32-годишна мајка на две деца од Прилеп: “Ми дијагностицираа Хочкинов лимфом – и за најмала промена на телото одете на доктор”

Ок. Мислев дека ќе ми треба повеќе време за да прифатам што ми се случува. Да ја прифатам мојата приказна која што само почнала, и патувањето низ кое ќе минувам. Споделувам со вас една недела после операцијата,само затоа што баш тие што споделиле исто или слично искуство, мене ме направи да прифатам многу брзо, да знам дека не сум сама и дека апсолутно Господ ни дава само тоа што можеме да го издржиме – споделува на Инстаграм, Ивана (32) од Прилеп, која добила дијагноза Хочкинов лимфом по породувањето со второто дете.

Преку нејзината објава Ивана апелира да го проверуваме нашето тело и да не ги занемаруваме сигналите кои ни ги дава.

Нејзината објава на Инстаграм гласи:

-Мојот гостин е господин Хочкин. (Најблиску кажано ‘Леукемија на лимфна жлезда’) Не знам дали е баш господин,затоа што не се најави дека ќе дојди ама ајде, ќе си го викам така;)

Патување за кое не можев ни да замислам дека може да се случи, но се случува. Ме чека долг и тежок процес, сериозен но фала Богу не толку опасен. Ме чекаат хемотерапии и мал милион промени знам. Но, јас сум човек кој е искрен и верувам дека се ќе биде добро. Викаат дека многу подобро и полесно е ако споделиш со некој, ти олеснува на душата… дефинитивно тоа е така апсолутно за се.

Нема да должам… ќе си ја пишувам мојата приказна тука, ќе споделувам колку што можам и како се одвива се. Ќе пишувам многу. Затоа што и една, единствена најмала промена на нашето тело е алармче за доктор!

Тоа што ќе се борам со едно тодлерче дома и бебе во раце е уште поголема мотивација за да го испратиме непоканетиот гостин назад.
За моите симптоми, за тоа како дознав дека нешто се случува ќе споделам во наредна прилика. Please check your body.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.