дома блог страница 1120

Николоски: Денес во Собрание ќе гласаме против уставните измени

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница ќе гласаат против уставните измени, најави потпретседателот на партијата Александар Николоски на својот Фејсбук профил, порачувајќи им на Македонците да останат со крената глава, зошто нема да има попуштање.

„Има денови за историја! Ова е еден од нив!

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи газење на македонскиот национален идентитет, негирање на македонската историја и култура.

Денес во Собрание ќе гласаме ПРОТИВ уставни измени!

НЕ за уцени и негирања!

Кај оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ УЦЕНИ НЕ ПОМИНУВААТ!

Да ја вратиме гордоста кај народот, ПОПУШТАЊА НЕМА!

Македонци гордо и со крената глава!“, порача Николоски.

За секоја пофалба! И на +40 возачите од Јавниот градски превоз Прилеп без застој ги превезуваат граѓаните

И покрај пеколните горештини кои изминатите две недели го зафатија и Прилеп, возачите во Јавниот градски превоз без прекин си ги обавуваат работните обврски и ги превезуваат граѓаните без застој.

Нивната ангажираност е за секоја пофалба и секако треба да биде наградена и валоризирана од Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, под чија надлежност е градскиот превоз.

Во моментов автобусите сообраќаат по летен режим и последното тргнување од почетните постојки е од 16ч.

Ваквиот начин на работа ќе трае до 03.09.

Гимназијалецот од Прилеп, Петар Мирчески, го освои бронзениот медал на Олимпијадата по хемија во Цирих

На 55-тата Интернационална Олимпијада по хемија, во Цирих, Швајцарија на која учествуваа натпреварувачи од целиот свет, ученикот од СОУ ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ ПРИЛЕП, ПЕТАР МИРЧЕВСКИ, го освои бронзениот медал.

Освен Петар, од натпреварувачкиот тим на Република Македонија, бронза освоија и Марио Ванчоски од СОУ Гимназија „Славчо Сојменски“, Штип и Филип Бојаџиевски од СУГС Гимназија „Орце Николов“, Скопје. Марија Петрова од СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ доби пофалница.

Водачи на тимот беа: проф. д-р Миха Буклески, вонреден професор на ПМФ, Скопје и проф д-р Марина Стефова, редовен професор на ПМФ, Скопје.

Од денеска повисоки цени на бензините, дизелот ќе се продава по стара цена

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата согласно методологијата на формирање на цените на енергенсите и новите пресметки покажуваат дека од ноќеска на полноќ граѓаните ќе плаќаат за еден денар поскап бензин.

Еуросупер БС 95 кој до сега се продаваше по цена од 81,5 денари за литар ќе чини 82,5 денари.

И цената на БС 98 се качува нагоре, односно новата цена е за еден денар повисока и ќе чини 84,5 денари за литар.

Останатите деривати остануваат со непроменети цени.

Дизелот се продава по цена од 72,5 денари, а екстралесното масло за домаќинство 71.5 денари.

Со непроменета цена е и биодизелот кој се продава за 73,5 денари за литар.

На денешен ден е родена е Невена Георгиева Дуња првата и најмлада партизанка, свирепо убиена од бугарските фашисти

Во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња, првата и најмлада партизанка.

На 25 јули 1925 година во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња (на спомен обележјето им друг датум на раѓање) , млада македонска партизанка во НОВ, која загинала на 6 декември 1942 година кај велешкото село Папрадиште, кога партизанскиот одред „Димитар Влахов“ бил нападнат од бугарската полиција.

Дуња е учесник во НОБ од почетокот, односно од 1941 година и на 16 години била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред и прва жена партизан во партизанските одреди на Македонија.

Дуња станува борец на Скопскиот партизански одред при неговото создавање на 22 август 1941 година. По расформирањето на Одредот во ноември 1941, таа заминала во Велес, а потоа во Струмица. Помагала во подготовките на Струмичкиот партизански одред во летото 1942 година. Во мај 1942, во отсуство, таа била осудена на 7 години строг затвор, а во септември 1942 година станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.

Загинала во судир со бугарската полиција и велешката контрачета. Откако тешко ја раниле, ѝ ја отсекле главата и ставена на кол ја шетале низ велешките села за да се заплаши востанатиот народ. За страв пак на граѓаните на Велес, нејзината глава ја ставиле во еден централен излог.

Во чест на Невена Георгиева се испеани неколку песни од НОВ, меѓу кои се и песните „По поле одат аргати“ и „Пуста останала таја контра чета“.

Вишне и Табана имаат една маана, што не се во Индија

Па да види Кришна, што е тоа живот во прилепска долина.

Во четврток настап на најпознатите прилепски рокери на Kaмена бина во Прилеп

Овој четврток на Камената бина во ценатарот на Прилеп, како дело од проектот “Од 0 до култура”, свој настап ќе имаат најпознатите прилепски рокери, групата “Тhe Hounds”.

Изминатите недели на бината настапија Crossroad Blues Band, The Four, The Schmucks и Rock Blues Band. Сите тие го остсвирија својот репертоар во чест на некој познат светски или домашен музички изведувач, а The Hounds својот настап ќе го посветат на групата “Архангел”.

Проектот предизвика огромен интерес кај прилепчани, кои во голем број ги проследија музичките настапи изминатите четвртоци.

Настапот на The Hounds започнува во 21 часот.

Вработени во државна администрација се опколени со џунгла во Прилеп, а канцелариите им се на 20-тина метри од Комуналец (Фото/Видео)

Државни службеници работат опколени со вистинска џунгла во старата општинска зграда во Прилеп, која се наоѓа на 20-тина метри од Јавното комунално претпријатие “Комуналец”.

Стравуваат дека наскоро по канцелариите ќе почнат да ги посетуваат влечуги, ако од јавното претпријатие не го решат овој проблем.

Во оваа дотраена и речиси распадната зграда, се уште функционираат канцелариите на Управата за имотно-правни работи, подрачното одделение на Министерството за земјоделие, Општинската изборна комисија, како и повеќе невладини организации.

Велат дека неколку пати апелирале оваа џунгла да се исчисти, но досега не наишле на разбирање. Па се надеваме дека ЈКП Комуналец конечно ќе ги слушне нивните поплаки и со тоа колку толку ќе им се подобри средината во која работат.

24-годишно момче изгоре во својот автомобил во сообраќајката утрово на патот Прилеп-Ресен

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Прилеп-Ресен.

Според првичните наоди при увидот, до несреќата дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки. Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил.

Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршено сообраќајно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот.

Демолирано возилото на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ

Синоќа демолирано возилото на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

-Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано.

Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали.

Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има – напиша Митева на својот Фејсбук профил.