Институциите се обидуваат да се справат со овој проблем.
Вчера во ОВР Прилеп, М.А.(39) од Битола пријавил дека во населба Тризла во Прилеп бил каснат од куче скитник.
Во изминативе 24 часа уште едно лице поднесе пријава до ОВР Прилеп. Д.Ц.(73) од с.Небрегово, прилепско, пријавила дека на ул.„Илинденска“ во Прилеп била касната од куче скитник.
Агенцијата за вработување ги објави јавните повици од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2023 година. Една од најпривлечните за невработените во изминатите години се покажа мерката Самовработување со грант, преку која има можност да се добие неповратна помош за свој бизнис.
Како што е наведено во огласот, мерката опфаќа: oбука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини“, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите и грант во износ од 307.500 денари по корисник.
Право на аплицирање имаат: невработени млади лица до 29 години, невработени лица со попреченост, невработени лица – мажи до 60 години и жени до 58 години, жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство, невработени лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис-мажи до 60 години и жени до 58 години, невработени лица Роми – мажи до 60 години и жени до 58 години, невработени лица поради корона вирус-мажи до 60 години и жени до 58 години и невработени лица повратници (повратниците од странство припадници од Ромската заедница и други лица во ризик од социјално и економско исклучување кои влегуваат во потенцијални повратници во иднина во општините Шуто Оризари, Штип и Прилеп)
Аплицирањето е до 19 мај, а заинтересираните треба да се обратат во Центарот за вработување.
– Програмата за практиканти им дава можност на студентите да се запознаат со она што им претстои во кариерата во областа на осигурувањето.
Како општественo одговорна компанија, СН Осигурителен Брокер АД Битола овозможува програма за практиканти преку која настојува да го поддржи потенцијалот на младите, нивната креативност и амбицијата за напредување.
Програмата за практиканти им дава можност на студентите да се запознаат со она што им претстои во кариерата во областа на осигурувањето која ја избрале запишувајќи се на Факултетот за туризам и угостителство.
Истата се реализира како дел од соработката на СН Осигурителен Брокер АД Битола со факултетите од Универзитетот „Свети Климент Охридски – Битола“.
„Преку практично запознавањето со сите сегменти на нашето работење, на студентите од соодветните струки им овозможуваме практикантска работа која има големо значење за нивното професионално надоградување. СН Осигурителен Брокер и во иднина ќе ја продолжи таквата пракса со тенденција на зајакнување на капацититете на младиот стручен кадар и тоа создавање на поголеми можности за вработување во секторот на осигурувањето.“-велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.
Јован Ристевски и Јована Стојановска, студенти на „Факултетот за туризам и угостителство“ – Охрид, на отсекот осигурување во моментов се на практикантска работа во оваа општествено одговорна компанија. Тие велат дека практичната работа им овозможува непосредно да почуствуваат што значи да се работи во секторот на осигурувањето.
„Факултетот за туризам и угостителство нуди одлични услови за нас студентите, а отсекот осигурување најмногу го привлече мојот интерес. Праксата во СН Осигурителен Брокер во Битола верува дека многу позитивно ќе влијае на вкупните резултати од нашето студирање.“-вели Стојановска.
И Ристевски очекува голем бенефит од практичната работа.
„Постојано сакам да се надоградувам во текот на моето студирање и затоа праксата многу ми значи. Стручниот тим на оваа компанија, вложи голем труд и ни пренесе вредни искуства, како едно од водечките брокерски друштва во секторот на осигурувањето.“-вели тој.
Од СН Осигурителен Брокер велат дека соработката на образовниот кадар и компаниите ги зголемува професионалните капацитети на младите, што е особено значајно на пазарот на трудот.
-На 09.05.2023 во 12.20 часот во населбата Точила во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги привеле К.М.(42) и Е.Ч.(36), двајцата од Република Албанија, затоа што, при извршена контрола заедно со Државен инспекторат за труд на градилиште на станбена зграда, биле затекнати при вршење работни задачи без дозвола.
Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка – информираат од МВР.
Актерката Весна Бејби Петрушевска го „парталоса“ министерот за образование Јетон Шаќири за гледањето во неговиот мобилен телефон за време на дебатата за насилството во училиштата.
ВОЛ* на дебата за насилството во школите.
Предлог: Да се забрани тик-ток на дебатите „дали да се забрани тик-ток“.
Горан Ангелов – Ќосето, кој е еден од осудените уставобранители има потреба од помош од секој хуман граѓанин.
Поради скинат мускул, раката почнува да му станува нефункционална, па според неговото пишување на социјалните мрежи, потребна е операција во некоја од приватните клиники. За ова Ангелов бара помош од сите хумани граѓани, а во неговата објава на Фејсбук објави и специјалистички извештај и трансакциска сметка.
Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паѓаат поради неочекуваниот пораст на залихите на нафта во Америка, додека инвеститорите очекуваат податоци за инфлацијата во таа земја. Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ е пониска за 52 центи или 0,7 отсто и сега изнесува 76,92 долари за барел.
Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 49 центи, или 0,7 отсто, на 73,22 долари за барел.
Аналитичарите велат дека зголемувањето на залихите на сурова нафта во Америка за околу 3,6 милиони барели е можен знак за пад на побарувачката, додека залихите на бензин исто така се зголемуваат за 399.000 барели. Претходно, аналитичарите предвидуваа пад на залихите на сурова нафта.
Во текот на денот ќе биде објавен потрошувачкиот индекс во Америка за април.
Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Англија – Македонија кој ќе се одигра на 19. јуни, 2023 г. на стадионот Олд Трафорд во Манчестер ќе бидат пуштени во продажба во 10.00 часот наутро на 10. мај, 2023 година.
Билетите, кои ќе бидат со цена од 30 и 40 британски фунти, ќе можат да се купат директно од Англиската Федерација на следниот линк.
Билети за лица со попреченост ќе може да се нарачаат на следниот телефонски број: 0800 093 0824
На навивачите на македонската репрезентација кои се резиденти во Обединето Кралство билетите по купување ќе им бидат доставени до домашна адреса. Останатите навивачи на македонската репрезентација кои ќе купат билет за натпреварот ќе добијат електронски ваучер кој на ден на натпреварот ќе треба да го заменат за физички билет на означена локација во близина на стадионот.
Важни напомени за посетителите на натпреварот:
-Стадионот Олд Трафорд има рестриктивна политика за носење на лични торби. Деталите можете да ги погледнете тука
-Стадионот Олд Трафорд работи без размена на готовина. Ниту еден од киосците нема да прима готовина за плаќање, ќе мора да имате платежна картичка.
-Деца на возраст до 14 години мора да бидат во придружба на возрасно лице.
На денешен ден, пред 34 години, на 10 мај 1989 година, битолчанецот Димитар Илиевски Мурато, како прв македонски алпинист се искачи и го освои највисокиот планински врв на светот Монт Еверест (8.848 метри).
Македонската јавност никогаш нема да го заборави разговорот меѓу Димитар Илиевски-Мурато и членовите на македонската алпинистичка хималајска експедиција, што го водеа тој ден на Хималаите и легендарната фотографија на Димитар снимена на врвот на планетата, точно во 18 часот по локално време.
– Диме како си? (прашуваат од македонската хималајска експедиција)
– Ептен убо…, одговора Диме, по битолски…
– Диме сите сме горди со тебе! Браво Диме!
– И ние тука сме среќни, одговора Диме, придружуван од локалните шерпаси Сонам и Аџива и двата планинари од Хрватска и Словенија, Стипе Божиќ и Вики Грошељ, сведоци на историскиот настан.
Македонија! Мацедонија! Е,ееее Македонија – пееја, тогаш македонските планинари и неколку Шерпаси.
Како што е познато на 10 мај 1989 година Димитар Илиевски-Мурато, член на македонската алпинистичко-хималајска експедиција „Еверест 89“ се искачи на највисокиот врв на светот, развиори знаме, и дури 80 минути бил на највисоката точка на планетата Земја, но за жал не успеа да се врати до базниот логор, останувајќи вечно на Хималаите.
Македонските планинари, организирани од планинарскиот спортски клуб-ПСК „Пелистер“ и годинава масовно ќе учествуваат на планинарски марш кој ќе се одржи в сабота на 13 мај на Пелистер.