дома блог страница 1099

Соколески пред шампионска титула! Битолчани вечерва ја срушија доминацијата на Вардар! (ФОТО/ВИДЕО)

После долги години доминација на црвено-црните од Скопје, македонската ракометна Супер лига добива нов шампион. Вечерва во преполната спортска сала “Боро Чурлевски” во Битола, Еурофарм Пелистер ги совлада гостите од Скопје и речиси сигурно ќе стане нов шампион.

Громогласната атмосфера од првата до последната минута, беше мотив плус за битолчани да стигнат на прагот на првата титула после сезоната 2004/05.

Крајниот резултат на семафорот беше 26:23 (13:12 на полувремето). Со овој резултат, битолчани на две кола пред крајот на сезоната имаат предност од 3 бода пред вардарци.

Следното коло се игра на 21.05, кога Еурофарм Пелистер гостува кај Охрид, а Вардар кај Тиквеш. Во последното коло пак битолчани го пречекуваат Тиквеш, а Вардар во Скопје уште еднаш ќе ги одмери силите со Алкалоид.

Да не заборавиме. Во екипата на битолчани е тренерот на голманите од Прилеп, Ице Соколески, чиј допринос во освојувањето на оваа титула секако е за пофалба.

Браво! Ангела Трајкоска носи бронза во Прилеп од Балканското првенство во Грција

Ангела Трајкоска Тамара Цветкоска и Елена Дејковска од Боречкиот клуб “7-ми Мај Златна рака” од Прилеп, ја претставуваат Македонија на Балканското првенство за пионери и кадети кое од 4-7 мај се одржува во Сер, Грција.

Од клубот веќе се пофалија со првиот успех.

-Денес од Сер Грција од Балканското првенство У15 Ангела Трајкоска со неколку победи и еден пораз за Прилеп носи бронзен медал – напишаа од БК “7-ми Мај Златна рака”.

Честитки за Ангела!

Малолетник најавил дека ќе убие 30 луѓе – трето апсење по масакрите во Србија

Во Ниш денеска е уапсен млад човек (17) поради сомнение дека вчера на својот Инстаграм профил напишал дека денеска во Ниш ќе бидат убиени над 30 лица, соопшти Полициската управа во Ниш.

Со брзата и ефикасна акција на органите на прогонот, најпрвин бил идентификуван, а потоа лишен од слобода.

Судијата на Вишиот суд му одреди мерка притвор за кривично дело предизвикување паника и неред.

Ученик во основно школо во Скопје вперил пластичен пиштол кон други ученици

Дете во основно школо во Чаир, Скопје, отишло во училиште со пластичен пиштол и го вперило кон други ученици. Потоа, пиштолот го предал на директорката.

Инцидентот се случил вчера, а го потврдија и од МВР.

„На 05.05.2023 околу 12 часот во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа“, велат од МВР.

За случајот известен е јавен обвинител за малолетници и Центарот за социјални работи.

Вакви и слични инциденти како во Скопје, беа забележани и во други градови во регионот откако во средата се случи масакрот во основно школо во Белград каде 13-годишен ученик со пиштол уби девет лица (чуварот и осум деца) и рани седуммина.

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА: Што значи ако на Ѓурѓовден заврне, а што ако денеска небото е ведро?

Го славиме големиот празник Ѓурѓовден, а според народните верувања има посебно значење ако денеска загрми.

Овој празник се смета за граница меѓу зимата и летото и врзан е за здравјето на домашните, женидба на младите, плодност на стоката, добри посеви…

Се верувало дека ако на Ѓурѓовден е ведро, ќе биде плодна годината, а ако на овој празник врне дожд, летото ќе биде сушно.

Порано се верувало дека колку недели пред Ѓурѓовден ќе загрми, толку товари жито ќе има таа година.

Жител од прилепско додека работел во градината пронашол минофрлачки гранати

На 05.05.2023 во 14.10 часот во Полициското одделение Кривогаштани, И.Ѓ.(30) од с.Обршани пријавил дека при извршување работи во градината на неговиот имот пронашол неиспукани гранати.

Полициски службеници извршиле увид, а пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување констатирале дека се работи за три минофрлачки гранати Ф-75 германско производство од Првата светска војна.

Гранатите биле подигнати за понатамошна постапка.

Прилепчани спремни за победа и обезбедување на опстанок во Супер лига – утре да ги поддржиме во што поголем број

По победите на гости кај Радовиш и дома против Скопје, ракометарите на РК Прилеп забележаа тесен пораз на гостувањето против Струга, и со 20 освоени бода го дочекуваат утрешниот натпревар, против претпоследната екипа во плеј-аут сегментот на Супер лигата, РК Јуниор од Кисела Вода.

Со триумф прилепчани со сигурност ќе го запечатат опстанокот во најелитното ракометно друштво кај нас, а за тоа ќе имаат потреба од што поголема поддршка од ракометните вљубеници.

Натпреварот против гостите од Скопје се игра со почеток од 18:30ч во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”.

Да ги поддржиме нашите ракометари за на две кола до крајот на сезоната обезбедат опстанок во Супер лигата.

Најтажниот Ѓурѓовден во Србија: Денеска погреб на 10-те жртви на масовните убијци

Денеска ќе се одржат погребите на 10-те жртви од двата масакри што се случија во Србија во текот на два дена. Во Белград ќе бидат погребани четворица ученици и училишен чувар, кои во масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ ги уби момчето К.К. (13), додека во Мали Орашје ќе бидат погребани петтемина соборци кои ги уби У.Б кај Младеновац. (21).

На белградските гробишта денеска ќе бидат погребани четворица ученици и работник од обезбедувањето на ОУ „Владислав Рибникар“. Исто така, во Мали Орашје ќе бидат погребани петмина пријатели, жртви на масовното пукање кај Младеновац.

Потсетуваме, во средата тринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград уби осум ученици и еден работник од обезбедувањето во тоа училиште, а повреди уште шест ученици и еден наставник. Во селата кај Младеновац 21-годишен маж уби осум лица, а повреди 14.

Сојуз на средношколци: Да се делува брзо и ефикасно за да се превенираат и избегнат негативни ефекти

На покана на Министерот за образование и наука, Сојузот на средношколци учествуваше на вчерашната средба со универзитетските професори од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, правото и безбедносните науки, која се одржа во просториите на МОН. Оваа средба е првата фаза од консултациите за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на меѓуврсничкото насилство во училиштата.

Став на Сојузот на средношколци е дека мора да се делува брзо и ефикасно за да се превенираат и избегнат негативните ефекти, а истовремено спроведените мерки да дадат конкретни и видливи резултати на терен.

Во тој поглед, претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, на средбата ги претстави нашите четири предлози, чии генерални црти и начела беа застапени уште во неговата изборна програма, т.е. во мај 2021 година.

Најпрвин, Сојузот смета дека безбедносниот аспект ќе биде мошне важен во претстојниот период поради ризикот од т.н. „домино ефект“. Затоа предложивме МОН да стапи во меѓуинституционална соработка со Министерството за внатрешни работи со цел засилено обезбедување на училиштата најдоцна до крајот на оваа учебна година.

Иако во Македонија скоро секое училиште е екипирано со тим на стручни соработници (педагог, психолог и специјален едукатор), праксата покажува дека училишните психолози се обременети со административна работа, што ги спречува да комуницираат со корисниците на нивните услуги – учениците. Водејќи се од позитивните примери присутни во некои училишта во нашата земја, Сојузот предлага нов модел на работа на училишните психолози. Имено, нивните канцеларии треба да бидат отворени за средношколците, а тие треба да го имаат правото да закажат тет-а-тет средба со својот училиштен психолог.

Понатаму, свесни сме дека за ваква промена ќе бидат потребни обуки и доквалифакации за стручните служби и сметаме дека тие треба да се спроведат што поскоро, односно штом биде изготвен протоколот кој ќе го дефинира новиот модел. За да се избегне докажаната неуспешност на обуките, Сојузот предложи и спроведување на тестирања кои ќе ги мерат знаењата стекнати од овие обуки.

Сојузот мисли дека летниот распуст треба да биде употребен за изготвување на протоколот за новиот модел на работа на стручните служби и за отпочнување на обуките за соработниците. Мора да се дејствува веднаш!

Последно, Сојузот ја поздравува одлуката на МОН да ги отвори електронските адреси [email protected] и [email protected], на кои ќе може да се пријавува меѓуврсничко насилство. Ние предложивме да се размисли и отворање на бесплатна телефонска линија и профили на социјалните медиуми, со цел оваа можност да биде поблиска до целната група – средношколците и ученичките воопшто.

Сојузот на средношколци ќе продолжи да биде активно вклучен во процесите на работната група и ќе ги застапува потребите на средношколците коишто се однесуваат на менталното здравје, меѓуврсничкото насилство и безбедноста.

Добра вест! Горивата и вечерва поевтинуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,86% во однос на одлуката од 2.5.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,905%, кај дизелот за 5,550%, кај екстра лесното масло за 5,333% и кај мазутот намалувањето е за 4,615%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,031%

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,455 ден/кг и сега ќе изнесува 39,620 ден/кг.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 78,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе продава за 80,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 67,00, а Екстра лесното масло за домаќинство за 66,00 денари за литар.