дома блог страница 1153

На 18. и 19. мај “Денови на Крали Марко” во Прилеп

Денови на Крали Марко е манифестација во организација на Општина Прилеп, со која преку разни активности се одбележува годишнината од загинувањето на легендарниот крал и се промовира Прилеп како град каде што живеел истиот.
Програмата по повод одбележувањето на смртта на овој средновековен владетел, познат по бројни јунаштва и подвизи, кој го следат стотици македонски и балкански приказни, песни, преданија, митови и легенди е следна:

Четврток 18.05.2023г

– Во амбиентот на црквата Св.Никола ќе настапи Православниот црковен хор Св. Петка, заедно со Вокалниот ансамбл Пелагонитиса. Истите ќе се претстават со програма од Паскалниот период, а во текот на изведбата публиката ќе има можност да слушне интересни информации за осумвековното постоење и историјата на оваа црква.
Почеток: 19.00ч

Петок 19.05.2023г

Концерт на Драган и Ратко Даутовски во амфитеатарот кај Слонот. По пауза од една деценија, прилепската публика ќе може да го проследи настапот на репрезентот на македонската музика и култура Драган Даутовски, кој ќе настапи во подножјето на Марковите кули во придружба на Ратко Даутовски на удиралки. Драган Даутовски е исклучителен музичар и професор, посветен на истражување на македонскиот музички фолклор и фолклорно богатство. Одржал голем број концерти и настапи на музички фестивали низ целиот свет, на кои што го промовирал македонскиот автентичен, традиционален етно звук.

На Пелистер се гради новиот Авантуристички парк за возрасни и деца

Националниот парк „Пелистер“, годинава ќе го добие првиот Авантуристички парк за возрасни и деца, со цел збогатување на својата туристичка понуда, развој на локалната економија и една поширока димензија, воспоставување нови и зацврстување на веќе постојните релации на прекугранична соработка на Република Северна Македонија и Република Грција.

На терен забрзано се работи на паркот кој изобилува со привлечни содржини, искачување на карпи, зип линија, адреналински паркови за деца и возрасни, други атрактивни содржини, форми со интересни детали кои би го направиле престојот на Пелистер уште попривлечен.

Паркот почна да се гради во декември минатата година, а треба да биде комплетно реализиран до крајот на 2023 година.

Изградбата на паркот е под палката на Јавната установа – Национален парк „Пелистер“- Битола, а се гради преку проектот насловен „Авантура преку границата“ со акроним advenTOUR. кој се спроведува во рамките на INTERREG ИПА Програмата за прекугранична соработка на Република Грција – Р.С. Македонија, 2014-2020.

Партнери во проектот се Младинско христијанско здружение – Солун/ИМКА Солун, Грчка национална туристичка организација/GNTO и Национален парк Пелистер – Битола.

Вкупен договорен буџет на проектот изнесува 653.670 евра, а додека вкупниот буџет за НП „Пелистер“ изнесува 203.500 евра. Министерството за локална самоуправа се јавува како ко-финансиер со поддршка од 15 проценти од вкупната сума за изведба на проектот. Во паркот свој придонес има и Општина Битола, која издвои средства во вредност од 2.4 милиони денари за дополнителни содржини.

Паркот е поставен на поширока локација, воглавно над вилата „Седум кладенци“ каде е сместен Инфо – центарот на Националниот парк, на надморска височина од околу 1.400 метри, односно на површина која се протега до под хотелот „Молика“ на Пелистер.

Фирмата „Балкан – нет логистик“ од Битола работи на изградба на паркот, а во тимот се вклучени професионалци со претходно искуство, со лиценци и сертификати за исполнување на стандарди за вакви изведби. Во изведбата на паркот се запазуваат сите стандарди за квалитет на материјалите и безбедноста на содржините. Безбедносните сајли, вградените елементи, се од висококвалитетни нерѓосувачки материјали.

На терен се привршуваат градежните активности што подразбира две зип линии – една за помладите посетители и втората за повозрасните, како и изградба на две патеки за искачување по карпи, авантуристичка атракција позната како Виа-ферата. Патеките за искачување по карпи се со вертикални и хоризонтални линии.

Композициите се веќе завршени во својата изведба и се очекува да претставуваат вистински предизвик не само за рекреативците, туку и за професионалните качувачи по карпи.

Во склоп на паркот ќе се градат и мали придружни објекти, како и ревитализација и соодветно уредување на патека по Камењар, уредување и ревитализација на пешачка патека – детска едукативна патека, уредување и ревитализација на велосипедска патека од село Магарево – Голема Ливада – Цапарска Пресека – Инфо-центар.

Во целост, со отворањето на Авантуристичкиот парк, ќе се создадат можности за нови туристички понуди на Пелистер, во исто време нови можности и придобивки за ЈУНП „Пелистер“ Битола и за локалната заедница.

Проектот Авантуристички парк, се смета за еден од поголемите инвестициски проекти во Национален парк „Пелистер“ -Битола од неговото основање од 1948 година.

Владата одлучи, вработените во сите јавни здравствени установи ќе добијат покачувања од 3.000 денари, 2.500 денари и 2.000 денари

Покачувањата од 3.000 денари, 2.500 денари и 2.000 денари ќе добијат сите вработени во јавните здравствени установи, одлучи Владата на последната седница. Оттаму информираат дека министерот за здравство Фатмир Меџити ќе го потпише Анексот со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, со што се овозможува зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството.

„Владата на Република Македонија ги овласти и директорите, односно в.д. директорите на јавните здравствени установи, да ги потпишат поединечните колективни договори, со кои се врши зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството, почнувајќи со исплатата за плата за месец март 2023 година“, наведено е во соопштението од Владата.

На 20 март синдикатите од здравство кои неколку часа пред најавениот протест, беа на средба во Министерството за здравство, постигнаа договор. Според договореното, бруто покачување со мартовската плата од три илјади денари требаше да имаат сите сестри, а две илјади денари за сите останати од помошно-техничкиот персонал, администрација и доктори. Со тоа, 11 илјади вработени во здравството се изедначуваат со минималната плата.

Си може: Премиерот во официјална посета на САД си ги зел жената и децата

Работа и задоволство. Премиерот на американска турнеја во придружба на семејството. Димитар Ковачевски заедно со сопругата Елена Ковачевска и малолетните ќерка и син најпрвин беше неколку дена во Њујорк, а потоа и во Вашингтон.

Од Владата цел ден не одговараат на прашањата на Алфа во кое својство е заминато и семејството на премиерот, кој платил за авионските билети, за хотелското сметување, дали е ангажирано и дополнително обезбедување, колку чини сето тоа.

Портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа, цело утро го одолговлекуваше одговорот, а потоа и престана да крева на телефон.

Од Илинденска не кажуваат ниту колку члена брои целата делегација, но Алфа неофицијално дознава дека се заминати речиси 30 луѓе.

Инаку на официјалните страници на социјалните мрежи се објавени повеќе фотографии и видеа од средби на премиерот каде е придружуван од неговата сопруга, но никаде не се споменува дека во Соединтите Држави си ги понел и децата.

Досега, Македонија не памети функционер кој во официјална работна посета со себе го понел цело семејство, а ниту еден странски владин претставник не ни дошол во официјална посета носејќи ги со себе сопругата и децата коментираат за Алфа пиар лица кои со години работат протокол во државни институции.

Премиерот во САД замина на 2 мај, а денеска заедно со цела делегација треба да слета на аеродромот во Скопје.

Ова не е прв пат Димитар Ковачевски да си го зема и семејството на официјални патувања. Лани во мај замина во Рим на аудиенција кај папата Франциск придружуван од неговата ќерка.

Овој скандал предизвика лавина реакции, јавноста гласно велеше дека Ковачевски не се кралско семејство и дека ќерката на премиерот не е принцеза за да има протколарна улога како што несмасно Димитар Ковачевски се обидуваше да се оправда тогаш.

„Тик-ток“ ни ги убива децата: Тинејџери качени на покрив на 13-катница во Скопје

На фејсбук профилот на „Igor El Padriño“ беше објавена фотографија на која може да се забележи дека неколку тинејџери се качиле на покрив на зграда.

Станува збор за една од 13-катниците во скопската населба Капиштец, а според коментарите истата била направена во понеделникот.

-„Тик-ток“ ни ги убива децата. Капиштец, зграда од 13 ката, пишува во објавата.

Одлична можност за вpaботување: Реномиpaна компаниja бара работници од Прилеп

Компанијата ДСА ТЕАМ ДООЕЛ повеќе од 8 години е лидер во регионот за автомобилска контрола на квалитетот. Се работи за тим од професионалци фокусирани на помагање на компаниите во областа на управување со целокупниот квалитет, континуирано подобрување, управување и решавање на проблеми со речиси една деценија искуство на мултинационалните пазари.

Поради зголемениот обем на работа, имаме потреба од вработување на кандидати за работната позиција: ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Опис на работните обврски и задачи:

• Сортирање и селекција на делови • Доработка на делови
• Тестирање на производи на локацијата на купувачот;
• Следење на инструкции за работа и работни упатства
• Почитување на инструкциите за безбедност и заштита при работа

Компанијата нуди:

• Едукација и тренинг во секторот за контрола на квалитет
• Можност за работа на проекти во странство
• Работа во динамично работно опкружување во брзорастечка компанија
• Атрактивна заработка и дополнителни бонуси за посебно залагање во работата
• Обезбеден превоз и платен топол оброк.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

• Тимска работа
• Одговорна и детална личност
•Посветеност и прецизност во работата

Сите заинтересирани канидати до 40 годишна возраст, кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да ги достават своите биографии на следната е – маил адреса: [email protected], со задолжителна назнака за позицијата за која аплицираат, или да контактираат на телефонскиот број: 078/215-649.

“Ги загубив картичките во Брисел” – Министерот Николовски не знаел колкаво покачување на плата добил

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски во Брисел ги изгубил платежните картички и сега не знае колку пари му дошле на сметката по покачувањето на платата.

Тој, како што пренесе Експрес, не кажа на што ќе го троши новото покачување, зашто како што рече, и кога ќе го добиел, ќе донирал.

Министерот Николовски е само еден од добитниците на новото зголемување на функционерските плати за 78 отсто, кое предизвика многу реакции во јавноста.

Пресметките покажуваат дека само за нето плати плус придонесите за 20-те членови на Владата, ќе бидат исплатени речиси 750.000 евра, а само за премиерот државата ќе плаќа околу 47.000 евра годишно.

Децата од КК “Мега баскет” Прилеп направија сензација на реваншот

По несреќниот пораз во неделата во Прилеп, каде гостите од Скопје триумфираа после продолженијата, екипата на Мега Баскет вечерва, со висок триумф на гостински терен се врати во плеј-офф серијата за пласман во Втората кошаркарска лига и се избори за мајсторка.

Во спортската сала “Наум Наумовски – Борче”, младата прилепска екипа го победи Маџари со 15 поени разлика (59-74), со што дечките докажаа дека поразот во Прилеп воопшто не ги демотивира од главната цел, а тоа е пласман во повисок ранг на натпреварување.

Мајсторката ќе се игра во Прилеп, во салата на ООУ “Добре Јованоски”, во сабота (13.05), со почеток од 19часот.

Да ги поддржиме дечките од Мега баскет во што поголем број!

За летен Атанасовден во прилепско највесело ќе биде во Ропотово, а за тоа ќе се погрижи Јордан Митев

Покрај зимскиот празник Атанасовден, православната црква на овој светец му посветила уште еден, кај народот познат како летен Атанасовден кој се празнува на 15 мај.

Во прилепско за овој ден највесело ќе биде во манастирот Св. Атанасиј кај село Ропотово, каде со почеток од 11часот ќе се одржи света литургија, а домаќините ќе служат ручек.

За забавата ќе се погрижи естрадната ѕвезда, Јордан Митев.

По тој повод се покануваат сите верници и добронамерници да го посетат убавиот манастир кај Ропотово, и да си поминат еден убав празничен ден во убаво расположение.

МВР одржа предавање во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” Прилеп за штетноста на дрогата, алкохолот и цигарите

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп при СВР Битола, вчера (09.05.) во средното училиште “Ристе Ристевски Ричко“ во Прилеп спроведоа едукативна работилница на тема – “Превенција од девијантни појави: дрога, алкохол и цигари“.

Во текот на работилницата на учениците им беа презентирани сите суштински информации околу поимот на зависност, особено од користење на наркотичните дроги, надополнето со фактографијата за тоа какви се последици ваквите појави можат да донесат, а на штета на младите.

За време на предавањето беа појаснети и начините како да се препознаат и како да се превенираат овие појави, а во интерес на благовремена заштита на децата. Дел од предавањето, исто така, беше посветено на појаснувањето за законските санкции и консеквенци по однос на злоупотребите на дроги и алкохол.

Покрај ова, вчера и полициски службеници од Полициското одделение Ропотово, при СВР Битола, спроведоа превентивна активност под мото “МВР за граѓаните“ каде во Ропотово и на неколку околни патни правци на возачите и месното население им беа делени летоци со едукативна содржина од различни превентивни области.