дома блог страница 1103

Почекајте до полноќ: Вечерва паѓаат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34% во однос на одлуката од 28.4.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,834%, кај дизелот за 3,930%, кај екстра лесното масло за 0,58% и кај мазутот намалувањето е за 0,63%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,193%

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,362 ден/кг и сега ќе изнесува 41,075 ден/кг.

Од 3.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,075 (денари/килограм)

ВЕТЕНО РЕАЛИЗИРАНО: Од денеска бесплатен оброк за сите ученици во одделенска настава во Кавадарци (ФОТО)

Проектот ,,ОБРОК ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ” од денес за сите ученици од прво до петто одделение во основните училишта во Кавадарци!

-Од денес официјално започна со реализација проектот “Оброк за секое дете” кој беше дел од предизборната програма на градоначалникот Митко Јанчев, и е наменет за учениците од основно образование од прво до петто одделение. Проектот ќе трае до крајот на учебната година и ќе се реализира согласно претходно регулираните законски постапки за заштита на безбедноста и здравјето на учениците – напиша на ФБ градоначалникот на општината Митко Јанчев.

Дното изгледа вака: Додека цел Прилеп придонесува во полза на храмот, неколкумина крадат дури и цвеќиња (Фото)

Додека управата на нашиот храм упорно се труди да ги разубави, некој упорно се труди да го нагрди храмот и дворот околу него. Додека вработените при храмот садат цвеќиња за облагородување на дворот, некој ги корне и крши – пишуваат од храмот Св. Петка во населбата Точила во Прилеп

Од црквата додаваат дека нареден пат ќе ги објават сторителите.

-Еве стигнавме дотаму да бидат откорнати и украдени пресно насадени цвеќиња. Најинтересно е што вредноста на овие цвеќиња не надминува 300 денари. Ете дотука стигнавме! Сите прилепчани се обидуваат да придонесат нешто во полза на храмот, а неколкумина ја погазуваат нивната несебичност.

Срамота! Во иднина, ако некому од овие што крадат цвеќиња имаат потреба од цвеќиња, слободно нека кажат какви цвеќиња сакаат, и која боја, пред да ги насадиме и ќе им ги подариме.

Ги поздравуваме “љубителите” на цвеќиња, дека иако моментално не ги виделе камерите, сепак нека знаат дека Бог ги гледа, а за многу кратко време, од само неколку дена, и камерите ќе ги гледаат, а тогаш управата на храмот воопшто нема да се двоуми јавно да ги објави па да бидат видени од целата прилепска јавност и пошироко – стои во објавата на храмот Св. Петка.

Само 6 во Прилеп – Полицијата “улови” 34 пијани возачи на подрачјето на СВР Битола за 1-ви Мај

Во текот на изминатата вечер (01.05.2023)во периодот од 17.00-22.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 34 возачи. Од нив 14 на територија на Битола, 6 во Прилеп, 5 во Демир Хисар по 3 во Македонски Брод и Ресен и 2 во Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 21 други видови прекршоци.

Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Трикови за чистење: Со овие техники вашите бели патики секогаш ќе изгледаат како нови

Овој период од годината не може да помине без уникатните бели патики

Ова се совети за чистење кои ќе ви помогнат секогаш да изгледаат како нови.

Совет број еден:

Многу е важно за кој модел на патики станува збор, па ако зборуваме за култните старки (Convers), тогаш сѐ што треба да направиме е да нанесеме малку сапун на четката за заби и кружни движења да триеме додека не исчезне нечистотијата.

Совет број два:

Растворете сода бикарбона во млака вода и тријте ја со кружни движења, а потоа оставете ја содата да отстои најмалку десет минути, а потоа исплакнете.

Совет број три:

Ако имате кожени патики, најдобро би било млекото за тело да го користите и со четка или крпа. Никогаш не користете грубо сунѓерче кога станува збор за овој тип на патики.

Колку и да се валкани патиките, избегнувајте да ги перете во машина за перење. Експертите велат дека ова е најголемата грешка што ја прават луѓето, бидејќи ѓонот лесно може да се откачи.

Совет број четири:

Направете паста за чистење од сода бикарбона, вода и оцет. Истурете во еднакви количини, но внимавајте да има доволно сода за да се згусне пастата. Користете стара четка за заби и исчистете со неа доколку е потребно. Кога ќе завршите, задолжително исплакнете со топла вода и оставете да се исуши.

Подгответе се за нови врнежи од дожд: УХМР ја објави прогнозата до крајот на оваа недела

Времето денеска ќе биде претежно облачно, во источните делови со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Во Скопје претежно облачно, во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Во среда и четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на места поинтензивен и проследен со грмежи. Дневната температура ќе се намали. Од петок се очекува посончево и потопло време, со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови.

Прилепските велосипедисти од “Илинден” на одличен начин ја започнаа новата сезона: Андреј Маџоски ја забележа првата победа во јуниори (ФОТО)

Со трката “Апхил Сопиште” започна сезоната во планински велосипедизам, а Велосипедскиот клуб “Илинден” од Прилеп стартуваше со победа.

Андреј Маџоски ја забележа својата прва победа во јуниори, Константин Костоски беше трет во кадети, Никола Ристески го освои четвртото место, а Младен Петрески беше седмопласиран во истата категорија.

Тренерот Драган Димитријоски не го криеше задоволството за првата јуниорска победа на Маџоски и истакна дека и покрај тоа што оваа дисциплина не ја практикуваат, трката ќе им дојде како одлично загревање за престојните во роад дисциплина.

Двајца малолетници тепале 24-годишно момче од Битола

На 01.05.2023 во 00.30 часот во Полициска станица Битола Ј.П.(51) од Битола пријавил дека на 30.04.2023 околу 18.30 часот во Битола нејзиниот син К.П.(24) од Битола, бил физички нападнат од двајца малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информирааат од СВР Битола.

(Видео) Светот се присетува: 29 години откако се поздравивме за последен пат со најдобриот возач на сите времиња

Денеска се навршуваат 29 години од смртта на еден од најдобрите Формула 1 возачи, Бразилецот Аиртон Сена.

Сена почина на 1 мај 1994 година на 34-годишна возраст кога ја загуби контролата над својот болид при брзина од 310 км/ч и удри во ѕидот на свиокот Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола. Ден претходно на истата патека за време на квалификациите на истото место животот го загуби и Австриецот Роланд Раценбергер.

Роден е Аиртон Сена да Силва во Сао Паоло, Бразил на 21 март 1960 година. Поради здравствени проблеми со координацијата на движењето, неговиот татко го убедил да почне да вози картинг уште како дете.

Како тинејџер освоил награди во картинг, а во 1982 година се преселил во Англија за да продолжи со професионална кариера во Ф1. Сена дебитираше во Ф1 во 1984 година.

Вниманието на светската јавност го привлече истата година на трката за ГН на Монако, кога го остави Ники Лауда зад себе на патеката и беше блиску позади Ален Прост, и покрај дождот кој беше толку силен што трката беше прекината.

Токму поради оваа трка го доби и надимакот “дождовен човек”.

Работниците до функционерите: Си ги покачивте платите за 78 отсто, а не убедувате дека 2.000 денари се доволни – ќе ви се случи народ

Работниците се лути на функционерите кои си добија покачување на платите за 78 отсто, а минималната плата ја зголемуваат за 2.000 денари. Тие при говорот на Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, викаа „уа“ додека тој говореше за функционерските плати.

„Денес ќе им се обратиме на оние кои си покачија платите за 78 проценти а нас не убедуваат дека 2.000 денари се доволни. Е па не може вака. Мора да добиеме и ние покачување за 78 отсто, исто како нив. Ќе им се случи народ бидејќи не се грижат за работниците“, рече Димовски.

Протестниот марш по повод 1-мај продолжува од пред седиштето на Сојузот на синдикати, пред Собранието, па пред Владата.