Во Прилеп по 16-ти пат се одржа интернационалната манифестација „Поетско Маркукуле“

Во Прилеп денеска се одржа 16. издание на поетската манифестација „Поетско Маркулкуле“, на која учество зедоја поети од 14 земји од земјава, регионот и пошироко.

На годинашната манифестација пријавени беа 220 учесници кои претходно ги испратија своите авторски творби што се дел од зборникот „Петско Маркукуле 2023“.

На 268-те страници од зборникот објавени се 220 песни, во најголем дел од поети од земјава и Прилеп како домаќин на оваа традиционална меѓународна поетска манифестација. Авторите се поделени во три категории – домашни автори, странски и автори од дијаспората и млади автори до 18 години. Од странските земји учествуваат автори од Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Австрија, Австралија, Германија, Бугарија, Турција, Ерменија, Полска, Украина и од Канада.

Манифестацијата беше збогатена и со литературно читање од ученици од две основни училишта од нашиот град, “Климент Охридски” и “Кире Гаврилоски”. Со свои лични творби се претставија петтодделенците Марија Колевска, Марија Крстеска, Петар Јованоски и Марко Макалоски.

Клубот на литературни творци од Прилеп ја презеде организацијата на оваа манифестација во 2019 година, после откажувањето од страна на дотогашниот организатор Градската библиотека „Борка Талески“.

Годинава, покровители на манифестацијата беа општина Прилеп, Министерството за култура и неколку домашни компании.

Првото издание на „Поетското Маркукуле“ се одржа во 2007 година по иницијатива на прилепчанецот Љубен Димкароски Димкар.

Повеќе фотографии од настанот погледнете во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.