Рекорден број први награди од пијано натпреварите за пијанистките од класата на проф. Христина Никоска Тасеска (ФОТО)

Со исклучителни резултати и рекорден број специјални први награди на пијано натпревари, младите пијанистки од класата на проф. Христина Никоска Тасеска: Хана Петреска (III одд.), Софија Ташкоска (III одд.), Дарија Богеска (IV одд.) и полуматурантката, Дафина Момироска, која е прогласена и за најуспешен ученик во генерација во ООМУ „Ордан Михалоски – Оцка“ – Прилеп, денеска имаа прием кај градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески. Тој беше воодушевен од нивните успеси и им честита на нивните посветеност кон музиката и пијанот, на нивните освоени награди, и им посака да постанат врвни пијанисти и големи музички имиња,со кои градот и државата ќе се гордее.

„ Драго ми е што имате можности да ги презентираат своите мајстории на пијано и да учестувата на значајни државни и меѓународни натпреварувања. А, уште подраго ми е што го крунисавте вашето знаење и со први награди. Прилеп е горд што има вакви млади музички надежи! “- истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски, при средбата со младите пијанисти од ООМУ „Ордан Михалоски – Оцка“ – Прилеп.

Најмалите од тимот, Хана Петреска, како соло пијанист се натпреваруваше на меѓународните натпревари во Штип, Врање, Кавадарци и Смедерево, каде освои 3 специјални први награди и една Прва награда во својата категорија, како и на државниот натпревар каде беше наградена со специјална прва награда, а Софија Ташкоска, настапи на повеќе сцени, каде беше наградена со: специјална прва награда на меѓународните натпревари во Штип и Смедерево, со први награди на меѓународните натпревари во Врање, Кавадарци и втора награда на Државниот натпревар. Дарија Богеска, пак, и оваа година е наградена со први награди на меѓународните натпревари во Штип, Кавадарци и Смедерево и трета награда на државниот натпревар. Додека полуматурантката, Дафина Момироска освои први награди на државниот натпревар и меѓународните натпревари во Штип, Битола, Врање, Кавадарци, а во Смедерево и беше доделена специјална прва награда и беше прогласена за лауреат во дисциплината пијано. Сите млади пијанистки, пијаното го изучуваат во ООМУ „Ордан Михалоски – Оцка“, кое нуди одлични услови за изучување на овој инструмент.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.