дома блог страница 1107

Дел од горивата со намалени цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од 24.4.2023 година.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 68,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 29.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,437 (денари/килограм)

Претставници на Европската банка во посета на пречистителната станица во Прилеп (ФОТО)

Во текот на вчерашниот ден на состанок и во посета на пречистителната станица на ЈКП „Водовод и канализација“Прилеп беа претставници на Европската банка за обнова и развој(EBRD) г-н Дејвид Талер – информираат од јавното претпријатие.

-Целта на ваквата посета беше да се увиди ефикасноста на функционирањето на пречистителната станица, што е превземено од страна јавното претпријатие за подобрување на ефективноста, како и кои се потребите за унапредување на истата.

Од страна на директорот Игор Гулабоски претставниците на EBRD беа запознати со проектот за изградба на таложник на колекторскиот систем на ПСОВ во вредност од 8.250.147ден. средства обезбедени преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Бирото за регионален развој како и дел од Општина Прилеп кој треба да биде во завршна фаза до септември 2023г. Исто така во насока на подобрувањето на функционалноста на ПСОВ беше презентирано и тоа што, когенераторот за прв пат е ставен во функција за производство на ел.енергија од биогас од месец август 2022г.

Јавното претпријатие веќе има готов проект за фотоволтаици на кровна површина со моќност од 547kwp со што би се намалиле огромните издатоци на ПСОВ за електрична енергија. За овој предлог проект кој претставува енергетски ефикасно решение пројавија интерес претставниците на Европската банка за обнова и развој и се надеваме дека во блиско време ќе можеме да го реализираме истиот – стои во соопштението од ЈКП Водовод и канализација Прилеп.

14-годишник со колец yбил Македонец во Бугарија

По увидот на полицијата, било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин. Тој на 24 јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево. Според полицијата, извршител на убиството е 14-годишно момче од Несебар.

Македонски државјанин е убиен во Сончев Брег, јавуваат бугарските медиуми повикувајќи се на информации од полицијата. Мажот бил избоден со колец.

Во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата е пронајдено во шумска предел до ресторанот „Бацвата“ на Сончев Брег, Запад.

По увидот на полицијата, било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин. Тој на 24 јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево. По извршени бројни оперативно-претресни активности и процесно-истражни дејствија, меѓу кои распити, одземање видеоснимки од безбедносни камери на широк периметар, констатирано е дека извршител на убиството е 14-годишно момче од Несебар.

Убиството е извршено со прободување со остар колец. Се истражуваат причините за убиството. Работата на случајот ја продолжуваат вработени во Одделението за криминална полиција при ОДМВР – Бургас и Регионалната управа – Несебар. На младиот човек му е одреден притвор до 24 часа.

Општина Прилеп потпиша договор за рехабилитација и асфалтирање на над 60 улици

-Денес го потпишавме договорот за рехабилитација и асфалтирање на над 60 улици на територија на општина Прилеп, со фирмата изведувач. Имајќи ја во предвид состојбата во која се најдуваат голем дел од улиците, после направената анализа дадовме предност на улици на кои што не е интервенирано во последните 30-40 години. Ги исполнуваме нашите ветувања и започнуваме една градежна офанзива која што ќе трае континуирано до крајот на оваа календарска година. Со оваа рехабилитација на над 60 улици како што е нашиот план и подобрувањето на патната инфраструктура, дефинитивно ќе ја зголемиме безбедноста во сообрајќајот а се разбира и нивото на услуги на сите граѓани корисници во сообрајќајот. Ова е само почеток на градежните активности за голем број на проекти кои што ќе се реализираат во оваа година. Нашата цел останува иста, работиме и ќе продолжиме да работиме исклучиво во интерес на нашите сограѓани – стои во соопштението од градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

(ВИДЕО) Еве како беа пречекани кошаркарите на Партизан утрово на аеродром

Доцна во ноќта, по пристигнувањето на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од Мадрид, кошаркарите на Партизан кој одиграа уште една маестрална партија и го растурија Реал Мадрид со 15 поени разлика на гости (80:95), беа дочекани со овации од навивачите.

Партизан стигна до 2:0 во победи против Реал Мадрид, и тоа благодарение на двете победи на гостински терен. На српскиот тим сега му останува да триумфира уште еднаш за да се избори за место во фајнлфор-завршницата на кошаркарската Евролига.

Вториот дуел во Мадрид го одбележа големиот инцидент пред крајот на средбата, кога сите кошаркари беа дел од жестока тепачка, па судиите мораа предвреме да го завршат мечот затоа што буквално сите кошаркари на двата тима беа исклучени.

Тутунарите денеска да си ги проверат сметките: Легнаа пapите од субвенциите

Рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година денеска се исплатени на сметките до 15.753 производители на тутун, информираше министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2022 година.

„За прв пат тутунот достигна рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44 отсто во споредба со реколтата од 2021 година. Сведоци сме сите дека како никогаш до сега имавме година во која откупот помина без ниту еден проблем, а целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок“, се пофали Николовски.

Тој додаде дека годинава тутунот бил со добар квалитет што придонело дури 80 отсто од тутунот да биде откупен во прва класа.

Сонцето од Кутлеш во Охрид светна за уставобранителите (ВИДЕО)

Во центарот на Охрид вчера на 27 април беше истакнато знаме со сонцето од Кутлеш во знак на поддршка за македонските уставобранители, кои во процес на политички реваншизам се осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок на Република Македонија.

Извор: “ЕКСПРЕС.МК”

Откриена најголемата светска мистерија: Бетмен живее во Македонија (ВИДЕО)

Куќата на Бетмен се наоѓа во Радовиш. Вака тврди извесна Александра Дидиќ на нејзиниот профил на Инстаграм, каде споделила видео на кое е прикажана куќа со симболот на Бетмен. Почнувајќи од оградата на дворот, па се до фасадата на куќата.

„Ако некогаш сте се запрашале каде живее Бетмен, упатете се во Радовиш во Македонија и ако ги прашате минувачите за куќата на Бетмен, сите ќе ви ја покажат точната локација, бидејќи на ова место живее само еден Бетмен. Да бидам искрена, портата е хит и јас лично би ја ставила во мојот двор. Како ви се допаѓа оваа куќа?“, стои во описот.

Уапсен 42-годишен прилепчанец: Му пронашле предмед кој потекнува од кpивично дело

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.04.2023 на ул.„Богомилска“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(42) од Прилеп затоа што кај него бил пронајден предмет за кој постои сомнение дека потекнува од кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Јовчески во посета на “Кромберг и Шуберт”: “300 прилепчани работат во одлични услови”

Градоначалникот на општина Прилеп ја посети фабриката на “Кромберг и Шуберт” во индустриската зона “Жабени” кај Битола.

-Во официјална посета на компанијата „Кромберг и Шуберт“ во Битола се уверивме во навистина одличните услови во кои што работат во моментов околу 300 прилепчани.

Од страна на одличниот менаџерски тим бевме запознаени со производствениот процес на компанијата и со фактот дека во моментов оваа фабрика брои над 5000 вработени, што за нашиот пелагонсики регион претставува навистина сериозна бројка.

Соработката со „Кромберг и Шуберт“ како една од најголемите општествено одговорни компании и нашата Локална самоуправа, сигурен сум дека ќе ја одржуваме и ќе ја продлабочиме во наредниов период – напиша градоначалникот на општина Прилеп на Фејсбук.