дома блог страница 1112

Хирург да беше вака немаше да го состави! Сервис во Прилеп каде невозможното станува возможно! (ФОТО)

Aвто сервис и шлеп служба “Малибро” е компанија која успешно функционира во Прилеп, но за нивните услуги се јавуваат и од сите краишта на државата и странство.

Компанијата врши шлеп услуги, влечење и транспорт за сите видови возила и обезбедуваат брзи, сигурни и евтини услуги.

Од “Малибро” се подготвени да одговорат на сите ваши итни потреби за помош на пат, се со цел брзо, лесно и што побезболно да ги пребродите ваквите несакани последици.

Услугата од компанијата подразбира пристигнување во точно договорено време, пристигнување до саканата локација, кревање на возилото, транспорт до саканата локација, превоз на сопственикот на возилото во кабината, или ако сте во странство, во заменско возило кое ќе го обезбедат од компанијата.

Покрај шлеп услуги, од компанијата нудат и превоз со комбе Мерцедес VITO до 8 патници, како и најдобар квалитет на авто стакла и монтажа за сите видови на патнички и товарни возила, a во нивниот сервис прават буквално чуда.

Дека тоа е така зборува и оваа фотографија во продолжение од целосна трансформација на “мерцедес”.

Хирург да беше, вака немаше да го состави!

Достапни се 24 часа на ден, 7 дена во неделата! Плаќање на фактура и со картичка! Запомнете го контактот, затоа што не знаете кога ќе ви затреба (070/700-120 и 071/855-100).

Македонците не ги оставаат на мира и на другиот свет: Осквернавена бистата на македонски бранител кој загина во Диво Насеље (ФОТО)

Осквернавен е споменикот на бранителот Горан Стојменовиќ и светиот крст во скопско Инџиково.

По овој немил настан итно се огласи градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кој упати НАЈОСТРА ОСУДА ЗА СКВЕРНАВЕЊЕТО НА СПОМЕНИКОТ НА БРАНИТЕЛОТ ГОРАН СТОЈМЕНОВИЌ И ИКОНИТЕ ОД СВЕТИОТ КРСТ ВО ИНЏИКОВО.

Еве што порача тој:

Изразувам најостра осуда за вечерашното сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во Диво Насеље, Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се дел од осветеникот крст поставен во истиот парк во Инџиково.

Ваквиот сторен чин на денешниот голем македонски празник Илинден и христијански празник Св. Илија преставува срамен и кукавички чин кој е за најостра осуда.

Како градоначалник на општина Гази Баба, БАРАМ итно и неодложно превземање на сите законски дејствија од страна на Министерството за Внатрешни работи и час поскоро сторителите на овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата.

На граѓаните сакам да им порачам да бидат спокојни. И споменикот и иконите ќе ги обновиме, а традицијата на оддавање почит на херојот Горан Стојменовиќ, како и чествувањето на Соборот на 12те Апостоли во Инџиково ќе продолжи!

(ВИДЕО) Хет-трик на прилепчанецот Радески ја однесе Струга уште еден чекор поблиску до групната фаза на Конференциската Лига

Фудбалерите на македонскиот шампион Струга Трим Љум вторпат го победија Будуќност, овојпат со 3-4 (2-2) и се пласираа во третото претколо во Конференциската лига на УЕФА, каде сега ги чека двомеч со екипа од Луксембург.

Стрелец на три гола за македонскиот шампион беше прилепчанецот Марјан Радески, кој мрежата на Црногорците ја погоди во два пати во првото полувреме (во 11-та минута за израмнување 1:1 и за водство од 1:2 во судиското продолжение). Во вториот дел најпрво Ибраими донесе ново водство за стружани во 66-та минута, а Радески зголеми на 2:4 во 74-та.

Сите погодоци од натпреварот погледнете ги во продолжение:

Битола: Татко му и брат му го тепале, па неговата баба ги пријавила во полиција

На 01.08.2023 во 17.30 часот во СВР Битола В.А.(66) пријавила дека околу 13.30 часот во Битола нејзиниот малолетен внук бил физички нападнат од неговиот татко В.А. и неговиот малолетен брат.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Со 5 евра сакал да поткупи македонски полицаец: 21-годишен Грк заработи кривична пријава

Синоќа на автопатот Демир Капија-Неготино бил приведен Л.В.(21) од Грција, кој се обидел да поткупи полицаец за време на контрола на документи.

„Грчкиот државјанин управувал товарно возило „волво“ со полуприколка, со грчки национални ознаки. Имено, при вршење на контрола на документите кои возачот ги дал на увид, тој ставил банкнота од пет евра како поткуп“, објави полицијата.

Л.В. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Неготино, а по насоки на Јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка пред надлежен суд во Неготино.

Вучиќ од Прохор Пчински: Ги сакаме Македонците и го сакаме македонскиот јазик

Навистина бев воодушевен утрово кога тука видов луѓе од Македонија кои зборуваат на македонски јазик. Ние Србите, како што знаете, ги сакаме Македонците и го сакаме македонскиот јазик и не мислиме дека не постои или не знам што. Напротив, одлично го разбираме македонскиот јазик како што знам дека и вие го разбирате и го зборувате српскиот јазик. Немам никаков проблем да кажам дека ние сме не само пријатели, туку дека како народ имаме братски односи и во секој случај, верувам дека тие односи и натаму ќе се развиваат, рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по билатералната средба со својот македонски колега, претседателот Стево Пендаровски во Прохор Пчински.

Пендаровски, кој по повод државниот празник Илинден положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“, беше пречекан од својот српски колега Вучиќ.

-Северна Македонија и Србија имаат одлична соработка, негуваат исклучително добри пријателски односи и меѓу нив не постојат отворени прашања. Нашата трговска размена е 1,5 милијари евра годишно, а верувам дека и натаму ќе расте. Заеднички работиме на олеснување на животот и на подобрување на животниот стандард на граѓаните од двете земји. Сега разговараме за спојување преку нашите железници со што ќе бидеме уште поблиску едни до други и уште подобро поврзани, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател упати благодарност до владиката Пахомије за гостопримството, но, како што истакна, и до патријархот Порфирије „за историските одлуки што ги донесе СПЦ на добробит и во корист на двата наши народа, и српскиот и македонскиот“.

“Уааа” за владината делегација, аплаузи и овации за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин Камен (ВИДЕО)

Делата се тие кои заслужуваат почит и внимание, а не празните говори и зборови на лица кои со ниедно дело не придонеле кон Македонија и нејзината историја и иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За жал денес тука на Мечкин Камен ќе чуете празни зборови од страна на функционери на оваа власт кои лицемерно чествуваат а под маса распродаваат идеали на илјадници синови и ќерки на Македонија кои своите животи ги положиле за Македонија. Затоа имињата на овие функционери народот нема да ги памети, а вечно ќе се сеќава на храброста и самопрегорот на оние кои ја граделе Македонија и нејзината државност.

Оттука празните флоскули на функционерите на власта не се вредни ниту за внимание ниту за коментар. Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ , предводена од Претседателот Христијан Мицкоски после положувањето на свежо цвеќе На Мечкин Камен и оддавањето почит на хероите , продолжува во селото Ташмаруништа каде што ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на двата Илиндени, 1903 и 1944 затоа што и двата датуми се дела на кои треба простум да им се поклониме, стои во партиското соопштение.

А еве како си поминаа Талат Џафери и владината делегација:

Нова кампања од Витаминка вредна за почит! Со секоја купена Цевитана помагате да се набават шаховски табли во основните училишта низ Македонија (ВИДЕО)

Со секоја купена Цевитана ќе се помага набавката на шаховски табли за основните училишта низ државата. Витаминка започна кампања со која во следните три месеци, ќе се издвојуваат средства од продажбата на Цевитана и ќе бидат наменети за купување шаховски табли за оние училишта каде шахот е дел од наставната програма. Иницијативата за нејзиното создавање и ставање на брендот Цевитана во функција на оваа идеја, произлезе од потребата за поголемо и помасовно вложување во младите и во обезбедување услови за нивен континуиран развој.

„Шахот е веќе влезен во образовната програма како изборен предмет за прво и второ одделение и изминатата година покажа голем интерес меѓу основците, што посебно радува затоа што станува збор за игра што ја поттикнува логиката, креативноста и позитивно влијае во развивање на мисловните вештини кај децата. Тоа е идејата за ваквото конципирање на кампањата, да се поттикне поширока акција за поддршка на иницијативи за создавање здрави навики кај децата и да се развие свеста за потребата од создавање услови во кои младите ќе можат слободно и непречено да се развиваат,“ велат од Витаминка.

Кампањата за набавка на шаховски табли ќе се одвива во текот на месеците август, септември и октомври, а се однесува на која било купена Цевитана од кој било вкус и грамажа достапни во малопродажба. Набавката на шаховски табли и распределбата во основните училишта ќе се одвива во координација со Шаховската федерација на Македонија.

Mиле Талевски рамо до рамо со Џафери исвиркани на Мечкин Камен во Крушево (ВИДЕО)

Спикерот на македонското Собрание, Талат Џафери беше исвиркан заедно со владината делегација, при пристигнување на Мечкин Камен. Додека тие се движеа кон местото каде треба да се сместат, од зад барикадите каде стојат посетителите, извикуваа „Уа, уа“ и исвиркуваа.

Меѓу присутните од делегацијата на Владата се Љупчо Николовски и Јетон Шаќири.

Со скандирање „Македонија, Македонија“ беа поздравени коњаниците кои пристигнаа во Крушево, оддавајќи почит и продолжувајќи ја традицијата. Потоа беа пеени патриотски песни. Се скандира и „Никогаш северна, само Македонија“.

На Мечкин Камен присутни се и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

За потсетување, инциденти на Мечкин Камен имаше и минатата година. И тогаш имаше исвиркување, но и пресметки зад барикадите.

Св Илија – Kлyчapoт на небото и заповедник на гpмотевиците: Честит именден Илија, Илко, Илинка, Илина, Илчо…

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици и е Пророк кој пaли и гaси на небото и земјата.

Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

стариот календар.

Бидејќи во народното верување Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици, очигледно е дека врз св. Илија се пренесени многу елементи на врховниот пагански бог на Словените, громовникот Перун.

Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, св. Илија трчал со кочијата по облаци, за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе yдpел со камчето, огон силен излегувало и кај ќе yдрело ќе расипело и ќе yбиело. Ламјaта од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.“ И во Кумановско Свети Илија се држи како празник и не се работи од страв да не биjат гpомови по полето, луѓето и стоката и сл.