дома блог страница 1155

Министерот за образование вечерва кажа дали ќе се полага државна матура

И покрај штрајкот на Државниот испитен центар, со кој вработените бараат повисоки плати, како и нивните изјави дека нема шанса државната матура да се одржи во планираниот термин, министерот за образование Јетон Шаќири е уверен дека матурскиот испит ќе се полага на 27 овој месец.

Шаќири вечерва во гостувањето на „Сител“ рече дека нема одложување на државната матура.

Ако е потребно, и вработените од Министерството за образование и наука ќе бидат на располагање на Државниот испитен центар, сѐ со цел да се реализира државната матура во предвидениот рок, вели министерот.

Список за ликвидација на ученици се појави и во училиште во Македонија

Денеска (09.05) во СВР Скопје од основно училиште на подрачје на Центар добиена е пријава дека ученик, додека бил на час на кој се разговарало за случајот во соседна Србија, почнал да пишува имиња на ученици.

Од страна на службите во училиштето повикан е родителот и извршен е разговор со истиот, а СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Кривична пријава за четири лица од Битола, меѓу нив и еден малолетник: Се обиделе да ограбат фирма

На 09.05.2023 од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесена е кривична пријава против Н.М.(18), К.М.(23), З.М.(22) и малолетник, сите од Битола, поради основи на сомнение дека на 02.05.2023 се обиделе да извршат тешка кражба во фирма во Радобор, битолско.

Во извршениот службен разговор во СВР Битола, пријавените го признале во целост кривичното дело.

Одбележан патрон празникот на основните училишта Кире Гаврилоски Јане и Круме Волнароски

Нашите прилепчани Kруме Волнароски и Кире Гаврилоски-Јане пред 79 години херојски ги положиле животите во Народно Ослободителната Војна за конечна слобода на Македонија. Убиени се во заседа на бугарската полиција борејќи се до последен здив и пеејќи за Македонија.
Нека му е вечна славата на загинатите херои.

23 професори, а само 11 матуранти: Таблото од Гимназијата во Македонски Брод покажува колку е алармантна состојбата во Македонија

Матурското табло на гимназијата од Македонски Брод на кое има повеќе наставници од ученици, а кое се сподели на социјалната мрежа Твитер, ја покажува вистинската слика за трендот на намалување на ученичките паралелки и исселувањето во поголемите македонски градови на граѓаните од овие мали градови, но и во странство.

Во гимназијата во Брод има два класа кои ќе матурираат оваа година, едната е смер гимназиско образование каде има 8 ученици, а втората е угостителство и туризам, каде има само 3 ученици.

Ако се погледне таблото, заедно со директорот има 23 професори во училиштето, а само 11 матуранти…

Време е за „Прилеп фест“: Македонските фолк-ѕвезди се подготвуваат за 1-ви јуни

Во градот под Марковите кули на 1-ви јуни ќе се одржи седмото издание на фестивалот „Прилеп фест“. Како и изминатите години, така и сега, тој ќе се одржи во Центарот за култура „Марко Цепенков“, каде ќе настапат познати музички ѕвезди од нашата земја, но и од соседството.

Како минатите така и оваа година Советот на фестивалот успеа да ви претстави прекрасни македонски современи песни, испеани од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од елитата на македонски автори, испеани од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од истакнатите македонски автори.

Фестивалот одложено ќе биде емитуван и на МРТВ, а листата на изведувачи на овогодинешниот фестивал е следна: Наум Петрески, Зуица Лазова, Елена Велевска, Адријана Ацевска, Живе Мешуревски и Анастасиа Митровска, Лили Семкова (Бг), Владимир Поповски, Дрим Тим, Благоја Груевски, Алтернатор, Круна, Петар Нечовски, Дани Тик-Так, Даце Николовски, Фортуна, Барбика, Јордан Митев, Ирена Спасовска, Спасе Антевски и Марија Донева.

Домаќин на овогодинешниот фестивал е познатата Каролина Петковска од Македонската радио и телевизија.

Инаку организаторите на фестивалот ветуваат одлична вечер, со одлични нумери.

„Со нетрпение очекуваме да ви ги претставиме новите песни изведени од најдобрите изведувачи од земјава и странство“ – велат од Советот на фестивалот.

„Блиц“: Коста поставува две прашања на Клиниката и не бара да се види со родителите

Коста К.(13) кој со пиштолот на татко му уби осум врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“, ниту денеска, шест дена по монструозниот чин, не се кае. Тој е во изолација на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади кај д-р Суботиќ, сосема мирен и има само две прашања: „Кога да излезам одовде?“ и „Какви се реакциите на она што го направив?“.

Kaко што пишува „Блиц“, момчето убиец не побарало никаков контакт, ниту пак побарало да се види со родителите.

„Нема барање, не прашал ни за родителите. Единствените интереси му се кога излегува и какви се реакциите на неговиот чин“, вели изворот на „Блиц“.

Опишувајќи ја моменталната состојба на момчето, изворот наведува дека тоа размислува и се однесува како да е прашање на време кога ќе ја напушти Клиниката, односно кога ќе биде на слобода.

Го чека тој момент и очигледно е убеден дека треба да биде деновиве.

Второто прашање што го поставува е какво влијание остави, какви реакции има. Што се случува надвор и тој очекува да биде популарен. Неговите очекувања се буквално дека ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе му скандираат“, објаснува соговорникот за „Блиц“.

Како што дознава порталот, седмоодделенецот не добива ни седативи, бидејќи е „сосема мирен“. Не му требаат.

Лекарски тим работи на утврдување на фактите и состојбата на момчето, што му претходело на монструозниот чин, но и за време на егзекуцијата.

Престанал да ги убива пријателите иако имал уште две куршуми, односно 34 куршуми.

Како што пишува Блиц, тој прекинал бидејќи почувствувал дека останува без здив.

Во сета своја жестокост, децата кои преживеале биле спасени поради нападот на паника што го имал Коста во еден момент. Влегол во дворот, го испразнил пиштолот и повикал полиција.

Невидена трагедија во Србија се случи на 3 мај во белградското основно училиште во Врачар, кога ученик од седмо одделение влегол во училиштето со оружјето на неговиот татко. Прво го убил училишниот чувар Драган Влаховиќ и дежурните ученици, а потоа продолжил со маршот низ училишната сала до кабинетот за историја. Таму убил пет свои врсници, ранил еден наставник и уште шест ученици.

Бектеши: Meреките дадоја резултат, ние сме земја со најевтина храна во регионот

Мерките дадоа резултат, смета министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска рече дека Македонија е најевтина земја во регионот во делот на цените на прехранбените производи и нафтените деривати, таму каде што владата може да има влијание согласно различни мерки.

Тој вели дека „во април инфлацијата е намалена за 13 отсто, а споредбено со октомври кога почна ценовниот шок намалувањето на инфлацијата е речиси седум отсто“. Бектеши смета дека овој тренд на намалување на инфлацијата ќе продолжи, а ако не се случи нешто непредвидливо, очекува во јуни таа да биде под пет отсто.

-Иако од октомври до март, разликата меѓу месеците во делот на трошоците за живот на цени на мало, посебно на храната и безалкохолните пијалоци се одвиваше од околу два отсто, само споредбено од март и април оваа година, имаме речиси повеќе од двојно намалување споредбено со другите месеци. Имаме намалување само за еден месец од 5,2 отсто во делот на трошоците на живот на мало за храна и безалкохолни пијалоци, посочи Бектеши.

Министерството за економија, рече Бектеши, секојдневно ги следи случувањата во делот на утврдување на цените и во трговијата на големо и во трговијата на мало, а паралелно на тоа, не се укинати ниедна од мерките во делот на поддршката на стопанството со цел да се зголеми нивната продуктивност, да се зголеми производството, но и конкурентноста.

Во однос на цените на прехранбени производи, Бектеши најави дека Министерството за економија ќе продолжи да оддржува консултации со сите стопански комори, Организацијата на потрошувачи и со сите засегнати страни во делот на дизајнирање на нови мерки на поддршка, посебно на најранливите категории на граѓани.

-Само од октомври 2022 до крајот на април годинава, имаме намалување на цените на прехранбени производи со 14,7 отсто, што е поголемо намалување од зголемувањето на платите во овој период во нашата држава, рече Бектеши.

Според него, цените на суровините и цените на енергенсите се на ниво на кое можат дополнително да се намалуваат, а Владата, како што рече, почнува процес на консултации за дизајнирање на нови мерки со цел да им излезе во пресрет на најранливите категории на граѓани

Се одбележува 9 мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Денеска се одбележува 9 мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Денот на победата над фашизмот се одбележува на 9 мај 1945 година, кога со капитулацијата на нацистичка Германија заврши Втората светска војна во Европа.

Безусловната капитулација на Германија беше потпишана во Берлин од фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, маршалот Георги Жуков во име на СССР и британскиот генерал Артур Тедер во име на западните сојузници. Со ова, формално заврши Втората светска војна во Европа.

Деветти мај се слави и како Ден на Европа, бидејќи на тој ден во 1950 година францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман објави декларација со која повикува на воспоставување нов поредок без конфликти меѓу европските земји.

Следната година беше формирана Европската комисија за јаглен и челик, која потоа прерасна во Европска економска заедница, а во 1991 година во Мастрихт беше прогласена Европската Унија.

Во Милано, во 1955 година, беше одлучено 9 мај да се слави како Ден на Европа.

60 км планинарење во два дена: Се одржа втората по ред Прилепска трансферзала (Фото галерија)

Голем број вљубеници во природата викендов се дружеа на втората по ред Прилепска трансферзала во должина од 60 километри, која се одвиваше два дена.

Во првиот ден планинарите поминаа 35,5км, а во вториот уште 24. Турата започна од Варош до манастирот Св. Богородица – Трескавец, па преку Дабница и Присад, учесниците пристигнаа на Плетвар.

Вториот ден патеката на движење беше по Селечка Планина, а крајната дестинација беше селото Штавица. Една импресивна километража која е за пофалба.

На организаторите ВЛАТЧЕ и ПЕЦЕ им посакуваме уште многу вакви успешно организирани тури и уште поголем број учесници во годините кои следат.