Познат датумот кога ќе се одржи 20-то јубилејно издание на “ПИВО ФЕСТ”

Maркукуле прв дознава кога ќе се одржи овогодинешното 20-то јубилејно издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2023”.

Фестивалот секоја година се одржуваше во средината на јули, веднаш по Петровденските пости, но оваа година датумот се помести за крајот на летото.

Според неофицијални информации, “Пиво фест” ќе се одржи од 1-3 септември, а за организацијата ќе се погрижат од AWARD Продукција од Скопје.

Засега нема информации околу програмата и кои познати ѕвезди ќе настапат на фестивалската сцена во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.