одговара тој полицаец. Слушав дека сакал да ми се јави, да ми се извини, но не ми се јавил. Ако сака нека се јави, јас сум тука ќе му простам“, раскажа Талески.

Додаде дека тој го пријавил полицаецот и дека постапката е влезена во каналите на законот, паралелно со внатрешната контрола која ја спроведува МВР.

Целиот подкаст можете да го проследите на овој линк. Во него зборува и за тоа како примал инфузии пред мечот со Алкалоид, за заминувањето во Бенфика, за понудите кои ги имал додека бил во Вардар, но и за работите кои не „штимаат“ во репрезентацијата.