Полни раце за полицијата во изминатите 24 часа во Прилеп и Битола: 70-годишник нападнат во Кадино Село, тепачки меѓу малолетници и млади луѓе

Извадоци од полицискиот билтен на МВР

На 19.08.2023 во 19.40 часот во ОВР-Прилеп Г.С.(43) од Прилеп пријавил дека на 18.08.2023 околу 20.00 часот во круг на средно училиште во Прилеп неговиот малолетен син по претходно недоразбирање бил физички нападнат од друг малолетник.

На 19.08.2023 во 19.00 часот во ОВР-Прилеп В.В.(70) од с.Пашино Рувци пријавил дека околу 18.00 часот пред продавницата во с.Кадино Село бил физички нападнат од едно лице.

На 20.08.2023 во 00.20 часот во Полициска станица Битола В.П.(43) од Битола пријавила дека околу 00.20 часот во близина на угостителски објект во Битола нејзиниот син бил физички нападнат од две лица.

На 20.08.2023 во 05.00 часот во Полициска станица Битола К.С.(24) и А.С.(26) двајцата од Битола пријавиле дека околу 01.00 часот во градски парк во близина на угостителски објект во Битола биле физички нападнати од А.У. и Б.З., двајцата од Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.