(ФОТО) И оваа година литија со моштите на Св. Климент Охридски во Крушево – сите верници се поканети да учествуваат

Kaко и изминатите две години, и оваа година свештенството од храмот Св. Никола во Крушево ќе одржи литија со моштите на Св. Климент Охридски и други светители низ улиците на градот.

Во продолжение поканата од храмот до сите верници кои сакаат да земат учество на настанот:

-Благочестиви христијани, на 06.08.2023 година, недела, во 17:30 часот во храмот „Свети Никола“ – Крушево, ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски. После Вечерната богослужба, со неговите мошти и моштите од другите светители, ќе се одржи свечена Литија по улиците на градот Крушево. Затоа Ве покануваме благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски! Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната улица на нашиот град и повторно враќање при храмот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.