дома блог страница 1166

Шестмина диви копачи од Прилеп со yкpaден багер копале на археолошко наоѓалиште

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Х.К.(38), С.М.(39), И.П.(48), Д.П.(34), Ц.М.(33), Д.Т.(41), сите од Прилеп и Т.Д.(46) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

На 27.04.2022, пријавените со багер, кој претходно бил пријавен за украден, отишле на археолошкото наоѓалиште во атар на село Горно Село, на место викано „Големи камења“, каде што дел од нив вршеле ископ, а дел од групата чувале стража.

Орбан: “Никогаш не сме биле поблиску до Трета cветска вojна”

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска за унгарското национално радио изјави дека светот е поблиску од кога било до уште една светска војна.

Орбан истакна дека лидерите на западниот свет се „погодени од вoeна треска“, и дека држат говори во кои повикуваат на победа во вojната и испраќаат сè поопасно opyжје во Украина, пренесува агенцијата МТИ.

„На Унгарија и требаат ефективни вoopyжени сили, а владата работи на зголемување на бројот на вojници, нивната посветеност на татковината и нивниот повик, нивното ниво на обука и нивниот јавен углед“, рече Орбан.

„Фактот дека сме за мир не значи дека треба да бидеме беспомошни“, рече Орбан.

Орбан најави дека Унгарија ќе продолжи да става вето на мерките кои би предизвикале „најнепосредна штета“ на економијата на земјата, пишува Telex.hu.

„Ако Европската унија утре ги укине санкциите против Русија, инфлацијата веднаш би се преполовила, а потоа постепено би се вратила на 2-3 отсто“, заклучи Орбан.

Николоски од Брисел како дел од Европскиот избор на 40 највлијателни личности под 40 години (ВИДЕО)

Во овие три дена сум во работна посета на Брисел каде што имам чест да бидам дел од изборот на 40 највлијателни личности во Европа под 40 години. Овој престижен избор на пријателите на Европа обединува околу себе политичари, бизнисмени, новинари, активисти и борци за човекови права од сите страни на Европа. И навистина е привилегија да се биде во еден ваков избор и да се претстават состојбите во Македонија, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Разговараме за состојбата во економијата во Македонија, за состојбата во политиката во Македонија, разговараме за можностите кои што Македонија ги нуди како потенцијално место за инвестиции. Но, исто така разговараме и за проблемите кои што и се случуваат во Македонија. За жал во Македонија корупцијата цвета, а економијата тоне. Ова високо ниво на корупција ги уништува сите шанси за напредок на државата. Високото ниво на корупција и организиран криминал ги одвраќа инвеститорите од инвестиции во Македонија, а ги тера младите да ја барат перспективата надвор. И затоа дискутираме како можат овие состојби да се променат. Јас зборувам дека се потребни брзи предвремени избори на кои што ќе дојде до промена во Македонија и една влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе го постави патот напред кон економски просперитет и борба со организираниот криминал и корупција. Но, исто така и кон достоинствена Македонија и достоинствен македонски народ, со заштитен македонски јазик , македонски идентитет, признат и прифатен од сите, истакна Николоски.

За тоа зборувам и со претставници на Европската комисија, тука се претставници и потпретседателот на Европската комисија, тука е премиерот на Естонија, тука се бројни европски пратеници како и пратеници од националните парламенти, додаде Николоски.

Падна одлука: Се намалува цената на тестенините и млечните производи – Еве колку ќе чинат од 17 март

Цената на тестенините ќе биде намалена за околу 15%, а млекото и млечните производи за 10% одлучи Владата.

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција образложи дека сумата се одредува според малопродажната цена на 1 март.

Со одлуката за тестенините се опфатени макароните и шпагетите. За овие продукти се укинуваат и увозните царински давачки од 13 март до 31 мај 2023 година. Одлуката, пак, за млечните производи која ќе биде во сила од 17 март до 31 мај 2023 година се однесува на трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.

Намалените цени ќе важат од 16 март.10T13:36:58+00:00″>

Падна 29-годишен дилep од Битола: Полициjaта му пpoнajде повеќе видови дpoга во домот

На 09.03.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 3.Б.(29) од Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Зајкова: Не само апанажата, да се укинат и паушалите што се колку четири просечни плати

Никогаш не би земала апанажа затоа што ќе се вратам на својот професионален ангажман во областа на правото, рече пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова во гостувањето на Алфа, коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд кој минатата недела ја укина апанажата за функционерите кои ќе поднесат оставка.

– Кога го отвораме прашањето за апанажата како бенефиција, треба да ги отвориме и другите прашања, а тоа е колку во институциите има управни и надзорни одбори каде што членуваат луѓе кои што согласно законите “земаат” до 4 просечни плати, отприлика околу 150 до 200 илјади денари паушал за само едно појавување на седница на Управен одбор, додаде таа.

Зајкова посочи дека имаме низа на агенции, тела кој што јавноста воопшто не ги познава, а земаат огромни примања.

Уставниот суд минатата недела го укина членот 22 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери, односно се губи правото на „Апанажа”.

Оттаму објаснија дека укинувањето на членот 22 значи дека пратениците, функционерите и раководните работници кои поднеле оставки или се разрешени од должноста пред истекот на времето за кои се избрани, именувани или назначени нема да ги имаат сите права како останатите вработени, вклучувајќи го и правото на надоместокот, популарно наречен „Апанажа”.

За вас едно кафе помалку, за неа живот: Да и’ помогнеме на Наташа, прилепчанка која боледyва од редок вид на paк

Да и’ помогнеме на Наташа Јорданоска, 52-годишна прилепчанка чиј живот целосно се промени пред 2 години кога и’ беше дијагностициран редок вид на рак на левата страна од лицето.

Наташа и нејзиното семејство пробаа се’ што може да се проба во нашата држава. Таа имаше 2 операции и земаше терапија која до неодамна даваше резултати, но канцерот повторно почнал да прогресира.

Левата страна од лицето и’ е целосно уништена, па потребно е отстранување на туморот и реконструктивен зафат.

После голем број консултации, семејството дошло до сознание дека потребен е третман и операција која може да се изврши само во Турција, но семејството не може да си ги дозволи потребните средства во висина од 50.000 евра и има потреба од помош од сите хумани граѓани.

“Нашата мајка е борец, минатата година го загуби и сопругот, нашиот татко, кој почина од рак. Се надеваме дека ќе успееме да и’ дадеме шанса да живее подолго, затоа што таа тоа го заслужува посл се’ низ што помина. Ви благодариме”, пишува семејството во апелот за помош.

Донирајте по 100 денари на телефонските броеви: За корисниците на Телеком (143-161) и за корисниците на А1 (143-488)

Исто така може да донирате и директно на жиро сметка:
(За нашинците од странство)
Број на сметка 02-307-0536565.8 Методија Јорданоски / Комерцијална банка АД Скопје / IBAN MK07300307053656594 / SWIFT KOBSMK2X

За Македонија:
Жиро сметка: 300027077259812 на име Методија Јорданоски

Естрадата треба да учи од него: Познатиот пејач од Прилеп е позитива на денот (ВИДЕО)

Велат дека човек кој ги сака животните, ги сака и луѓето. Ако е така, тогаш нашиот естраден пејач Оливер Лозаноски е човек со големо срце.

Го начекавме како ги храни птиците на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” во Прилеп и ужива во нивното присуство.

Секоја чест!

Понесете чадор: Се очекуваат повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер (над 70 км/час), локално и во форна на невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд.

Попладне во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Земjoтpec вечерва ја cтpece Македонија – Најмногу почувcтвyван во Битола

Вечерва во 21 часот и 59 минути е почувствуван земјотрес во подрачјето Битоал- Лерин со јачина од 3,3 степени по Рихтер.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 09.03.2023 година регистрираше земјотрес 125 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Битола-Лерин.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 21 часот и 59 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.3 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината.