дома блог страница 1164

Ѓорѓиевски: За година и 6 месеци имаме асфалтирано над 40 километри улици во Кисела Вода

„ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија чии темели се засноваат токму на постоењето и на работењето за подобра Република Македонија. Ние сме вистински показател како се работи со душа и со срце, и како се сака Република Македонија“, истакна Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ на тема „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“.

Ѓорѓиевски посочи дека владата нема компас подолг временски период. И затоа се потребни на Република Македонија итни и неодложни промени односно избори час поскоро и нов премиер, а тоа е Христијан Мицкоски. Токму Христијан Мицкоски ќе покаже како државата се сака со дела, а не со празни зборови и криминал како што тоа го прави Социјалдемократскиот сојуз години наназад.

„Јас наследив општина која што не четири туку повеќе години беше во еден зимски сон практично во хибернација. Општина која што имаше огромни проблеми поврзани најмногу со подземната инфраструктура и надземната инфраструктура. Општина која што јас ја затекнав со над 3 ипол милиони евра долг, морам да потенцирам над 3 ипол милиони евра долг“, нагласи градоначалникот на Кисела Вода.

Тој додаде дека од денешна перспектива Општината денес нема долг. А, патем има реализација на проекти како никогаш досега во општината.

„Кога сме кај подземната инфраструктура морам да истакнам дека за година и половина колку што јас и мојот тим ја администратираме општината Кисела Вода имаме изградено канализациони системи и мрежа на над 6 километри. Водоводна мрежа над 4 ипол километри, и една бројка импозантна која што Владата ја нема сработено за години наназад, а тоа е во однос на средување на патната инфраструктура и асфалтирање за година и шест месеци имаме асфалтирано над 40 километри улици во Кисела Вода. Нешто што не се случило во општината 30 години наназад и нешто што Владата не успеа за седум години“, нагласи Ѓорѓиевски.

Тој рече дека над 400 дечиња чекаа да бидат запишани во градинки, сега во моментов по отворање на две нови градинки за година и половина списокот е намален на само 110 деца. Во тек е нова реконструкција на еден објект, а за два месеци од денес започнуваме со изградба на уште една градинка.

Мицкоски: Изборите нема да бидат порака од народот за уставните измени, туку многу повеќе за тешкиот живот, доаѓа време за одговорност за сите кои краделе на грбот на народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната трибина „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“ истакна дека наредните избори нема да бидат само порака од народот за тоа што тој мисли за уставните измени, туку многу повеќе од тоа, порака од народот за оваа власт што тој мисли за реалниот живот кој е тежок, сиромашен, и многу несигурен.

– Овие избори ќе бидат многу повеќе порака од народот до власта за скапиот живот, инфлацијата која е двоцифрена и највисока во Европа, за немањето на здравствен систем, за корупцијата по судовите, обвинителството, за врските-непотизмот, криминалните тендери. Ова ќе биде и порака на оние добри луѓе кои со месеци молат пред вратите на институциите и се уште го немаат лекот Трикафта. Овие избори ќе бидат и порака на младите на кои им ги одземаа сите шанси, порака на докторите, медицинскиот персонал кој го обезвреднија, на земјоделците чија мака е неплатена, на невработените, но и вработените со ниски плати, на родителите кои треперат за своите деца, на сите оние храбри луѓе кои пред налетот на тешкиот живот им удираат по достоинството, на успешните луѓе кои ги прават со сила да се чувствуваат губитници, на пензионерите со кои си поигруваат, порака на сите нив на кои треба да им кажеме готово е, доаѓа крајот, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека готово е, ова мора да заврши со убедлив триумф на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на следните парламентарни избори

– Се запрашал ли секој од вас каде одат парите. Зошто тие се толку богати, а народот толку сиромашен. Зошто секој тендер на државата има однапред добиен понудувач. Зошто има пари за службени возила, а нема за нови клупи на училиште. Зошто има пари скапи државни прослави, разни државни форуми, а нема пари за грижа за болните од ретки болести. Зошто тие живеат во хациенди, а народот нема ни за сметки за струја. Одговорот е јасен, затоа што тие се богатат со потта и над несреќата на овој народ. И доаѓа времето за она што се вика одговорност. Време е за одговорност, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека дојде времето кога мора да се порамнат сметките со оние кои краделе и се богателе на грбот на овој народ.

– Одговорноста не е закана, туку мое ветување и нужен процес за секого, без разлика на вера, нација или било каква припадност или неприпадност, рече Мицкоски.

Командирот разоружал полицаец од Житоше, причина синоќешниот инцидент на плоштадoт во Прилеп?

Во полицискиот билтен на МВР денеска информираа за тепачка која синоќа околу 1 часот полноќ се случила на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” во Прилеп.

-На 17.06.2023 во 04.50 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека околу 01.00 часот на плоштад во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Р.(19) од Прилеп заедно со уште неколку лица од една страна, и С.Л., О.Ш. и уште едно лице, од друга страна – стои во соопштението од МВР.

Маркукуле неофицијално дознава дека еден од актерите во синоќешната тепачка бил и полицаец од Житоше.

Се шпекулира дека биле провоцирани малолетни девојчиња, и тоа било причината за поголем инцидент.

Еден од актерите, како што коментира чаршијата, денес бил повикан од командирот на ПС Прилеп и му било наложено да го врати оружјето, кое го имал задолжено на своето работно место.

Водата на Градска Река во Прилеп однесе пешачко мовче (ВИДЕО)

Интензивните врнежи од дожд кои во изминатото деноноќие го зафатија поголемиот дел од државата, во Прилеп повторно го преполнија вештачкото езеро, а со тоа и коритото на Градска Река.

Водата одново носеше се’ пред себе, а настрада и едно од пешачките мовчиња во горното течение на реката.

Новиот директор на Тутунски Комбинат на трибините на арената “Филип Втори” (ФОТО)

Новиот директор на Тутунскиот Комбинат во Прилеп и претседател на општинската организација на партијата, Зоран Пачешкоски, во видно расположение со сопартијци, го следеше натпреварот помеѓу Македонија и Украина на aрената “Филип Втори”, или “Тоше Проески” по ново.

На фотографијата се и новиот директор на Царина, Стефан Богоев, како и пратеникот Дарко Каевски, кои заедно со Пачешкоски сигурно навивале за Македонија, или за “Северна”, како што тие милуваат да ја нарекуваат…

Расположението веројатно им се расипало, откако Македонија загуби со 2:3 од Украинците, иако водеше со 2:0 на полувремето.

(Видео) Силно невреме го зафати регионот: Вонредна состојба во 42 општини – во овие градови е најкритично

Во повеќе од 50 српски општини е прогласена вонредна состојба, а во текот на ноќта се евакуирани 125 лица. Водата го однела мостот на Ибарската магистрала во градот Адрани кај Краљево, така што дел од автопатот кон Чачак е во прекин, пренесуваат српските медиуми.

Моментално најкритична е состојбата во Јагодина, Трстеник, Брус, Косјериќ, Сокобања, каде се излеале реките, а бранот се движи кон Куршумлија, Прокупље и Дољевац.

Македонски автобус полн со патници во последен момент запрен пред да се урне мостот на Морава

Само 20 минути пред надојдената Западна Морава да го уништи мостот што ги поврзува чачанските села Мрчајевце и Слатина, сообраќајната полиција спречи автобус со македонски регистарски таблички полн со патници, кој и покрај одлуката да се запре сообраќајот преку тој мост, се обиде да го премине на другата страна објавија српските медиуми.

– Не се знае што ги навело Македонците до тој пат, можно е да следеле лоши навигациски карти, кои одамна не се ажурирани, но доколку автобусот се појавел на и онака небезбедниот мост во моментот кога неговите столбови биле силно еродиран од поројот – тоа би било огромна трагедија пишуваат српските медиуми.

Мостот на Западна Морава рано утринава пред изливот на надојдената река беше целосно уништен поради обилните врнежи што го зафатија Чачак и околината. Поплавите се смируваат, но се уште прават големи проблеми. Припадниците на Цивилната заштита во текот на ноќта работеа на испумпување на водата на каналот за наводнување за да не се излее и да не се поплави населбата Кеј.

(Фото галерија) Доделени наградите на 57. издание на МТФ “Војдан Чернодрински” во Прилеп

Осум дена, многу изодени километри, многу нови пријателства, неколку ситни предизвици и полни срца љубов е билансов на годинешниов фестивал. Се надевам дека ви беше на сите убаво и дека се почувствувавте добредојдени. Ќе ми простите за сите ненамерни грешки имајте ја предвид големата слика, а тоа е успешен фестивал. Се надевам дека ќе имате разбирање дека оваа работа ја учам и дека од срце сакам, навистина, Прилеп да е град театар! – рече Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот „Војдан Чернодрински“ синоќа на доделувањето на наградите на 57. издание во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

-Во моменот кога го замислив фестивалов, знаев дека сама нема да можам да го реализирам, за тоа му благодарам на целиот колектив од Центарот, на сите волонтери и пред сè на мојот одличен тим, без кој овој фестивал немаше да биде ова што го гледавте претходниве денови низ Прилеп. Министерство за култура, Град Прилеп, сите општествено-одговорни компании, драги пријатели и соработници на фестивалов, моево благодарам не е само збор изговорен пред многу луѓе, туку е емоција од срцево што ја носам до сите вас! Како што еднаш рече еден од најзначајните театарски уметници кој не е повеќе меѓу нас: „Јас сум со своите избори во мир, мирно спие волкот во себе”. Мене ми е важно да го славиме театарот и пред сè, нашата заедничка креативна работа. Ние не застануваме тука, моја цел е фестивалот да живее секој ден, секоја недела, секој месец, цела година! – истакна Стојаноска.

За наградите одлучуваше меѓународното жири во состав на: Јанко Љумовиќ, претседател, Милош Латиновиќ и Мирослав Мики Радоњиќ, членови.
Радосни, емотивни и благодарни беа сите наградени театарски уметници кои дојдоа во Прилеп по своите признанија. Најбурни аплаузи и овации од публиката во салата доби актерот Дамјан Цветановски, кој ја доби наградата за машка улога за ликот на Кристофер во претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар.

Цветановски им се заблагодари на фестивалот, на жири комисијата, на неговата матична куќа.

-Им благодарам на целиот тим на Драмски театар што сакавме да направиме нешто значајно и мислам дека во некој дел од тоа успеавме. И благодарам на режисерката Зоја Бузалковска што ми ја даде оваа одговорност и имаше храброст да ми ја укаже оваа прилика и да не се плаши за тоа што ќе направиме заедно. Да се заблагодарам на мајка ми, брат ми и на крајот да му се заблагодарам на човекот кому ја посветувам оваа награда – Владе Цветановски – Каначката, човекот што ме вдахнови со оваа љубов што ја имам за театарот, само со љубов беше направено ова што го наградивте. Татка, џам свиткавме! – рече Цветановски.

Наградата за најдобро остварување на фестивалот ја доби Народниот театар од Битола за „My Name is Medeja“ во режија на Себастијан Хорват. Наградата ја прими Иван Јерчиќ, актер и директор на театарот.

-Ви благодарам за сите. Во Битола многу сакаме награди, се трудиме и работиме многу. Благодарам на жирито, кое беше составено од вистински театарски „тешкаши“ во вистинска смисла на зборот кое ја препозна идејата дека ние сакаме да работиме современ театар што ќе кореспондира со денешницата, ќе биде свеж, ќе поставува прашања – рече Јерчиќ.

За истата претстава, актерката Илина Чоревска ја доби наградата за најдобра женска улога за ликот на Медеја.

-Медеја го има само насловот и сите референци што ги носи текстот на Еврипид, но оваа Медеја е млад човек во странска земја кој се соочува со денешни реални проблеми и токму поради тоа е големината на оваа претстава. Среќна сум што ја добив наградата која доаѓа во мој тежок животен период – рече Чоревска.

Во чест на наградените, Српското народно позозиште од Нови Сад ја изведе претставата „Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски.

57. издание на фестивалот годинава понуди богата програма со претстави во официјална програма, проследивме пет претстави од независната продукција што игра домашен автор, дипломски претстави, многу разговори, дискусии за претставите, промоции на книги.

Синоќа тепачка помеѓу две групи во центарот на Прилеп

-На 17.06.2023 во 04.50 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека околу 01.00 часот на плоштад во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Р.(19) од Прилеп заедно со уште неколку лица од една страна, и С.Л., О.Ш. и уште едно лице, од друга страна.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Еве зошто е полно коритото на Градска Река во Прилеп: Водата од езерото буквално прелева преку браната (ВИДЕО)

Вработени во А.Д. “Водостопансво на Р.М.” подружница “Прилепско Поле”, сведочат дека прилепското вештачко езеро одамна немало олку вода.

Водата буквално прелева преку браната, па затоа и коритото на Градската Река е речиси преполнето. Причина за тоа се интензивните врнежи од дожд изминатите недели.

Еве како изгледа кога водата од езерото прелева преку браната: