дома блог страница 1098

Полни раце за полицијата во изминатите 24 часа во Прилеп и Битола: 70-годишник нападнат во Кадино Село, тепачки меѓу малолетници и млади луѓе

Извадоци од полицискиот билтен на МВР

На 19.08.2023 во 19.40 часот во ОВР-Прилеп Г.С.(43) од Прилеп пријавил дека на 18.08.2023 околу 20.00 часот во круг на средно училиште во Прилеп неговиот малолетен син по претходно недоразбирање бил физички нападнат од друг малолетник.

На 19.08.2023 во 19.00 часот во ОВР-Прилеп В.В.(70) од с.Пашино Рувци пријавил дека околу 18.00 часот пред продавницата во с.Кадино Село бил физички нападнат од едно лице.

На 20.08.2023 во 00.20 часот во Полициска станица Битола В.П.(43) од Битола пријавила дека околу 00.20 часот во близина на угостителски објект во Битола нејзиниот син бил физички нападнат од две лица.

На 20.08.2023 во 05.00 часот во Полициска станица Битола К.С.(24) и А.С.(26) двајцата од Битола пријавиле дека околу 01.00 часот во градски парк во близина на угостителски објект во Битола биле физички нападнати од А.У. и Б.З., двајцата од Битола.

Пожар во археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кај Кривогаштани: Изгорела дел од опремата за ископување

На 18.08.2023 околу 15.00 часот во СВР Битола е пријавено дека настанал пожар во атар на с.Славеј од кој бил зафатен дел од археолошкиот локалитет „Врбјанска Чука“ во атар на с.Славеј, општина Кривогаштани, при што била опожарена дел од опремата за ископување која се користи во локалитетот во сопственост на Центарот за истражување на праисторија – Скопје.

Пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

(Видео) Не им веруваат на очите: Чуден природен феномент снимен со камера

Американски CBS News на својот официјален профил на Твитер, социјалната мрежа сега позната како X, објави видео од молњи во околината на вулканот Акатенанго во Гватемала.

Во него пишува дека видеото е направено од Дерик Даглас Стил.

– Скокнав од моторот и снимив чудни молњи. Како да пукаат и да го осветлуваат небото над вулканот Акатенанго во Гватемала – изјави Стил.

Маркукуле прв дознава: Ова се главните ѕвезди кои ќе настапат на “PRILEP BEER WEEKEND”

Од 1. до 3. септемеври Прилеп ќе биде местото каде ќе се случува најголемата забава во Македонија. Фестивалот на скарата и пивото оваа годината ќе го одбележи дваесеттото јубилјено издание, а ќе го носи името “PRILEP BEER WEEKEND” и ќе трае 3 дена.

Маркукукуле прв дознава кои се главните ѕвезди кои ќе настапат на фестивалската сцена во Прилеп.

Според информациите својот настап го имаат потврдено “Тропико Бенд”, “Hurricane” и балканската мега ѕвезда Аца Лукас.

Утре организаторите, заедно со општина Прилеп ќе одржат прес конференција на која ќе биде позната целата програма и сите содржини.

За Аца Лукас ова ќе биде втор настап на Пиво Фест во Прилеп, неговиот прв настап беше во 2016 година.

На плажа во Албанија спасени од давење три македонски државјанки- две се во потешка состојба

Три македонски државјанки на возраст од 48, 60 и 66 години вчера попладне се спасени од давење на плажата Голем кај Каваја, на албанското крајбрежје.

Според полицијата, веднаш им била укажана прва помош од присутните туристи на плажата, крајбрежната стража и полициските службеници од Каваја кои биле дежурни на крајбрежјето.

– Трите жени итно се пренесени во Регионалната болница во Драч за укажување лекарска помош. Жената на 48-годишна возраст е надвор од животна опасност, додека во потешка состојба се другите две, на 66 и 60-годишна возраст, стои во соопштението.

На албанското крајбрежје годишно летуваат, во просек од 250 до 300 илјади македонски државјани. Ова лето се очекува бројот да биде многу поголем.

Извршителите минатата година направиле чист ќар од 4 милиони евра

98 извршители, колку што ги има во државава, лани реализирале чист профит од околу 4 милиони евра, откако успеале да наплатат над 145 милиони евра долгови од граѓаните, од фирмите и од државата.

Најуспешните, првите 10, биле вкупна добивка од околу 1,17 милиони евра и во „колачот“ учествуваат со нешто над 29 проценти, покажува анализата на Пари.

Податоците до кои дојде “Pari.com.mk” покажуваат дека процентот на реализација на сите примени барања за извршувања е 10,7 %. Но, и со таква реализација, извршителите одлично заработуваат,. пишува порталот.

(Видео) Драма во Охрид: Езерската полиција спаси пет лица од Охридското Езеро

Вчера вечерта, околу 19 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, сопственик на пловен објект-едрилица, на која покрај него се превезувале уште четири лица, изгубил контрола поради невремето и поради кршење на крмен лист.

Постапувајќи по пријавата, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” веднаш излегле на терен и околу 19.25 часот ја пронашле едрилицата на околу 7000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија.

Н.Б. (55) од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” во добра здравствена состојба, без повреди.

И тој рекорд го турнавме: Во Прилеп синоќа фатен возач со 4,55 промили алкохол

Во текот на изминатата вечер (19/20.08.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 58 возачи од кои 29 во Прилеп, 13 во Битола, 6 во Крушево , 5 во Македонски Брод, 3 во Ресен и 2 во Демир Хисар.

Во Прилеп е санкциониран и возач кај кого се измерени 4,55 промили алкохол. За време на контролата биле санкционирани и 42 други видови прекршоци. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот.

Прилепчанка го пронашла својот татко починат на улица

На 18.08.2023 во 10.00 часот во СВР Скопје, Ј.Ш. од Прилеп пријавила дека на ул. „Козле“ во Скопје го пронашла починат нејзиниот татко З.Ј.(62). Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција – информираат од МВР.

И официјално општина Прилеп објави кога ќе се одржи фестивалот на пивото – Ќе трае 3 дена!

Општина Прилеп и официјално објави дека дваесеттото јубилејно издание на “Пиво Фест” ќе се одржи од 1-3 септември.

Според најавата на официјалната страна на општина Прилеп на Фејсбук, фестивалот ќе го носи името “Prilep Beer Weekend” и наместо 4 оваа година ќе трае 3 дена.

Од општината информираат дека во понеделник ќе биде позната и програмата за фестивалот.