Полиција, родители и педагози, заедно во патрола на кафулињата и парковите во Прилеп

На 05.08. во периодот од 22.00 часот па се до денеска до 02.00 часот вчера, на подрачјето на Прилеп беа спроведени превентивни активности, односно таканаречените „Соседски патроли“ или мешани патроли составени од полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со претставници на локалната самоуправа и локалните институции, потоа родители, претставници на педагошките служби од основните и средните училишта, кои што беа во обиколка и посета на угостителски објекти и јавни простори каде има присуство на малолетници во ноќните часови, односно простор кој се користи за забава на малолетници.

Оваа активност се спроведува со цел да се зајакне соработката на полицијата во заедницата и пред се со цел родителите да добијат претстава на какви ризици се изложени нивните деца, благовремено да се препознаат и отстранат таквите закани што често можат да доведат до сериозни последици, особеноо во контекст на зависностите и социо-девијатното поведение Исто така, беа презентирани и законските овластувања кои полициските службеници ги применуваат при превземање на службени дејствија преку доследна примена на законските норми и прописи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.