дома блог страница 1097

(ФОТО) Прилепчанец со автомобил се судри со полициска “марица”: Повредени се четири лица

На 20.08.2023 во 16,30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул.„Тризла“ со ул.„Петар Ацев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.С. (59) од Прилеп и возило „фолксваген“ сопственост на МВР, а управувано од полициски службеник од ОВР Прилеп.

Притоа, со телесни повреди се здобиле С.Ј., М. Ј., М. Ј. и М.С., констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп – стои во соопштението од ОВР Прилеп.

Во соопштението на МВР нема информација дали во сообраќајната незгода се повредени и полициски службеници. Според информациите на МАРКУКУЛЕ, на лице место интервенирала и екипа на Територијалната противпожарна единица – Прилеп, бидејќи М.С. бил приклештен во автомобилот.

Прво пукал на веселба во воздух, па во автомобил си пукнал во стапалото: Жител од прилепско донесен во прилепската болница

На 20.08.2023 во 17.59 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Ш.Ф.(54) од с.Дебреште, прилепско. Полициски службеници извршиле службен разговор со лицето, при што било констатирано дека околу 17.30 часот во с.Дебреште, при семејна веселба, Ш.Ф. од огнено оружје испукал неколку куршуми во воздух.

Потоа додека се превезувал со патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки испукал еден куршум во неговото десно стапало.

Увид на местото бил извршен од екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од ОВР Прилеп.

Србите знаат убаво да си поминат дури и кога чекаат со часови на македонски граничен премин: Оро и чочеци на Табановце (ВИДЕО)

Долгите чекања на граничниот премин Табеновце за влез и излез од земјава за одмор кон Грција беше повод за чочеци и ора на граничниот премин Табановце. Имено голема група на српски граѓани чекањето го претворија во забава.

Наместо свирење со автомобилски сирени, тие пуштаа музика и се забавуваа на граница. На социјалните мрежи кружи видео во кое се гледа како се забавуваат додека чекаат да продолжат кон Грција.

Фотографии кои треба да допрат до секого! Престанете да ги палите стрништата по нивите!

Ако ова не ве натера да престанете да ги палите стрништата по нивите, тогаш немате срце и душа!

Го прегазил и избегал: Прилепчанец со тешки повреди донесен во болница

На 21.08.2023 во 00.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул. „Борка Талески“ во Прилеп, патничко моторно возило со непознати регистарски ознаки удрило во З.С.(53) од Прилеп и го напуштило местото.

По несреќата пешакот З.С. бил пренесен во Градската болница „Борка Талески“ Прилеп каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР-Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.

Од септември поскапува лебот: Еве за колку ќе скокне цената

Од септември ново поскапување на лебот – ако не помогне државата. Високите цени на пченицата на светските берзи, по излегување на Русија од Договорот за извоз на украинско жито, притискаат за пораст на цената, велат од пекарската индустрија. Затоа бараат државата да ги заштити граѓаните од нови поскапувања и да го помогне бизнисот.

Од крајот на јули по излегување на Русија од Договорот за извоз на украинско жито, цените на берзите се зголемија за 10 до 15%. Исто така и покачувањето на млечните и месни производи има удел, затоа што и овие продукти партиципираат во пекарската индустрија. Внимателно се следи ситуацијата и секој прозиводител утврдува дали ќе ги покачи цените или ќе продава по исти цени, изјави Горан Ѓоргиевски, претседател на Агро бизнис комората.

Оваа недела по нови повисоки цени се продаваат дел од млечните производи. Поскапи и месото, а по одмрзнатите маржи по повисоки цени се продаваат и овошјето и зеленчукот. Бизнисот апелира – економија, а не политиката да биде фокус на власта.

Државата мора да има сценарија за помош. До сега не беа направени квалитетни мерки за заштита на потрошувачите и бизнисот. Крајно сме изложени на влијанието на берзите.Сепак, мислам дека има простор за квалитетни одлуки во периодот кој доаѓа, додава Ѓорѓиевски.

Повисоки цена од следниот месец ќе имаат и околу 1,000 производи кои државата ги смета за луксуз. Кои се тие – се уште не се открива. Но, министерот за економија вети дека ако има потреба – власта со нов пакет мерки ќе им помогне на граѓаните. Дали ќе има замрзнати цени или замрзанити маржи, не се открива.

Прв уписен рок за новата академска година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола денеска, утре и во среда, во своите 11 универзитетски единици ќе го реализира првиот уписек рок за студенти бруцоши.

Во новата академска година, за студирање во прва година ќе може да се запишат 2565 студенти, од нив 1351 студент за студирање во државна квота, 773 места се наменети за студии со кофинансирање и 441 за вонредно студирање.

-Најмногу слободни места, вкупно 380, се понудени на Технички факултет-Битола. На Факултетот за информатички и комуникациски технологии ќе може да се запишат 275 бруцоши, а на Педагошкиот факултет има место за 230 студенти, информираа од УКЛО-Битола.

Универзитетските единици на УКЛО во Скопје, Велес, Прилеп, Кичево и во Охрид годинава ќе запишуваат студенти со идентична понуда како и минатата година. На Факултет за безбедност во Скопје може да се запишат 310 студенти, на Технолошко-технички факултет во Велес – 75, на Економски факултет во Прилеп – 248, на Правен факултет во Кичево – 365 и на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид – 302 студенти.

Во прва година на Факултетот за биотехнички науки може да се запишат 120, на Ветеринарен факултет – 45, додека на Високата медицинска школа обезбедени се 215 слободни места за студирање во прва година.

Не може секретарка во АЕК да има поголема плата од претседателот на државата: Се работи на нов Закон за плати во јавниот сектор, вели Ковачевски

Враќање на платите на претходното ниво е укинато од Уставниот суд и вие можете пак да донесете закон и пак ќе го укине Уставниот суд. Зошто? Затоа што сите плати во јавниот сектор се резултат на основица, којашто е просечната плата и одреден коефициент.

Кај функционерите заради противзаконска и противуставна одлука на Владата од 2011 година, тие беа замрзнати и се дојде до ситуација претседател на Уставен суд, министер за финансии или градоначалник да имаат помали плати од секретарка во Агенција за електронски комуникации.

Држава во свет нема со таков парадокс, јас сум многу директен. Потоа, тоа зголемување се однесува на зголемување од 12 години, тоа е 6,5% на година. Она што јас го кажав уште пред таа одука на Уставен суд е дека државата работи на изготвување на Закон за плати со кој еднаш засекогаш ќе се стави ред во платите во јавниот сектор, да се знае која е највиоската плата, дали е тоа Претседателот на државата, на Утавен суд и потоа надоле да се дефинираат платите. Не може директор на јавно претпријатие загубар да има поголема плата од претседател на држава, а такви се платите.

Имате плата од 100.000 денари на директор на ЈП загубар, поголема од платата на Претседателот на државата, тој закон е сложен и мора да се усогласат многу институции со него, 44 членови на влада, сите други се градоначалници, судии и слично, објасни Ковачевски.

Соннчево и многу топло, температури до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, a на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. UV=8.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 37 степени.

Во текот на следнава работна седмица времето ќе биде претежно стабилно и многу топло, а дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени. Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура. Од четврток ќе се зголемат условите за попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

(Интервју) Запознајте ги маестралните девојки од Strings Ladies – Маестрален спој на млади професионални музичари, за чии настапи има само пофални зборови

Strings Ladies е прекрасен спој на млади професионални музичари на гудачки инструменти, чии настапи досега ги краселе голем број свечености и манифестации. Девојките од составот се музичари, народски кажано со “педигре”, односно со завршени студии на Музичката академија во Скопје и работат во Македонска филхармонија, Македонската опера и балет и како професорки по својот инструмент. Ги краси врвен музички талент, како и огромна љубов и посветеност кон она што го работат, а за тоа ќе ви потврди секој кој досега уживал во некој нивен настап. Во продолжение разговараме со Марија Јанчулеска oд Прилеп, маестрална виолинистка која ни открива повеќе за String Ladies.

Каде се вашите почетоци, како настана идејата за формирање на бендот?

-Сите ние сме веќе професионални музичари завршени на Факултетот за музичка уметност во Скопје, вработени во Македонска филхармонија, Опера и исто така и професорки по својот инструмент. Формирањето на бендот Strings Ladies дојде многу случајно и спонтано, преку дружењата и секојдневните проби со разни оркестри се до негде причина ние да се споиме.

Кој е креаторот на Strings Ladies или секој член си има свој удел?

-Идејата првично беше моја, бидејќи сакав да направиме нешто свое, но секоја си има свои обврски и се вложува максимално, во врска со стајлинг, организација, превоз итн.

Класичната музика е алката која ве спои, но од каде ја црпите вашата инспирација?

-Генерално инспирација црпиме од нашето секојдневие. Животот е полн со убави и не толку убави работи, предизвици, пречки, а сето тоа е доволно за да ве инспирира.

Каква музика слушате приватно?

-Секоја убава музика која е пријатна за слушање, стилот ни е разновиден ,странска, поп, рок, стари македонски народни песни, значи сè освен турбофолк.

Какви се реакциите на публиката? Дали мислите дека настапувањето во женски бенд е предност или пречка?

-Публиката е секогаш воодушевена и задоволна. Дали бендот е машки, женски или мешан не треба да претставува ниту предност ниту пречка во професионализмот, а посебно во уметноста (музиката) нема предрасуди.

Која е најпрепознатливата карактеристика на Strings Ladies?

– Самото тоа што сме ladies 🙂 и свириме на гудачки инструменти мислам е доволна карактеристика на бендот. Синхронизирани сме во барањата на клиентите и карактеристични по нашата едноставност и професионализам.

Каде можиме да ги видиме Strings Ladies и како може да се контактира со вас?

– Strings Ladies имаат Фб и имаат инста профил, под истото име, а контакт има на самите профили, или можат да ни пишат преку порака на фб, инста или на Вибер.

Дали можеби размислувате и за сопствено авторско дело?

-Засега се размислува и дискутира за правење на неколку концерти на класична музика низ државава во нареднава 2024 година, но зошто и да не пробаме да направиме нешто наше.

Формула за успех

– Формулата за успех според мене е секогаш во сплотеноста на работата и желбата за тоа што се работи. Кога се работи со љубов и задоволство, успехот е неминовен, а ние го работиме тоа што го сакаме и со најголемо задоволство и нетрпение ги очекуваме нашите идни предизвици.