дома блог страница 1105

Вистинско чудо се случи на празникот Св. Пантелејмон во истоимениот манастир кај мариовско Полчиште (ВИДЕО)

Сместен на една од најубавите панорамски локации во Мариово, на врвот Панделе во близина на село Полчиште, манастирот Св. Пантелејмон во изминатите години прераснува во едно прекрасно светилиште кое го посетуваат стотици верници.

Иако до самиот манастир не води пристапен пат, управата изминатите години прави вистински чуда да донесе до местото разно-разни градежни материјали и постојано да го осовременува ова прекрасно место.

И оваа година за патронот на манастирот, Св. Пантелејмон, кој се слави на 09. август, беше весело и разиграно. Традиционално пристигнаа повеќемина иселеници од ова село во странство, но и прилепчани кои влечат корен од Полчиште.

Интересен момент се случил за време на аукцијата, кога разни дарови кои верниците ги оставаат во манастирот се продаваат, со цел да се соберат што повеќе средства и истите да се вложат во некој неопходен зафат.

Имено, две тегли мед, кои ги оставил некој неименуван пчелар, биле продадени по неверојатни 55.000 денари, или за околу 2.000 евра. За мештаните и верниците кои на празникот го посетија манастирот ова е чудо, и веруваат дека самиот светец ги натерал наддавачите на аукцијата толку многу да ја кренат цената.

Аукцијата и дел од празничната атмосфера можете да ги погледнете во видеото во продолжение:

МВР итно реагираше: Санкциониран возачот на “голф” кој утрово беше паркиран во Старата прилепска чаршија (ФОТО)

Откако Маркукуле утрово објави за автомобил “голф” со кичевски регистарски ознаки паркиран во јадрото на Старата прилепска чаршија, СВР Битола преку ОВР Прилеп итно реагирале, па возачот е санкциониран.

-По добиена пријава во СВР Битола-ОВР Прилеп во делот на сообраќајот, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп излезено е на лице место, затекнато е патничко моторно возило марка”голф” со регистарски ознаки од Кичево, истото паркирано во старата чаршија во Прилеп на пешачка зона, при што констатиран е прекршок по чл.66ст 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај при што на возачот, 41 годишен од Македонски Брод му е издаден прекршочен платен налог – стои во соопштението на СВР Битола.

Teшка сообраќајка кај битолско Кравари: Автомобил со француски државјани излетал од патот и удрил во столб

На 10.08.2023 во 12.40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крак А-3, Битола-државна граница со Р.Грција, во с.Кравари, патничко возило „пежо 205“ со француски национални ознаки, управувано од M.В.O.Ц.(22) од Р.Франција, излетало од коловозот и удрило во столб. Во несреќата, сопатничката M.П.П.М.(25) се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и сопатничката M.M.Б.(23), сите од Р.Франција, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот изврши увидна екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Кој рече дека во Прилеп “мајмун” не игра? МВР дали се слушаме? (ФОТО)

Со поршето со швајцарски таблици, кое многу веројатно е “рентано”, господинот се паркирал на пешачка патека во центарот на Прилеп, само за да изваде пари од банкомат.

Има за Порше, ама 3 “банки” за паркинг се многу за “господинот”….

Неизмерна љубов! Два дена го чека газдата пред прилепската болница и не јаде, а “луѓе” го гаѓале со камења

Кучево е пред болница Прилеп. Трчало по возило на итна помош во кое се превезувал газдата со мозочен удар.
Два дена го чека пред болница сопствениоот и не јаде – пишува на својот Фејсбук профил Славко Дамјановски.

-Која е оваа љубов луѓе…..
Ги молам сите активисти кои ги имам во пријатели, да не ги тагирам, ако имаат линкови во Прилеп да му се помогне некако со пансион или храна, бидејќи е мавано со камења за да се тргне од ,,Луѓе”. Ќе помогнам – стои во апелот кој за брзо време стана вирален на социјалните мрежи.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02X7aW9DJXFhYzX7FvoNA132uDRp32xFTkG3SJj3y8VmXMFGyE8xqnHgJ7F6a3gZCJl&id=100065739950424&mibextid=2JQ9oc

(Фото галерија) Турист од Кичево со автомобилот се вози низ Старата чаршија – МВР спие?

Тотален хаос во сообраќајот во центарaлното градско јадро, а не е поштедена ниту познатата Стара прилепска чаршија.

Дрскоста заминала до таму што денес некој “ербап” од Кичево за малку ќе продолжел да вози и меѓу уличките.

Ваков хаос не се памети со години низ градот под Марковите Кули…

Полицијата влезе во домот на 41-годишен битолчанец: Пронајдени предмети кои тој претходно ги украл

Денеска (10.08.2023) од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола извршен е претрес на ул. “Ваташа”во Битола во дом и простории кои ги користи Г. Т. (41) од Битола, при што пронајдени се предмети кои биле одземени при извршено кривично дело тешка кражба.

Лицето е лишено од слобода ,а пронајдените предмети се вратени на сопственикот. По документирање на случајот, против Г.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

И вчера се возело лудо на територијата на СВР Битола: Казнети 89 возачи

Вчера (10.08.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 89 возачи. Од вкупно 89 возачи, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 32 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

(Видео) Нова група туристи тргна кон вселената

Ракетата на Virgin Galactic полета од САД, носејќи 80-годишна поранешна британска олимпијка, студентка од Абердин и нејзината мајка.

Летот на Virgin Galactic 02 беше закажан за 08:30 часот по локално време (16:30 по средноевропско време). Ова е првиот туристички, но втор комерцијален лет на Virgin Galactic. Првиот беше во јуни кога италијанските воздухопловни сили и научниците спроведоа експерименти во бестежински услови во мисија од 70 минути.

Мисијата се смета за уште еден тест за тоа колку е одржлив вселенскиот туризам. Анастасија Мајерс и нејзината мајка, Кеиша Шахаф, освоија карти за летот на Virgin Galactic на наградна игра.

Повредените во несреќата кај Росоман се борат за живот: Обвинител нареди возилата да се однесат на технички преглед, ќе се утврдува и присуство на алкохол кај учесниците

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа кај Росоман, во која две лица го загубија животот на луце место, а уште три лица со тешки телесни повреди и во живорна опасност се префрлени на лекување во Скопје, известува Обвинителството.

– Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде наредба за фотографирање, скицирање и снимање на местото на несреќата, а нареди и да се изврши технички преглед на сите возила, соопшти Обвинителството.

Наредено е испитување на присуство на алкохол кај учесниците во несреќата.