дома блог страница 1165

32-годишна мајка на две деца од Прилеп: “Ми дијагностицираа Хочкинов лимфом – и за најмала промена на телото одете на доктор”

Ок. Мислев дека ќе ми треба повеќе време за да прифатам што ми се случува. Да ја прифатам мојата приказна која што само почнала, и патувањето низ кое ќе минувам. Споделувам со вас една недела после операцијата,само затоа што баш тие што споделиле исто или слично искуство, мене ме направи да прифатам многу брзо, да знам дека не сум сама и дека апсолутно Господ ни дава само тоа што можеме да го издржиме – споделува на Инстаграм, Ивана (32) од Прилеп, која добила дијагноза Хочкинов лимфом по породувањето со второто дете.

Преку нејзината објава Ивана апелира да го проверуваме нашето тело и да не ги занемаруваме сигналите кои ни ги дава.

Нејзината објава на Инстаграм гласи:

-Мојот гостин е господин Хочкин. (Најблиску кажано ‘Леукемија на лимфна жлезда’) Не знам дали е баш господин,затоа што не се најави дека ќе дојди ама ајде, ќе си го викам така;)

Патување за кое не можев ни да замислам дека може да се случи, но се случува. Ме чека долг и тежок процес, сериозен но фала Богу не толку опасен. Ме чекаат хемотерапии и мал милион промени знам. Но, јас сум човек кој е искрен и верувам дека се ќе биде добро. Викаат дека многу подобро и полесно е ако споделиш со некој, ти олеснува на душата… дефинитивно тоа е така апсолутно за се.

Нема да должам… ќе си ја пишувам мојата приказна тука, ќе споделувам колку што можам и како се одвива се. Ќе пишувам многу. Затоа што и една, единствена најмала промена на нашето тело е алармче за доктор!

Тоа што ќе се борам со едно тодлерче дома и бебе во раце е уште поголема мотивација за да го испратиме непоканетиот гостин назад.
За моите симптоми, за тоа како дознав дека нешто се случува ќе споделам во наредна прилика. Please check your body.

Повторно се исполни коритото на Градска Река во Прилеп: Граѓаните во овој дел од градот повторно стравуваат од поплавувања (ВИДЕО)

Интензивните врнежи од дожд кои од синоќа го зафатија поголемиот дел од Македонија, во Прилеп повторо го преполнија речното корито на Градска Река, особено во долното течение.

Граѓаните од овој дел на градот одново стравуваат дека водата може да им навлезе во дворовите и домовите, како и при секој поголем дожд.

Проблемот е со години, па граѓаните бараат да се изнајдат начини и што поскоро да се уреди коритото на реката во овој дел од градот.

Тешка ноќ за службите во Македонски Брод: Свлечишта и голема количина воден талог (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Центарот за управување со кризи за последните 24 часа информираше за обилните врнежи од дожд и поплавите од излеаните води од речните корите. Елементарни локални непогоди се регистрирани во Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Плетвар…

Екипите на Општина Македонски Брод синоќа цела ноќ биле на терен за да ги санираат последиците од поплавените улици низ градот и на неколку свлечишта во околината.

Од фотографиите објавени на ФБ страната на општината, се гледа дека состојбата во Поречието синоќа била навистина сериозна.

Со екипите на терен бил и градоначалникот Жарко Ристески.

Хаос на патот Прилеп-Градско: Се излеа Раечка Река, патот во клисурите е под вода (Фото)

Сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп од 7:20 часот е во целосен прекин поради обилни врнежи од дожд и излевање на Раечка Река, кај село Раец.

Како што информира АМСМ, на клучката кај местото викано „Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи.

Се преземаат мерки за расчистување.

Ковачевски го одби Мицкоски: Не е време за дуели и лидерски средби

Наместо трошење време на нови дуели и лидерски средби надвор од политичките процеси, на граѓаните и на државата им е потребна обединетост, со цел земјата да продолжи по европскиот пат, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој европски пат не е пат сам за себе, ниту пак одлуката е одлука сама за себе, тоа е еден од чекорите за остварување на втората цел на државата, после членството во НАТО, зачленување во ЕУ, рече Ковачевски во интервју за Канал 5.

Прилепските гимназијалци победници на натпреварот за вселената

На 15 jуни, во ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп се одржа 4-тиот Хакатон од Првата Национална Олимпијада за Вселената. Организатори на истиот се ЊуМенс Бизнис Акцелератор и Фондацијата Голдилокс со поддршка на Американската Амбасада. Хакатонот се одржува по повод 10-годишниот јубилеј на хакатонот NASA Space Apps Challenge. Тоа е STEM натпревар во знаење и креативност за основци и средношколци.

Тимот „Team Intelligence“ од Гимназијата „Мирче Ацев“, во кој се учениците: Софија Настоска од I-6, Георги Николоски од I-4 и Никола Бонески од III-8, под менторство на професорката по физика Марина Попоска, во категоријата средношколци, го освои I (првото место).

Тимот учествуваше со сопствена изработка – Патување од Земјата до Марс со макета, едукативен и забавен стрип и сопствена презентација со анимација, видео и квиз тест кој присутните можеа да го решаваат преку QR код на екранот.

На секој од учениците им беа доделени и златни медали, што им ги врачи градоначалникот на Општина Прилеп д-р Борче Јовчески.

По одличните оценки од страна на комисијата за изработката и презентацијата, тимот го освои првото место и си обезбеди учество на финалниот настан на средината на Септември оваа година, што ќе се одржи во Скопје, кога за прв пат ќе бидат лансирани 2 метео балони Ballon SAT кои ќе летаат во земјината атмосфера до почетокот на вселената, а ќе бидат опремени со сензори и експерименти направени од победниците на регионалните натпревари.

На Софија, Георги и Никола, на професорката Марина и на нашето училиште СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ им беа доделени сертификати за успешно учество.

Зеленски: “Ако Украина изгуби, тоа ќе значи или распаѓање на НАТО или влегување на Америка во вojната”

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека поразот на Украина од Русија на крајот може да ја принуди Америка да избере помеѓу „распад на НАТО“ и самата да војува.

„Хил“ објави дека Зеленски тоа го кажал во интервју за NBC News.

– Ако Украина загуби, ако Русија ја окупира Украина, Русија ќе продолжи кон балтичките земји, Полска и така натаму. И тие ќе започнат вojна со една од членките на НАТО и во тој момент САД ќе треба да изберат меѓу распадот на НАТО и војување – рече Зеленски.

https://twitter.com/Maks_NAFO_FELLA/status/1669396546800975873?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1669396546800975873%7Ctwgr%5E18cb7f9aa8636c9e19b13435acbff32165d51c0f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4180890%2Fzelenski-upozorio-ameriku

ОЈО Прилеп со детално објаснување како настрадала 42-годишната прилепчанка: Во моментот на несреќата таа стоела на земјишниот дел од патот

Основното јавно Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Славеј за кривични дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во врска со сообраќајна несреќа која се случи на 9 јуни на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, против осомничениот 26-годишник досега се водеше постапка за предизвикување сообраќајна несреќа од полесен квалификаторен облик и по предлог на обвинителството му беше определена мерка куќен притвор во траење од 8 дена. Но, во текот на предистражната постапка се прибавија докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој сторил потешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, па надлежниот јавен обвинител отвори истрага и достави предлог да му биде определена мерка притвор.

Согласно доказите, на критичниот ден, тој управувал патничко моторно возило Фолксваген голф со прилепски регистарски ознаки, иако не ја поседувал потребната здравствена и психофизичка способност за управување со моторно возило – без очно помагало поради намалена видна функција за 50% (бинокуларно гледање). Спротивно на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движел со брзина од 74,2 км/ч на место каде максимално дозволена брзина на движење изнесува 50 км/ч. Возилото не го држел што поблиску до десниот раб на коловозот, со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето.

Кога пристигнал наспроти фабриката „Металец“ во Прилеп со тркалата од десната страна на возилото излегол надвор од површината од десниот раб на коловозот, односно на земјеното проширување, па со предниот десен дел од возилото удрил во задното тркало од велосипед марка „Ендуро“ управуван од оштетената – сега почината велосипедистка.

Во моментот на ударот таа стоела со велосипедот на земјеното проширување покрај десниот раб од коловозот, а како последица од ударот била отфрлена на тревната површина од десната страна од коловозот. При ударот оштетената добила тешки телесни повреди кои резултирале со смртна последица, а возачот на автомобилот ја оставил без помош и веднаш го напуштил местото на несреќата.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена.

Премиера на филмот “Некрстени денови” во киното “Мис Стон” во Прилеп – Филм кој освојуваше награди во Брисел, Монтреал, Буенос Аирес…

На 19 јуни 2023/ понеделник/ од 20.00 ч. во кино МИС СТОН при ЦК „Марко Цепенков“ премиерно ќе биде прикажан филмот „Некрстени денови“.

Влезници по цена од 100 денари на билетарницата од киното понеделник од 10 -12 и од 18 до 20.00 часот.

Податоци за филмот

НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ (Ballad of Piargy, 2022)                                                           Иво Трајков/ Ivo Trajkov, SK/MK/CZ, 100’

Кратка содржина

Во пролетта 1939 г. се пренесува веста дека во малото планинско село Пиарџи (Piargy), затрупано од лавина снег пред само неколку дена, се родил Антихристот. Бискупот бара точно да се истражат изјавите на Јоанка, единствената преживеана од катастрофата, за да дознае што навистина се случило.

Љубов, страст, надеж, грев и казна.

Ова се зборовите што најдобро би ја опишале атмосферата во најновиот филм на Иво Трајков, симбол на модерната Содома и Гомора.

Визуелно раскошна приказна, базирана на кратка приказна на словачкиот писател Франтишек Швантнер (František Švantner), филмот импресионира со својата оригиналност и раритетност во пристапот на темата. Преку брилијантната црно-бела фотографија тој суптилно и нетенденциозно ни доловува атмосфера на историска драма и претставува огледало на хипокризијата на моралот, религијата и патријархалната традиција во општеството – подеднакво релевантна денес, како и во периодот непосредно пред Втората светска војна.

Филмот „Некрстени денови“ во словачко-македонско-чешка копродукција има учествувано на голем број меѓународни филмски фестивали и е добитник на повеќе награди, меѓу другите и на фестивалите во Буенос Аирес, Брисел, Фестивалот на независен филм во Монтреал итн.

Oва се најдобрите: Стручното жири ги објави наградените претстави на фестивалот “Војдан Чернодрински”

Претставата „My Name is Medeja“ на Народниот театар од Битола ја доби наградата за уметничко остварување во целина на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Меѓународно жири во состав: Јанко Љумовиќ од Црна Гора, претседател и Милош Љумовиќ и Мирослав Мики Радоњиќ, членови доделија 15 награди. Не се додели наградата за текст.

Наградите ќе им бидат врачени на лауреатите вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, а во нивна чист, Српското народно позориште од Нови Сад ќе ја изведе претставата „Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски.

Уметничкиот директор Љумовиќ истакна дека „My Name is Medeja“ и „Чудна случка со кучето во ноќта“ се издвојуваа по својата естетика и по истражувачкиот театар што во нив го има. Жирито се согласи дека македонскиот театар треба да продолжи да истражува, дека актерската игра била најдоброто во сите претстави. Тие порачаа театарските менаџери повеќе да се фокусираат на домашната драма.

-Естетските и уметничките квалитети на претставата на Битолскиот театар, и ставот на режисерот Хорват кој влегува во проблемите на современоста се нешто импресивно кои ја означуваат мисијата на театарот денес. Денешниот театар ја промислува современоста преку стварноста. Очигледно има две претстави кои се издвојуваат. Тие претстави покажуваат високо постигнат уметнички резултат, ансамблите исклучително го изнесоа режисерскиот концепт – истакна Љумовиќ.
Претставата „My Name is Medeja“ ги доби следните награди: Награда за рекламен материјал за Сашо Илковски, награда за музика на Драго Ивануша, награда за главна женска улога за Илина Чоревска, награда за најдобра режија за Себастијан Хорват.

Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ во режија на Зоја Бузалковска ги доби следните награди: Награда за кореографија и сценски движења за Симон Симоновски, награда за костимографија на Елена Вангеловска и Раде Василев, награда за сценографија за Константин Трпеноски, награда за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска за улогата на Џуди, главна машка улога за Дамјан Цветановски за улогата на Кристофер Бун.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“
Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога.

Наградата за млада актерка ја добива Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.