дома блог страница 1106

ГРОЗНО: Уапceн 64-годишен битолчанец – допирал малолетно девојче по телото

На 28.04.2023 во 20.50 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода К.Н.(64) од Битола поради тоа што допирал малолетничка по телото.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Прилепчанката Елена Дејкоска избрана за најдобар борач на денешниот Меѓународен турнир во Косово

Боречкиот клуб “7-ми Мај – Златна рака” од Прилеп денеска учествуваше на Меѓународен турнир во Косово од каде се враќаат со одлични резултати во женска конкуренција.

Елена Дејкоска го освои првото место во категоријата до 46кг и е прогласена за најдобар натпреварувач на турнирот, додека Ангела Трајкоска го освои второто место.

Во машка конкуренција Андреј Тренкоски освои трето место во категорија до 41кг, а Христијан и Стефан Аризанкоски го освоија петтото место во категорија до 33кг.

Ова се последните контролни борби во пресрет на Балканското првенство кое ќе се одржи во Грција од 4-7 мај, а таму учество ќе земат три борачки од прилепскиот боречки клуб – Ангела Трајкоска и Тамара Цветкоска во конкуренција на пионери и кадетки, а Дејкоска ќе се натпреварува само во конкуренција на кадетки.

„МАТЕРИЈАЛОТ И ФОРМАТА“ прва самостојна изложба од Славчо Павлоски во Прилеп

Во Ликовната галерија во ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, вечерва (28.4.2023) беше отворена првата самостојна изложба на скулптури “Материјалот и формата” од младиот уметник Славчо Павлоски, кој се претставува со 15 дела изработени во мермер и дрво.

За изложбата најпрво говореше Игор Тасески кој рече дека Павлоски е талентиран уметник кој со неговите дела ја истражува меката и тврдата форма во мермерот и дрвото, и дека скулптурите даваат различен визуелен ефект.

Професорот Александар Џинго посочи дека Павлоски е вонреден талент кој верно чекори по стапките на осознавање на уметноста и со својата посветеност влегол во канализирање на својата дарба и го покажал раскошниот талент.

Славчо Павлоски е студент на ФЛУ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на отсек вајарство, под менторство на проф. м-р Гоце Наневски.

Има учествувано на повеќе ликовни колонии, а со изложба на слики се преставил во Нови Сад, Р. Србија. Член е на Друштвото на ликовни уметници- Прилеп.

Николоски од прилепско: Криминалот отиде до врв – Македонија со СДС и ДУИ е единствена во светот каде не се градат автопати, а се плаќа за тоа што не е изградено

Тим предводен од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес е во посета на населените места Големо и Мало Коњари и Беровци во прилепскиот регион во рамки на акцијата “Ова е Македонија за сите“. Во рамки на посетата, потпретседателот Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ почнува голема теренска активност во која ќе бидат опфатени голем број населени места во Македонија.

Секој викенд ќе бидеме на терен со граѓаните пред се во селата, а секој вторник и секој четврток ќе одиме во урбаните средини. Следниот период ќе стигнеме до секој оној кој сака да не слушне, а и ние сакаме да ги слушнеме маките на граѓаните, она со кое што се соочуваат, а секаде да поразговараме во однос на штетните политики кои што владата ги води како и се поевидентниот и брутален криминал и корупција- истакна Николоски.

Тој истакна дека најголем дел од локалните проекти зависат од централната власт поради нецелосната децентрализација. Заради политичка кратковидост владата не соработува со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и ги блокираат и опструираат, но и покрај тоа се реализираат проекти.

Проектите на владата не ги гледаме. И да не помагаат на општините, ди работеа само проектите на владата, Македонија ќе беше многу поубаво место за живеење. Јас не можам да се сетам на ниеден проект кој што оваа влада го има реализирано. Автопати не се градат, само се плаќаат пари, Сега има нова фаза, до пред некое време само не се градеа автопати, не се градеше Охрид-КИчево, не се градеше експресниот пат од Градско кон Прилеп, а сега сме во нова фаза каде што со Договорот за коридорите 8 и 10д автопати не се градат, ама пари се плаќаат. Тоа е врв на криминалот. Само вчера министерството за транспорт и врски префрли на изведувачите кои се избрани околу 120 милиони евра, а 120 зрна песок не се ставени на било која делница. Ова е врвна фаза на криминал за која што секако ќе има одговорност после промената на власта – потенцираше Александар Николоски.

Николоски најави дека од документите кои што се добиени од свиркачи ќе продолжат да излегуваат делови во јавност. До сега се што излезе од овој договор не беше демантирано од страна на власта на ниеден начин, туку напротив се потврдува.

Битола: Полицијата вршела пpeтрес во возило, а тој почнал да бега и фрлил ќеса со бела материја

На 28.04.2023 во Ресен на ул„Јосиф Јосифовски“ полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен ги лишиле од слобода И.Т.(30) и Д.Ч.(36), двајцата од Битола.

Додека бил вршен преглед на патничко моторно возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки управувано од И. Т., а во кое сопатник бил Д. Ч., во еден момент Д.Ч. се обидел да избега и фрлил кеса со бела материја, но бил фатен од полициските службеници, по што дополнително кај него биле пронајдени две кесички со бела и кафеава материја.

По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Витаминка избрана за најпосакуван работодавач помеѓу македонските компании

Витаминка ја доби наградата Најпосакуван работодавач за 2022 година меѓу македонските компании за производство на храна. Изборот на Витаминка како компанија каде младите би започнале професионална кариера следи по анкетата спроведена од Vrabotuvanje.com.mk. на која одговориле 1138 испитаници, посетители на сајтот.

Наградувањето и изборот за најпосакуван работодавач меѓу силна конкуренција значи дека Витаминка е компанија каде високо се ценат човечките и професионалнитеквалитети.

„Вреднувањето на вработените во Витаминка започнува со градењето на меѓучовечките односи така што функционираме како големо семејство каде секој вработен ерамноправно ценет и вреднуван. Создадовме одлични услови за работа, можности за личен и професионален напредок, бројни поволности и бенефиции за вработените, но и грижа за здравјето и добросостојбата на вработените со спроведување здравствени прегледи, продолжено породилно отсуство и други мерки со кои се зголемува задоволството кај вработените и се стимулираат семејните вредности. Како дел од ова наше семејство секој вработен претставува најголема вредност. Затоа и понатаму ќе продолжиме да бидеме тоа што сме денес, да го зголемуваме нашето Витаминка семејство и да станеме подобри и поголеми. Оваа награда е поттик да го надминеме постигнатото“, истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во Витаминка на доделувањето на наградите.

Во изборот за Најпосакуван и Најдобар работодавач беа вклучени македонските компании од прехранбената индустрија. Наградата беше доделена на свеченоста по повод одбележувањето 20 години постоење на Vrabotuvanje.com.

Брука: “Нема да излезете оттука” – Натпреварите помеѓу ЖФК Деспина од Прилеп и ЖФК Каменица биле како кланица? (ВИДЕО)

Натпреварот од полуфиналето во женскиот фудбалски куп помеѓу прилепскиот женски фудбалски клуб Деспина и ЖФК Каменица, бил далеку од фер и натпреварувачки. Наместо тоа натпреварот бил исполнет со груби стартови и фаули, за кои сега двете екипи меѓусебе се препукуваат.

Најпрво фудбалерката на Каменица, Мила Талевска, ги обвини прилепчани дека во нивниот пријателски дуел пред три месеци, претседателот на ЖФК Деспина и’ се заканил дека ќе биде изнесена на носилки во нивниот следен натпревар.

Според нејзината изјава токму и тоа се случило првенствената утакмица пред околу 2 месеци, oдносно таа била намерно повредена од фудбалерките на ЖФК Деспина, па поради тоа го пропуштила натпреварот од Купот, кој пат Каменица го доби со 2:1.

Целата реакција на Талевска можете да ја прочитате на линкот во продолжение:

Но, после овие обвинувања следуваше и соопштение од прилепскиот фудбалски клуб, каде е пренесена друга вистина. Од Деспина велат дека нивните фудбалерки биле нападнати во Македонска Каменица.

-По завршување на полуфиналниот натпревар во Каменица нашите фудбалерки беа физички и вербално нападнати.
Во текот на натпреварот беа навредувани и се слуша како се упатуваат закани :Нема да излезите од тука,да ви е..м племето,Прилеп ќе гори,убите ги итн. Креатор на целиот инцицент беше Мила Талевска , помогната од нејзиниот тренер, неговата сопруга и капитенот на Каменица.
Мила Талевска се повреди во Прилеп пред скоро два месеци на 05.03 2023 по што беше пренесена во Прилепската болница каде и е пружена потребната нега и помош.Од нашиот клуб по завршување на натпреварот капитенот Кате Милеска и тренерот Стеван Талески одат да ја посетат повредената Талевска по налог на претседателот на нашиот клубот. Потребно беше да направат инцидент да напаѓаат и фрлаат со шишина по фудбалерки од по16-17 години по Куп натпревар кој го добија и да се прават жртви дека некој намерно ги повредил ?!?!? Зошто од домашната екипа е тргнат од Youtube полуфиналниот натпреварот од 25.04.2023 каде се слушаат само навреди и закани а ќе биде објавено видео од 26 секунди во прилог на ова соопштение. На Мила Талевска и посакуваме што побрзо да се врати на терените и успешно да ја продолжи кариерата
– напишаа од ЖФК Деспина.

Женскиот фудбал во Македонија е на ниско ниво, а ваквите вести само дополнително го рушат имиџот на клубовите и девојките кои решиле да се занимаваат со овој спорт.

Србија ги објави резултатите од пописот: Има околу 200.000 повеќе жени од мажи, Македонци се изјасниле 13.000

Републичкиот завод за статистика на Србија ги објави конечните резултати од пописот на населението. Според податоците собрани минатата година, во Србија живеат 6.647.003 жители.

Жените сочинуваат нешто повеќе од половина од вкупното население – 3.415.025 или 51,4 отсто, додека мажите сочинуваат 3.231.978 или 48,6 отсто, објавено е на веб-страницата на Републичкиот завод за статистика.

Според резултатите од пописот, во Србија живеат вкупно 5.360.239 Срби или 80,64 отсто, а на второ место се лицата чија националност е непозната – 322.013 (4,84 отсто), а има 136.198 граѓани кои не се изјасниле. 2,05 проценти).

Меѓу граѓаните кои се изјасниле за националност, втори по бројност се Унгарците со 184.442, потоа Бошњаците со 153.801, додека Ромите имаат 131.936.

Другите народи и народи се застапени под еден процент, така што има 61.687 0,93 Албанци, 39.107 Хрвати, 27.143 Југословени и 20.238 Црногорци.

Најмалку се Германците – 2.573, Словенците 2.829, Украинците 3.969 и Горанците 7.700.

Има 41.730 Словаци, 23.044 Романци, 21.013 Власи, 13.011 Македонци, 12.918 Бугари, 11.418 Руси и 10.486 Руси.

Во категоријата „друго“ наведени се 21.643 лица.

Не им иде умот: Синоќа санкционирани 12 пијани возачи во Прилеп – исто така “уловени” 111 возачи за брзо возење

Во текот на изминатата вечер (28/29.04.2023)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 20 возачи. Од нив 12 на територија на Прилеп, 6 во Битола, по 1 во Демир Хисар и Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 19 други видови прекршоци.

Исто така вчера (28.04.2023) во периодот од 16.00 до 21.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 111 возачи.

Од нив, 56 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 55 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила – информираат од МВР.

Им тргна: МВР фати уште еден бегалец од затвор

На улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, вчера околу 15.15 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 29-годишниот З.И. од гостиварско Дебреше.

Од МВР денеска информираа дека тој бил осуден на казна затвор од три години за сторени кривични дела по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на затворска казна од една година и девет месеци.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.