Екипа на Водовод изваде секакви гадотии од чешмата на Итар Пејо во центарот на Прилеп – несовесни граѓани ја вандализирале (ФОТО)

Упатуваме апел до сите со цел да предизвикаме одговорно живеење со грижа и добро однесување кон објекти кои имаат општокорисна вредност и се од заедничко значење за сите нас. Изминатите 24 часа екипите на ЈКП”Водовод и канализација”Прилеп интервенираа два пати на исти објект поради причини предизвикани од наши несовесни сограѓани – пишуваат од ЈКП Водовод и канализација Прилеп.

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

-Станува збор за фонтаната-чешма кај Итар Пејо која беше вандализирана, оштетена и ставена надвор од нејзината функција. Дежурните екипи ефикасно интервенираа, објектот е повторно вратен во употреба и е на располагање на минувачите со својата пивка вода за пиење.

Јасно е дека со личната надградба, грижата за екологијата и позитивниот пристап кон објекти ќе направиме да се чувствуваме добри граѓани и кон сопственото, но и кон заедницата во која живееме.

Сликите во прилог на овој апел говорат колку многу имаме за работа сите ние за еден ден да можеме да имаме ресурси, да можеме да направиме чекор напред кон нови идеи и нивна реализација, наместо губење на време и средства поради лошото и грубо однесување на поединци.

Сите сме на потег кон колективното одговорно живеење!

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02uFYJ2Djn7oVpMJsHCuX9qtKAQtssGk6pVVXcbwP3VKtmuuzQS9syd1Ny14wjpxbMl&id=100064052822682&mibextid=Nif5oz




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.