дома блог страница 1144

Уaпceн 22-годишен битолчанец: Полициjaта му пpoнajде ќеси со мapиxyaна

Денеска (29.03.2023) полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Битола на ул. „Панде Илковски“ во Битола го лишиле од слобода Н.Т.(22) од Битола.

При преглед кај него биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Средношколка во медицинското училиште во Битола се здобила со повpeда, откако врз незе паднал таванот во тоалетот (ФОТО)

Директорката на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, Наташа Илиева, вчера претпладнето ја известила општина Битола, дека утрото во 8.00 часот, паднал таванот во училишните тоалети, за подоцна, Илиева, на прашање од градоначалникот да потврди, дека при падот на таванот била незначително повpeдена ученичка од училиштето.

Градоначалникот Коњановски, веднаш по добивањето на информацијата, формира општинска комисија со која извршија увид во училиштето, со цел констатирање на состојбата. При извршениот увид, директорката Илиева информираше дека, тоалетите пред неколку години беа реконструирани со донација, а последниве денови биле воочени проблеми на горниот кат, проследени со извесно прокапување.

Комисијата изготви записник во кој ја констатира состојбата, а градоначалникот Коњановски, го контактираше семејството на повредената ученичка, при што беше информиран дека, ученичката е исплашена и со родителите е во Клиничка болница, каде се прават испитувања поради болки во раката. Коњановски, останува во контакт со семејството, а од директорката Наташа Илиева побара одговорност, поради навремено непреземените мерки и непријавениот проблем.
На крајот на минатата година, од страна на градоначалникот на општина Битола, беа повикани, директорите на училиштата, со цел да укажат на потребите за реконструкции и интервенции, кои ги имаат објектите. Од страна на директорката Илиева, не беше побарана интервенција од општината за објектот на средното медицинско училиште – стои во соопштението од општина Битола.

“Улаф сте да размислувате за сопствен бизнис во Пелагонија”? 15 млади од руралните средини во регионот се стекнаа со нови претприемачки вештини

На 25.03.2023 година во Битола се одржа втората обука во рамките на проектот FAST FORWARD на тема “Генерирање на бизнис идеи” на која 15-тина млади од руралните општини: Новаци, Могила, Кривогаштани, Долнени, Ресен, Кривогаштани, Демир Хисар и Крушево се стекнаа со нови знаења за генерирање, анализа и селекција на претприемнички идеи кои имаат потенцијал да се развијат во бизнис план а потоа и во одржлив бизнис.

За време на обуката, младите претприемачи идентификуваа бизнис идеи кои ќе решаваат конкретни проблеми и се стекнаа со вештини за споделување и соочување на своите бизнис идеи со поширока публика. Како дел од проект кој е поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија а имплементиран од Здружението на граѓани за унапредување на развојните процеси – Про Локал Битола, за време на настанот, идните претприемачи од регионот стекнаа нови знаења на теми поврзани со развојот на претприемништвото како што се: микро-анализа на бизнис идеја, пичинг на бизнис идеја и се запознаа и со основните критериуми за анализа и селекција на бизнис идеја.

Со цел дополнителна мотивација на учесниците, за време на обуката своја презентација одржаа и оснивачите на стартапот “УЛАФ СТЕ” од Битола кои и покрај тоа што се лица со пречки во слухот и говорот, успешно го водат својот бизнис и тоа во време на здравствени рестрикции, инфлација и општ пад на економијата.

Да му посакаме среќа: Прилепскиот карвинг виртуоз ќе учествува на најголемиот гастрономски натпревар “Бисер мора” во Хрватска

Тимот на “Гастромак” е подготвен за најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот ,,Бисер мора”, кој ќе се одржи на Брач во Супетар, а натпреварот е во организација на “ШКМЕР”!

Нови предизвици и искуства за судиите Бесим Латифи и Асан Даутовиќ, кои со својата професионалност ќе дадат свој допринос во напредокот на идните готвачи.

Подготвени за натпреварот, полни со елан се и учениците од СОУ “Наум Наумовски-Борче” од Крушево: Ирина Цекуроска, Филип Јованоски и Зорица Смилеска, предводени од нивните ментори, Проф. Оливера Карева-Скола и Проф. Љупче Крстевски, кои исто така се организатори на мастер класовите за македонскиот ајвар и крушевската пита.

Рамо до рамо со светските карвинг експерти ќе се натпреварува и нашиот шеф Влатко Алексоски од Прилеп, а во послужувачките вештини ќе се натпреварува и Виктор Радевски од Комплексот Етно село “Тимчевски”.

Тимот е придружуван од претседателката на Гастромак, Г-ѓа. Адријана Алачки, која ќе оствари повеќе средби со претседателите на асоцијациите на готвачи од балканските земји.

Замрзнуваат цените на хигиенските производи, ќе се одлучува и за цената на дел од овошјето и зеленчукот

Владата денеска на седница треба да донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во тек на неделава да одлучува и за цените на дел од овошјето и зеленчукот. Од Владата оценуваат дека нејзините одлуки за цените генерално се почитуваат и најавуваат дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е неопходно.

-Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре, најави вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерството за економија ги доби анализите за овошјето и зеленчукот од Министерството за земјоделство и веќе се утврдува кои од нив ќе бидат со намалена цена. Според Бектеши, најверојатно во текот на неделава ќе бидат замрзнати цените на повеќе од пет-шест производи. За таа цел се чекаат и анализите од Царинската управа за увозните цени на трговците за да се види колку е разликата во делот на маржите.

Огромната понуда и намалената потрошувачка во услови на глобална рецесија се закануваат да предизвикаат „земјотрес“ кај земјоделските производи затоа што цените на храната веќе паѓаат, предуп

Претходно со одлука на Владата беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и на јајцата и оризот, чии цени останаа на нивото од 15-ти овој месец, додека на 33 денари е замрзната цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој вчера со Бектеши и со директорт на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, беа во посета на маркет во Скопје оцени дека владините одлуки за цените се почитуваат.

-Драго ми е што се уверивме дека нашите одлуки се почитуваат, се надевам така е во сите маркети. Пријатно се изненадив и дека цената на брашното е намалена без државата да донесе одлука. Го поздравуваме ваквиот потег, ги охрабруваме и другите продажни места да го следат овој чекор, рече Ковачевски, порачувајќи дека е време компаниите да им вратат на граѓаните, како што државата им помогна кога им беше најпотребно.

Премиерот најави дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е неопходно.

-Нашата посета денеска не е случајна. Водиме практична и инклузивна политика, носиме одлуки што ги засегаат граѓаните, сакаме да го слушнеме нивниот глас. Тука нема да застанеме, ќе продолжиме да го штитиме стандардот на граѓаните, нема да дозволиме лично богатење во време на криза. Ова е време на солидарност, а не време на остварување профити. Време е сите компании да им вратат на граѓаните, им пруживме рака за стабилност, сега бараме тие да пружат рака, само така, со заемна помош, може да ја пребродиме кризата, изјави Ковачевски.

Од октомври до денес, дополни, инфлацијата се намалува на месечно ниво, што значи дека владините мерки даваат резултат.

Само што добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), 7 правни субјекти (само во Скопје) денеска се казнети со по 7000 евра за непочитување во целост на одлуките донесени од Влада

Како што информираше Трајковски, инспекторите на ДПИ констататирале непочитување на замрзнатата цена на лебот од 33 денари, несоодветна грамажа, немање најмалку 80 отсто од производите на рафтовите. Имињата на фирмите кои ги сториле прекршоците ќе бидат соопштени, но откако постапувањата за нив ќе бидат целосно завршени.

ДПИ, посочи, работи со полн капацитет. Претходните пет дена се извршени над 500 надзори, а 130 од нив се по одлуките на Владата. Притоа, констатирани се шест прекршоци во висина од 750 000 денари.

Одлуките на Владата за замрзнувањето на цените вчера ги коментираа и од Сојузот на стопански комори, чиј претседател Трајан Ангелоски посочи дека секое замрзнување на цените има позитивни и негативни консеквенци, како и дека ССК преферира слободен пазар.

– Ако Владата смета дека треба да воведе ваква мерка, најубаво е и да објасни каква и е идејата и што сака да постигне, рече Ангелоски.

Од Стопанската комора на Северна Македонија и од Комората на северозападна Македонија, претходно порачаа да се престане со одлуките за замрзнување на цените и да се пристапи кон други мерки за помош на граѓаните.

Oдлични резултати за пингпонгарите од прилепскиот клуб Младост 96 на Државното првенство за сениори (ФОТО)

Изминатиот викенд (25-26 март), се одржа најпрестижниот турнир во пинг понг во Македонија, Државното првенство за сениори и сениорки во категорија поединечно, двојки и мешани двојки.

Првенството се одржа во СЦ “Борис Трајковски”, a учество зедоа околу 80 натпреварувачи од клубови од целата држава, меѓу нив и ППК Младост96 oд Прилеп.

Поранешниот играч на Младост96 Кристијан Станојковски, кој сега игра за ППК Крива Паланка, по 12-ти пат стана Државен првак на Македонија. Тој во финалето го победи играчот на Младост Ѓоко Јочкоски со резултат 4-1.

Играчот на Младост96 Петар Костовски, го освои третото место. Тој загуби во полуфиналето токму од Станојковски со 4-1 во сетови.

Во женска конкуренција Софија Хасану го загуби финалето од Амелија Николов Уце со резултат 4-0.

Во игра на двојки Стомнароски-Калески го освоија сребрениот медал, односно во финалето загубија од парот Богатинов-Л.Стојчев, со резултат 3-1.

Во женски парови Хасану-Маркоска – вицешампиони, додека Васе Богoеска и Ризоска го освоија третото место.

Полицaeц заврши во прилепската болница – дpвокpaдец му нанел тешки телecни повpeди

На 20.03 во 20 часот на местото викано Илинец во атарот на село Борино, општина Крушево, во заедничка акција на Шумската полициja и МВР, се затекнати двe лица кои со два трактори пренесуваат букови огревни дрва без соодветна документација.

При акциjaта, едно од осомничените лица го нападнал припадникот на МВР, кој се здобил со тешки телecни повpeди и е пренесен во прилепската болница “Борка Талески”.

Одземен е едниот трактор и бeсправно иceчените огревни дрва, додека прекршителот со другиот трактор се дал во бегство.

Според информацијата која ја добивме, се работи за лица кои се чести прекршители и трговци со огревни дрва.

Утре ракомет во Прилеп: Потребна е масовна поддршка за нови бодови

Екипата на РК Прилеп утре (29.03.2023), во рамки на шестото коло од плеј-аут сегментот во Супер лигата го дочекува Куманово.

Натпреварот е со почеток од 20 часот во салата на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, а прилепчани бараат поддршка од сите љубители на спортот.

Во досегашниот тек на плеј-аут доигрувањето, Прилеп има три победи и два порази, и со 11 бода е на третото место зад Голден Арт со 12 и Куманово со 16.

Да ги поддржиме момците предводени од Реваз Чантурија за да стигнат до нови бодови.

ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола: Дали вработени лекари во Клиничката болница Битола по “договор” различно се платени поради партиски книшки?

Дали вработени лекари во Клиничката болница Битола по “договор” различно се платени поради партиски книшки, ова денеска преку видео изјава го прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.

„Денешната реакција е по Ваше барање и инсистирање, почитувани граѓани и е адресирана до директорот на битолската Клиничка болница Александар Обедниковски.

Секако, најдиректниот повод е и големата трагедија што се случи и во оваа прилика изразуваме длабоко и искрено сочуство до родителите и семејството.

И тој, како носител на јавна функција во витална институција треба јасно и гласно да одговори колку кратно го зголемил долгот од 22 милиони? Граѓаните ги интересира, исто така, колку народни пари тежи неговиот потпис – во категоријата РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА?

Дали е вистина дека во моментов во Клиничка болница Битола работат 20 вработени, без надомест, без осигурување и без санитарни книшки? Дали тоа е не е кршење на работничките и човековите права, а уште пострашно, работењето без санитарни книшки е директна закана за пациентите. Граѓаните ги интересира, меѓу другото, според кои критериуми, ако на сите лекари им се исплаќа по договор на дело 34 000 денари, сестрата на сопругата на советникот Борче Корлевски зема 50 000 денари?

Болницата се распаѓа, а Обедниковски, како неговата претходничка е носител на хаосот, трошењето и импровизацијата во менаџирањето со Болницата. Во меѓувреме, во целиот овој хаос, додека им доцнеше платата на здравствените работници, директорот Александар Обедниковски се прошетал и до Америка.

Пораката од граѓаните е иста како до неговиот партиски локален шеф, Крајовски. Таа гласи: оди си, доста е! А, институциите и за овој случај јавно ги повикуваме, да реагираат по допрен глас и конечно да почнат сериозно да си ја работат својата работа!

Одговорност мора да има, веќе цената од импровизациите е немерлива, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Во прилепскиот театар се поставува претставата “Аудиција” во режија на Владимир Милчин

„Аудиција“ од Александар Галин е новата претстава што ја подготвува театарот „Војдан Чернодрински“, а ја режира Владимир Милчин. Ќе биде горчлива комедија, современа, денешна.

Изјава на режисертот Владимир Милчин:

Тоа е нашата ситуација – сегашна. Луѓето на било кој начин се обидуваат да избегаат од земјата, за да на некој начин најдат подобри можности за опстанок. При тоа, тоа е некоја очајна ситуација, во која човек тешко може да го брани достоинството и мора да прифати неприфатливи работи. Затоа велам дека е горчлива комедија. Мислам дека е многу актуелна денес тука за кај нас. Ако режисерот не сработи со актерите претставата нема да биде добра. Претставата ќе биде добра само актерите од срце го играат текстот, односно играјќи ги ликовите ни укажуваат дека некој не продал, дека сме ние само стока. И тоа е страшно ако се има предвид дека младите генерации се жртви на тоа. И младите заминуваат оти не гледаат перспектива. Галин сум го работел со студенти на ФДУ, кога како студент играше прилепскиот актер Владимир Ѓоргијоски, кој денес не е тука. Изгледа тоа што го одигра таму му се случи во животот.

Ќе играат актерите Јасмина Мицовска Станкоска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Марија С.Илијески, Наташа Ачански, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Илија Волчески, Михајло Миленкоски, Сара Спиркоски.

Изборот на музиката ќе биде на режисерот, за сценографијата е задолжен Крсте Џидров, а за костимите Марија Пупучевска.