дома блог страница 1111

Настапот на летото во Прилеп го имаше Алекса Петрески: Цел град во еден глас заедно со него, ги пееше песните на единствениот Тоше Проески (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Во Прилеп летово е највесело во четврток, а за тоа се погрижија од локалната самоуправа преку поддршка на проектот “Од 0 до култура”. Повеќемина изведувачи и групи досега настапија на камената бина на плоштадот “Александрија” со свои настапи во чест на домашни и странски изведувачи.

Но, најмногу народ да собере на едно место се чини му успеа на младиот вокал Алекса Петрески, кој во четвртокот настапи со свој “трибјут” за Тоше Проески.

Стотици прилепчани, од најмладо до најстаро, заедно со Алекса ги пееја сите најголеми хитови на нашиот ангел. Но, најбројни беа најмалите, кои беше убаво да се видат распеани и насмеани.

Одличниот вокал на Петрески беше надополнет со клавијатурите на Дејан Трајкоски, тапаните на Филип Јездиќ, гитарата на Христијан Ристески и бас гитарата на Емануел Петрески.

Ви пренесуваме дел од атмосферата пред камена бина низ фотографии:

Прекрасно: Изведба на македонско оро од леринско на Универзитетот „Македонија“ во Солун (ВИДЕО)

Македонскиот активист Стилијан Самарџиев од егејскиот дел на Македонија сподели на Фејсбук инструментална изведба на македонското Пуштено (Пушчено) оро од леринско, од страна на млади музичари на виолина и на хармоника, на катедрата за музичка наука и уметност при Универзитет „Македонија“ од Солун.

(ФОТО) И оваа година литија со моштите на Св. Климент Охридски во Крушево – сите верници се поканети да учествуваат

Kaко и изминатите две години, и оваа година свештенството од храмот Св. Никола во Крушево ќе одржи литија со моштите на Св. Климент Охридски и други светители низ улиците на градот.

Во продолжение поканата од храмот до сите верници кои сакаат да земат учество на настанот:

-Благочестиви христијани, на 06.08.2023 година, недела, во 17:30 часот во храмот „Свети Никола“ – Крушево, ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски. После Вечерната богослужба, со неговите мошти и моштите од другите светители, ќе се одржи свечена Литија по улиците на градот Крушево. Затоа Ве покануваме благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски! Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната улица на нашиот град и повторно враќање при храмот.

29-годишен прилепчанец затекнат од полициски службеници додека крадел во стан во населба “Точила”

Секторот за внатрешни работи Битола – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против П.Т.(29) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Имено, на 04.08.2023 околу 03.00 часот, П.Т. со употрена на подесен алат влегол во стан во населба Точила во Прилеп и одзел пари, но бил затекнат од полициски службеници. Притоа, тој се обидел да избега и ги нападнал полициските службеници, но набргу бил совладан и лишен од слобода.

По консултација со јавен обвинител поднесена му е пријавата, а од страна на судијата на претходна постапка определена му е мерка притвор и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Приведен 25-годишен прилепчанец – со намера опожарил возило

На 04.08.2023, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, по преземени оперативни мерки, го лишиле од слобода Д.М.(25) од Прилеп.

Тој се сомничи дека на 03.08.2023 на паркинг пред зграда во Прилеп со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „опел астра” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Р.П.(50) од Прилеп.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик.

Студенти од битолскиот универзитет следат програма за практиканти во СН Осигурителен Брокер

– За време на праксата лично се уверив дека СН Осигурителен брокер како општетсвено одговорна компанија го почитува потенцијалот на младите. Секојдневно учам многу работи, методи, стекнувам нови знаења кои понатаму ќе значат многу во идниот кариерен развој. Сфатив што значи самостојност во работата, но и тимска работа, вели практикантот Дарко Филевски.

Програмата за практиканти на СН Осигурителен Брокер АД Битола сега ја следат и студенти од Правниот Факултет во Кичево, откако претходно практична работа реализираа студенти од „Факултетот за туризам и угостителство“ во Охрид.

Како општественo одговорна компанија, СН Осигурителен Брокер АД Битола во соработка со факултетите од Универзитетот „Свети Климент Охридски – Битола“ овозможува менторство, практично надоградување и усовршување на млади кадри во соодветните струки.

Од компанијата велат дека целта е да се поддржи потенцијалот на младите, нивната креативност и амбицијата за напредување.
„Младите се незаменлив дел од работењето на секоја успешна компанија. СН Осигурителен Брокер АД Битола го препознава и вреднува потенцијалот на младите кадри и нашата цел е преку менторски програми и пренесување на вредни искуства да им дадеме дополнителна поддршка во процесот на едукација.“-велат од СН Осигурителен Брокер.

Еден од практикантите е и Дарко Филевски, кој студира на Правниот Факултет во Кичево, на дисперзираните студии во Битола, при универзитетот „св. Климент Охридски“.

„За време на праксата лично се уверив дека СН Осигурителен брокер како општетсвено одговорна компанија го почитува потенцијалот на младите. Компанијата ги исполни моите очекувања и затоа сакам да се заблагодарам за можноста да реализирам пракса токму во оваа компанија. Секојдневно учам многу работи, методи, стекнувам нови знаења кои понатаму ќе значат многу во идниот кариерен развој. Сфатив што значи самостојност во работата, но и тимска работа. И двете многу важни елементи за градење професионална кариера. Имено, би сакал да потенцирам дека имам можност да учам од вистински професионалци и секако нивните совети би ги применил во иднина. Ова е голем бенефит кој СН Осигурителен брокер го овозможува за младите.“-вели практикантот Филевски.

Претходно, практична работа во СН Осигурителен Брокер АД Битола реализираа Јован Ристевски и Јована Стојановска, студенти на „Факултетот за туризам и угостителство“ – Охрид, на отсекот осигурување. По завршувањето на програмата тие изјавија дека практичната работа им овозможила непосредно да почуствуваат што значи да се работи во секторот на осигурувањето.

„Факултетот за туризам и угостителство нуди одлични услови за нас студентите, а отсекот осигурување најмногу го привлече мојот интерес. Праксата во СН Осигурителен Брокер во Битола верувам дека многу позитивно ќе влијае на вкупните резултати од нашето студирање.“-вели Стојановска.

И Ристевски рече дека очекува голем бенефит од практичната работа. „Постојано сакам да се надоградувам во текот на моето студирање и затоа праксата многу ми значи. Стручниот тим на оваа компанија, вложи голем труд и ни пренесе вредни искуства, како едно од водечките брокерски друштва во секторот на осигурувањето.“-вели тој.

Од СН Осигурителен Брокер велат дека соработката на образовниот кадар и компаниите ги зголемува професионалните капацитети на младите, што е особено значајно на пазарот на трудот.

Приведени тројца млади прилепчани: Полицијата во автомобилот им пронајде паковки со марихуана

На 03.08.2023 во с.Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово ги лишиле од слобода Ј.А.(27) , А.С.(24), А.А.(19), сите од Прилеп, затоа што при преглед кај нив и во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана спакувана во помали пакувања подготвени за продажба, дигитална вага и други предмети.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.

Вечерва во Прилеп, вечер на унгарски танци

На 4 август 2023/ петок/ од 20.00 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт Вечер на унгарски танци, што Центарот го реалиизира во соработка со Здружението на Унгарците Теледом и Амбасадата на Унгарија.

На концертот ќе настапат Оркестарот Јухас и Дунав Танода Народен оркестар и фолклорно друштво – Баја (Унгарија)

Податоци за изведувачите:

Оркестар Јухас – Суботица (Војводина)

Формиран е во 2000 година во Суботица. Членовите на оркестарот ги споила радостта на заедничкото музицирање и љубов кон народната музика. Со текот на години станал еден од најистакнатите оркестри на народен мелос во Војводина но и на сите територии со унгарско говорно подрачје. Добитници се на бројни награди и признанија како во Војводина, така и во Унгарија, но и во голем број на европски држави. Годишно одржуваат повеќе од 100 настапи со самостојни концерти или во придружба со фолклорни ансамбли. До сега имаат издадено 8 самостојни плочи. Карактеристиките на нивните начини на изразување се енергичниот звук, продорно, полно со живот пеење и податливо служење на публиката и на играорците.

Дунав Танода Народен оркестар и фолклорно друштво – Баја (Унгарија)

Дунав Танода народен оркестар и фолклорно друштво е формирано 2019 година во градот Баја со намера да ги подучува младите за автентична, звучна вокална унгарска народна музика и народни танци, тие да ги пренесуваат пред голема публика и да ги популаризираат. Денес веќе се грижи за подучување на повеќе од 500 деца и возрасни и со нивните уметнички групи и солисти се појавуваат на на многубројни концерти и постигнуваат врвни резултати. Учесници се на голем број на натпревари, фестивали, и смотри, дома и во странство представувајќи го унгарскиот народ и нивната заедница, градот.

МНР со важно соопштение за Македонците кои се во Словенија или планираат да патуваат

Министерството за надворешни работи информира дека поради големото невреме кое ја зафатило Словенија, затворени се голем број на патишта и автопатишта низ целата земја.

Ги повикуваме сите граѓани на Република Северна Македонија да ги напуштаат загрозените подрачја, особено подрачјата покрај реките. Исто така ги повикаме граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни.

Воедно се замолуваат нашите граѓани, доколку се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од евентуален помош да ја контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Љубљана, на следните телефонски броеви: +386 1 421 00 21; +386 41 544 222 или на следната е-маил адреса [email protected].

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected].

Tрагедија на Илинден на патот Крушево-Прилеп: Мајка и дете од прилепско загинаа, другите две деца и таткото тешко повредени

На 02.08.2023 во 17.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Крушево-Кривогаштани, на место викано „Студена вода“, патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од с.Канатларци, прилепско, излетало надвор од коловозот.

По несреќата во Општата болница Прилеп биле пренесени сопатниците Џ.С.(33) од с.Канатларци, која во болницата им подлегнала на повредите, и малолетен сопатник кој бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, но при транспортот починал, а смрт констатирал лекар.

Додека со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште двајца малолетни сопатници. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крушево – информираат од СВР Битола.