дома блог страница 1108

СВР Битола: Фативме две лица кои вршат нелегална размена на валути и 6 диви таксисти

Денеска (08.08.) криминалистичката полиција на СВР Битола во рамките на ОА “Безбедно Лето 2023“ во Битола, лишила од слобода две лица кои се затекнати во вршење на “Недозволена трговија, предвидено според чл.277 од КЗ, односно купопродажба на странски парични средства, без овластување издадено од Народна Банка на РСМ, како и спротивно на одредбите од чл.55 од Законот за девизно работење, односно “Неовластено продавање или купување готовински странски платежни средства и чекови“.

Исто така, денеска, криминалистичката полиција на СВР Битола изврши контрола на патнички моторни возила кои вршат превоз на патници без поседување на лиценца на подрачјето на град Битола, при што беше извршена контрола на повеќе локации во Битола и притоа беа затекнати 6 патнички моторни возила кои вршат превоз на патници, а притоа истите не поседуваа лиценца за вршење на внатрешен јавен сообраќај.

По документирање на настаните против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од Секторот за внатрешни работи Битола.

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Битола

На 07.08.2023 во 15.14 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.М.(39) од Битола и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Д.Р.(27) од Битола.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничка болница Битола.

Увидот на местото на несреќата извршила екипа на СВР Битола.

Двајца прилепчани фатени на дело како крадат во поранешна фабрика во Кривогаштани

На 07.08.2023 во кругот на поранешна фабрика во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода И.Д.(40) и Ш.Ј.(32), двајцата од Прилеп.
Тие биле затекнати при извршување на тешка кражба, при што одзеле повеќе предмети.

Одземеното било вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ристески се потсети на трагедијата од Карпалак: “Се боревме и ги положивте своите животи, за денес да бидеме кираџии во сопствената држава”

Поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, кој и самиот беше сведок на трагедијата кај Карпалак во 2001 година, се потсети на немилите настани во кој животот на свиреп начин го загубија десетмина млади прилепчани.

-Се боревме и ги положивте своите животи, за денес да бидеме кираџии во сопствената држава. Вечна слава на загинатите и вечен срам на предавниците! КАРПАЛАК во нашите срца, МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ! – напиша Ристески на Фејсбук.

Обновени езерцата во “Точила” и на Могила, се работи и кај “Димо Наредникот” (ФОТО)

По ставањето во функција на езерцата во паркот на Могилата, функционално е и езерцето во Точила, а се работи и во населбата “Димо Наредникот” – информираат од прилепското јавно комунално претпријатие

-ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, целосно го обнови и оштетеното езерце во Точила. Тоа е ставено во функција по изавршените работи со УВ врска и мрежа, неколку слојни изолации, премази и боја за базени, нова хидро и електрична мрежа. Езерцето во Точила беше функционално од 2012 до 2017 година. Се прават напори неделава да се оспособат гејзерите и фонтаните кои се оштетени од човечки фактор. Инаку, паркот со повеќе различни содржини во населбата Точила е со површина од 22.600м2, а изминатата недела беше извршено и бојадисување на клупите. Она за што се води континуирана грижа е детското игралиште кое е постојано во функција на најмалата популација. Иако минатата година беше извршена замена на мрежата на спортските терени, истата е оштетена од несовесни граѓани. Деновиве започна и целосната реконструкција на езерцата со гејзери во населбата Димо Наредникот, кои ќе бидат ставени во функција наредната недела. Парковите од левата и десната страна на ул,, Димо Наредникот’’ се повеќе наменски и се со површина од 7900м2.

За многу години и напомош! Денеска е Св. Петка – Летна, заштитничка на жените

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јули, се празнува летна Света Петка Параскева.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни нecpeќи, но и од многу болecти, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 /14 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка.

Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останалаа неповредена, а од течноста му прснало во очите на императорот по што ослепел. Параскева се помолила на Бога и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале со нејзино посредство, многумина ја примиле христијанската вера. Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград. На иконите света Петка Римјанка во рацете држи чинија во која има очи.

Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого.

Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.

На тој ден се избегнува да се работат тешки работи на нива и дома.

Порано жените верувале дека на утрешниот ден не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за да не им трнат рацете преку цела година.

22 години болка и сеќавање: Вечна слава на паднатите xepoи од Карпалак

22 години од загинувањето на десетмината херои, 21 години непребол и солзи за прилепчаните кои 2001-та загинаа свирепо. Прилеп се сеќава…

На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што загинаа десет армиски припадници:

Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.

Тој ужасен ден, кога мајките ги загубија своите синови, кога сопругите останаа без своите сопрузи, а децата плачеа по своите таткоци, ќе остане вечно во сеќавање на овој град и овој народ, како кобен ден, ден на болка и тага за Прилеп и Македонија.

Градот херој на своите храбри синови им се оддолжи со монументално дело во центарот на градот, спомен обележје кое вечно ќе потсеќа на нивните прерано згаснати животи.

(Фото галерија) Величенствен настан во Крушево: И оваа година се одржа света Литија со моштите на Св. Климент Охридски

И оваа година во Крушево се одржа Литијата со моштите на патронот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, низ улиците на Крушево.

На Литијата и претходеше света богослужба во црковниот храм Св. Никола, а потоа голем број крушевчани, меѓу кои и голем број млади, поминаа низ крушевските улици, а глетката беше величенствена.

Полиција, родители и педагози, заедно во патрола на кафулињата и парковите во Прилеп

На 05.08. во периодот од 22.00 часот па се до денеска до 02.00 часот вчера, на подрачјето на Прилеп беа спроведени превентивни активности, односно таканаречените „Соседски патроли“ или мешани патроли составени од полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со претставници на локалната самоуправа и локалните институции, потоа родители, претставници на педагошките служби од основните и средните училишта, кои што беа во обиколка и посета на угостителски објекти и јавни простори каде има присуство на малолетници во ноќните часови, односно простор кој се користи за забава на малолетници.

Оваа активност се спроведува со цел да се зајакне соработката на полицијата во заедницата и пред се со цел родителите да добијат претстава на какви ризици се изложени нивните деца, благовремено да се препознаат и отстранат таквите закани што често можат да доведат до сериозни последици, особеноо во контекст на зависностите и социо-девијатното поведение Исто така, беа презентирани и законските овластувања кои полициските службеници ги применуваат при превземање на службени дејствија преку доследна примена на законските норми и прописи.

На прилепчанец му го запалиле моторциклот во дворот на викендицата

На 06.08.2023 во ОВР – Прилеп било пријавено дека на м.в. „Маркова Чешма“ во Прилеп, во дворно место од викендица која била сопственост на Т.П.(44) од Прилеп, опожарен бил неговиот мотоцикл „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од сопственикот, повредени лица нема. Извршен е увид од полициски службеници при ОВР Прилеп.