дома блог страница 1110

Моштите на Св. Климент Охридски два дена ќе бидат изложени во храмот Св. Кирил и Методиј во Прилеп

Покана од црковниот храм Св. Кирил и Методиј – Параклис

Благочестиви христијани торжествено славејќи го споменот на застапникот на македонскиот род, но и постојанен молитвеник пред престолот Божји за нас, нашиот патрон св.Климент Охридски, сакаме да ве ПОКАНИМЕ и известиме дека во нашиот храм Св.Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС), на ден 08.08.2023 година, вторник, со почеток од 17 часот, ќе се отслужи празнична вечерна богослужба , а на ден 09.08.2023 година во среда со почеток од 08.00 часот, кога се слави и неговиот спомен ќе се служи Света Литургија и двата дена, како и секоја година, ќе бидат изложени МОШТИТЕ на Св.Климент Охридски во храмот, на кои можете да се поклоните и да се помолите за ваше здравје и спасение.
Со Божји благослов од свештеничкото братство при храмот свети Кирил и Методиј.

Компанија од Прилеп вработува: Oтворени 30 работни места

Поради зголемување на обемот на работа компанијата Arini од Прилеп објави оглас за вработување на 30 лица, и тоа: 10 работни позиции за паковање, 10 работни позиции за оверлак и покривни машини и 10 работни позиции како оператор на машини за плетење.

Компанијата обезбедува: оброк, превоз, редовни примања, осигурување на полно работно време, стабилна работа со можност за напредување, исплати на регрес за годишен одмор, исплати на минат труд.

За информации и пријавување во просториите на АРИНИ ФЕШН, секој работен ден од понеделник до петок, од 10 до 15 часот.

Филмска броктница во Прилеп: Полициски автомобил излетал од патот откако во него удриле дрвокрадци со товарно возило

Полициска кола синоќа излетала од патот по удар од товарно возило што носело дрва, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Околу 21 часот на патот кон вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп и од СВР Велес дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“ без регистарски ознаки, натоварено со дрва, но, возилото продолжило со движење. Притоа, совозачот фрлал дрва по патот за да го блокира патот на полициските службеници, додека пак возачот на товарното, со задната страна го удрил службеното полициско возило и го спречил да го престигне. По што, службеното возило излетало од патот, се наведува во соопштението на МВР.

Товарното возило било пронајдено кај место викано „Три багреми“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

За храмовата слава архиерејска богослужба на отворено во црквата Св. Петка во Прилеп

Соопштение од црковниот храм Св. Петка во населбата “Точила” во Прилеп:

Почитувани верници, браќа и сестри во Христа, и ова 2023-то лето Господово на ден 08.08 (вторник) ќе ја празнуваме славата на нашиот храм па затоа, Ве покануваме заедно да го почувствуваме духот на вековното православно чествување и да го прославиме празникот посветен на нашата закрилничка и молитвена застапничка пред Христа, св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка, а во сеќавање на нејзиниот живот кој претставува поука и пример за исполнување на Евангелието.

Молитвеното чествување ќе започне со празнична вечерна богослужба во понеделник (07.08.2022) со почеток во 18:00 часот.
Чествувањето ќе продолжи во вторник (08.08 2022), со Архиерејска богослужба која ќе се одржи под отворено небо, односно на платото пред храмот, а со Божествената Литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.

По завршувањето на Литургијата ќе се одржи панихида за молитвен спомен на бранителите кои загинаа на Карпалак.

Со почит,
в. д. старешина протоереј Љупче Петрески
со свештенството и настојателството
при храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила

Фотографиите се направени од МЕРИ БОШКОСКА

Кој ќе чисти снег сред лето: Временските услови се целосно променети

Силно невреме пропратено со грмежи, град и силен дожд ја зафати  Германија. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои на прв поглед изгледа како густа снежна покривка да ги прекрила улиците на градот.

Се гледа белиот слој на град кој за краток временски период порасна околу 30 сантиметри.

Речиси цела Европа се справува со тешките временски услови деновиве. Наглиот пад на температурите, како и временските непогоди кои го зафатија регионот Венето, донесоа снег на врвот Мармолада во Италија.

Минималната температура беше минус шест степени, додека дневната не се искачи над четири. Во котлината температурата се намали за повеќе од десет степени, а целиот регион беше зафатен од лошо време, невреме и обилни дождови.

(Видео) Ракетен напад на украинските сили: Оштетен мостот кој ги поврзува Крим и Херсон

Мостот Чонгарски, кој ги поврзува Крим и Херсонската област, е оштетен од ракетен напад на украинските сили, соопшти денеска кримскиот лидер Сергеј Аксјонов.

Аксјонов на Телеграм изјави дека во нападот нема жртви и дека се работи на поправка на мостот.

– Непријателот изврши ракетен напад во областа на мостот Чонгар на северот на Крим. Некои од проектилите биле соборени од противвоздушни сили. Коловозот на мостот е оштетен, веќе се работи за поправка. Жртви нема – изјави Аксјонов, а пренесува агенцијата РИА Новости.

Дрцко е бренд и дел од прилепската историја – a сега ја отвори и најсовремената месарница (Фото/Видео)

Прилеп од вчера ја доби најмодерната и најснабдената месарница. Сопственици се семејството Иваноски, мајстори на својот занает, кои на граѓаните сега им нудат буквално се’ oд месни производи во еден одлично уреден простор и по прифатливи цени.

За месото не треба да се прави многу муабет. Тоа е секогаш квалитетно и како никаде на друго место свежо. Месарницата “ДРЦКО” се наоѓа на улицата “11-ти Октомври” отспротива на белите згради кај “Табана”, или поточно во просторот на поранешната продавница за играчки “Колибри”.

Kај ДРЦКО ќе најдете извонредна понуда и голем избор на секаков вид на месо, кременадли, удина, колбаси, печеница, чаден врат… умот да ти зајде од убавини, а и ќе заборавевме, тука е и нивниот специјалитет ролованата сланина, за која вистинските гурмани ќе ви кажат дека кога еднаш ќе купите, нема да престанете.

За прв пат во Прилеп, тука можете да си купите и свежо прасе за печење, исчистено, погодено, дирек за во фурна.

Семејството Иваноски се познати по своето гостопримство. Важат за граѓани кои се почитувани, вистински еснаф луѓе кои секогаш знаат да излезат во пресрет на своите муштерии и да ги задоволат нивните потреби. Па, така пазарењето кај нив со сигурност ќе ви претставува задоволство.

На прилепчани им ветуваат дека месарницата секогаш ќе биде добро снабденаи ги повикуваат граѓаните да се уверат во квалитетот на нивните производи.

Нека им е аирлија новиот бизнис и нека ги прати среќа и успех!

15 пијани возачи улови синоќа полицијата на подрачјето на СВР Битола

-На 05/06.08.2023 во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Притоа биле санкционирани 15 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. За време на контролата биле констатирани и санкционирани и 18 останати прекршоци – информираат од СВР Битола.

Taтко од Битола го поттикнал својот малолетен син да ограби 70-годишен дедо

На 05.08.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В.А.(43) од Битола, а на службен разговор го повикале неговиот малолетен син.

Имено, околу 09.20 часот на ул.„Мирка Гинова” во Битола малолетникот со употреба на сила одзел паричник од А.И.(70) од Битола, а тој се сомничи дека го поттикнал да го изврши делото. Набргу, по преземени мерки тие биле пронајдени и со нив бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Битола.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Силно невреме го зафати регионот: Штетите непроценливи

Ситуацијата во Словенија е драматична откако синоќа jа погоди силно невреме. Поплавени се голем број на места, а стотици пожарникари и членови на други служби за итни случаи се на терен.

Во разорните поплави во четвртокот и петокот загинаа три лица, а уништени беа голем број на патишта, мостови и домови. Погодени беа речиси две третини од територијата на државата.

Метеоролозите за попладнево најавуваат ново невреме во Словенија, додека во поголем дел од земјата се отстрануваат последиците од поплавите.