дома блог страница 1104

Двајца малолетници тепале 24-годишно момче од Битола

На 01.05.2023 во 00.30 часот во Полициска станица Битола Ј.П.(51) од Битола пријавил дека на 30.04.2023 околу 18.30 часот во Битола нејзиниот син К.П.(24) од Битола, бил физички нападнат од двајца малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информирааат од СВР Битола.

(Видео) Светот се присетува: 29 години откако се поздравивме за последен пат со најдобриот возач на сите времиња

Денеска се навршуваат 29 години од смртта на еден од најдобрите Формула 1 возачи, Бразилецот Аиртон Сена.

Сена почина на 1 мај 1994 година на 34-годишна возраст кога ја загуби контролата над својот болид при брзина од 310 км/ч и удри во ѕидот на свиокот Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола. Ден претходно на истата патека за време на квалификациите на истото место животот го загуби и Австриецот Роланд Раценбергер.

Роден е Аиртон Сена да Силва во Сао Паоло, Бразил на 21 март 1960 година. Поради здравствени проблеми со координацијата на движењето, неговиот татко го убедил да почне да вози картинг уште како дете.

Како тинејџер освоил награди во картинг, а во 1982 година се преселил во Англија за да продолжи со професионална кариера во Ф1. Сена дебитираше во Ф1 во 1984 година.

Вниманието на светската јавност го привлече истата година на трката за ГН на Монако, кога го остави Ники Лауда зад себе на патеката и беше блиску позади Ален Прост, и покрај дождот кој беше толку силен што трката беше прекината.

Токму поради оваа трка го доби и надимакот “дождовен човек”.

Работниците до функционерите: Си ги покачивте платите за 78 отсто, а не убедувате дека 2.000 денари се доволни – ќе ви се случи народ

Работниците се лути на функционерите кои си добија покачување на платите за 78 отсто, а минималната плата ја зголемуваат за 2.000 денари. Тие при говорот на Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, викаа „уа“ додека тој говореше за функционерските плати.

„Денес ќе им се обратиме на оние кои си покачија платите за 78 проценти а нас не убедуваат дека 2.000 денари се доволни. Е па не може вака. Мора да добиеме и ние покачување за 78 отсто, исто како нив. Ќе им се случи народ бидејќи не се грижат за работниците“, рече Димовски.

Протестниот марш по повод 1-мај продолжува од пред седиштето на Сојузот на синдикати, пред Собранието, па пред Владата.

Трагедија рано утрово во Прилеп: Воз удри во автомобил на железнички премин – едно лице го загуби животот

На 01.05.2023 околу 04,00 часот во СВР Битола е пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на железнички премин на ул.Трајко Николоски со ул.Леце Котески во Прилеп, во близина на железничката станица–Прилеп удрил во патничко моторно возило „поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(76) од Крушево, кој починал на лице место.

Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Прилеп.

Прилепските џудисти од “Сеишин” направија растур на државните првенства викендов – освоија 21 медал

Во саботата (29.04.2023) во Скопје се одржаа Државните Првенства за Пионери-ки и Сениори – ки во џудо. Џудо клубот Сеишин-Прилеп на овие првенства зеде учество со 26 џудисти, а освоија 21 медал (7 златни, 4 сребрени и 10 бронзени).

Резултати поединечно:
Пионери:
1. Немања Џагадуроски 1 во место
2. Марко Ацески 2 ро место
3. Ратко Ацески 3 то место
4.Марко Василески 3 то место

Пионерки:
1. Јана Ангелевски 1 во место
2. Софија Ѓорѓиеска 2 ро место
3. Теодора Илиоска 1 во место
4. Тамара Илиоска 1 во место
5. Андреа Кнежевски 3 то место
6. Мила Здравеска 3 то место

Сениорки:
1. Теодора Димеска 1-во место
2. Теона Настоска 3 то место
3. Кристина Мантароска 2 ро место
4. Елеонора Илиоска 3 то место
5. Мартина Јанкоска 1 во место

Сениори:
1. Никола Магдески 2 ро место
2. Михаил Димоски 3 то место
3. Михаил Стојановски 3 то место
4. Стефан Талески 3 то место
5. Марио Цинцароски 3 то место
6. Христијан Стојкоски 1 во место

ЏК Сеишин Прилеп во следниот период продолжува со меѓународни настапи на џудо турнирите во регионот (Бугарија, Албанија и Србија).

Во Прилеп се одржа ГРАНД ПРИ турнирот во забрзан шах “Пелагонија 2023” (ФОТО)

На шаховскиот рапид турнир “Пелагонија-ГРАНД ПРИ 4”, кој вчера се одржа во Прилеп, настапија 52 играчи од повеќе општини од Македонија: Прилеп, Охрид, Гевгелија, Битола, Кривогаштани, Струмица, Долнени и Крушево.

По голема борба и неизвесност до последните моменти, победи Горан Готовуша од ШК “Пелагон” Прилеп, пред Марјан Христовски од ШК “Штајниц” oд Битола и Тони Кироски од ШК “Прилеп”, кои го поделија второто место.

На делба на четвртото место се пласираа прилепчаните Дејан Ѓорѓиески и Кире Николоски. Покрај петте најдобро пласирани, награди освоија и Константин Лушески од ШК “Ласкер” oд Охрид за најдобар млад играч, Исмаил Ахмеди, за најдобар играч над 50 години, како и Јустина Дутка, за најдобро пласиран женски натпреварувач.

-Со ова почнува серијата на турнири кои ќе се организираат во Пелагонискиот регион, кој е моментално најактивен шаховски центар во Македонија. Наскоро објава на нов шаховски настан – напиша на Фејсбук Претседателот на Шаховскиот клуб “Прилеп”, Тони Кироски.

“Некст Тајм” се дружеа со нашинчињата во Австралија: Дечињата во еден глас ja пејат “Слушам кај шумат шумите” (ВИДЕО)

Најпознатите близнаци од Македонија изминатите денови беа на турнеја меѓу нашинците во Австралија каде одржаа повеќе концерти. На настапите на “Некст Тајм” присуствуваа стотици македонски иселеници кои од прва до последна минута уживаа и пееја во еден глас.

Пред заминување “Некст Тајм” одржаа концерт во Мелбурн, а се дружеа и со македончињата од саботното училиште по македонски јазик
“Килор Даунс”.

Дечињата во еден глас ја пееле “Слушам кај шумат шумите”, а “Некст Тајм” ни пренесоа дел од оваа дружба на социјалните мрежи.

(Видео) Кинеско архитектонско чудо: Познат е како мостот што лебди на вода

Познат е уште како “воден пат”, бидејќи движењето по мостот им дава на луѓето неверојатно чувство како да се движат на површината на водата.

Лоциран во округот Ксуанен во југозападната провинција Хубеи во Кина, лебдечкиот мост Шизигуан е еден од најспектакуларните мостови во светот, односно тој е најголемиот пловечки мост, па дури е запишан и во Гинисовата книга на рекорди.

Овој уникатен мост се наоѓа во живописната област Шизигуан опкружен со бујни зелени шуми и е познат и како воден пат Шизигуан бидејќи пешачењето или возењето по мостот им дава на луѓето неверојатно чувство како да се движат на површината на водата.

Жител од битолско Трново со тврд предмет нападнал две битолчанки во угостителски објект

На 30.04.2023 околу 01.30 часот во Полициска станица Битола е пријавено дека во угостителски објект во Битола Ш.З.(34) од с.Трново, битолско физички ги нападнал со тврд предмет А.Е.(21) и Љ.З.(36), двете од Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Во неколку часа казнети 157 возачи на подрачјето на СВР Битола: Дури 51 во Прилеп

Денеска (30.04.2023) во периодот од 11.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 157 возачи од кои (32-Битола, 51-Прилеп, 44-Ресен, 14- Демир Хисар, 9-Крушево и 7- Македонски Брод.

Од вкупно 157 возачи, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.