Вработени во државна администрација се опколени со џунгла во Прилеп, а канцелариите им се на 20-тина метри од Комуналец (Фото/Видео)

Државни службеници работат опколени со вистинска џунгла во старата општинска зграда во Прилеп, која се наоѓа на 20-тина метри од Јавното комунално претпријатие “Комуналец”.

Стравуваат дека наскоро по канцелариите ќе почнат да ги посетуваат влечуги, ако од јавното претпријатие не го решат овој проблем.

Во оваа дотраена и речиси распадната зграда, се уште функционираат канцелариите на Управата за имотно-правни работи, подрачното одделение на Министерството за земјоделие, Општинската изборна комисија, како и повеќе невладини организации.

Велат дека неколку пати апелирале оваа џунгла да се исчисти, но досега не наишле на разбирање. Па се надеваме дека ЈКП Комуналец конечно ќе ги слушне нивните поплаки и со тоа колку толку ќе им се подобри средината во која работат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.