дома блог страница 1090

Бензините поевтинуваат – лоша вест за дизелашите!

Регулаторна ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.08.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.08.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.08.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 81,50 ден/лит.

Сијарто: Зошто да чекаме до 2030, ајде да ги примиме земјите од Западен Балакан во ЕУ веднаш!

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Питер Сијарто вели дека Европската унија не треба да чека до 2030 година за да ги вклучи земјите од Западен Балкан што е можно побрзо затоа што со нив Унијата ќе биде поголема и посилна.

„Мислам дека проширувањето е неопходно и мора да биде забрзано што е можно повеќе. Вчера слушнавме 2030 година, добро, но зошто не утре. Што не спречува да кажеме дека сега мораме да ги вклучиме сите кандидати од Западен Балкан во ЕУ, место да чекаме до 2030 година. Ајде да ги отвориме сите поглавја и да ги затвориме што е можно побрзо. Со Западен Балкан ќе бидеме поголеми и посилни, ќе има многу поголем простор за економска соработка. Од аспект на енергетската сигурност, тие се најважна област на транзит, барем за центраниот дел на Европа и потоа ќе биде тотално непотребно да плачеме за иницијативите или намерите на други да бидат вклучени во Западен Балкан, бидејќи сè додека не го интегрираме Западен Балкан, сите други заинтересирани, кои и да се, ќе бидат вклучени и ние ќе плачеме за тоа. Мислам дека реформите треба да бидат базирани на рационалност и на здрав разум и проширување да биде ставено на врвот на агендата и да се случи што е можно побрзо“, рече Сијарто денеска на панел на Блед стратешкиот форум во Словенија.

Од земјите од Западен Балкан, Србија и Црна ги почнаа пристапните преговори со ЕУ уште пред десетина години, а Македонија и Албанија сè во скрининг фазата.

Познато каде ќе ја продолжи кариерата прилепскиот голгетер Илија Несторовски – Од север се сели на југ!

После 4 години поминати во редовите на Удинезе, македонскиот репрезентативец Илија Несторовски по трет пат ќе ја промени средината во Италија.

Прилепчанецот по завршувањето на договорот со италијанскиот калчолигаш се поврзуваше со повеќе клубови, а според пишувањето на медиумите во Италија, популарниот “Нестор-Гол” се поврзуваше со Сампдорија, каде тренер сега е Андреа Пирло.

Сепак, наместо во Џенова, Несторовски се сели во Асколи Пичено, каде потпиша 2-годишен договор со истоимениот клуб.

Клубот од југот на Италија сезоната во Сериа Б ја започна со два порази и засега се без постигнат погодок, а во наредното коло го пречекуваат Фералпи Сало, натпревар на кој можеби Несторовски ќе го има својот деби настап.

Во дресот на Удинезе, Несторовски се појави на 77 натпревари и постигна 8 голови.

Tрагедија! 18-годишно девојче од Прилеп загина во сообраќајка кај с.Долнени – други двајца врсници завршија со повреди

На 28.08.2023 во 21.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, на место викано „Циглана“ во с.Долнени, прилепско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.М.(18) од с.Пешталево, излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото починала сопатничката М.С.(18) од Прилеп, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и другата сопатничка Б.С.(18) од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Прекрасна слика од вчерашната празнична света литургија и причесна во храмот Параклис во Прилеп (Фото галерија)

Православите христијани вчера го празнуваа најголемиот празник посветен на Мајката Божја – Успение на Пресвета Богородица.

Верниците во Прилеп традиционално за овој ден ги исполнија до последно место четирите црковни храмови, каде присуствуваа на света литургија, а оние кои ги завршија постите примија света причесна.

Во продолжение една убава празнична слика од храмот Св. Кирил и Методиј – Параклис:

“Мајмуни” со реакција до управата на Победа: До кога нема да пуштате гостински навивачи на стадион?

Прилепска Победа релативно добро ја започна новата сезона во Втората фудбалска лига. Во првите три натпревари црвено-белите забележаа еден триумф, еден пораз, и еден нерешен резултат.

По трите бода во првото коло и високиот триумф над Тетекс со 5:1, победашите загубија на гостувањето кај Башкими со 2:1, а изминатиот викенд ремизираа 0:0 со Охрид на домашен терен.

Но, она што беше забележително е отсуството на гостински навивачи, и на натпреварот со Тетекс, и на последниот дуел со Охрид. На ова со реакција до управата се јавија од навивачката група “Мајмуни”, кои на ФБ напишаа:

“Едно јасно и гласно прашање… до кога место за навивачите нема да има?! После гостинската навивачка група од Тетово, сега беше вратена и групата од Охрид. Жално и тажно што се случува ова во оваа држава не знаеме зошто се случува ова, но сигурно е по наредба. Ние како група мислењето не го сменуваме, по било која цена, секој оној кој сака да гостува во Прилеп, вака или онака ќе биде сместен во делот за гости”, напишаа oд навивачката група.

10-годишно нашинче од Германија е најголем македонски промотор: Нејзините видеа за македонските убавини ги фасцинираат Германците (ВИДЕО)

Анастасија е родена во Скопје и на своја 3-годишна возраст таа со нејзините родители се преселиле и живеат во Хабург, Германија.

Девојчето е вистински промотор на Македонија и досега има повеќе видеа на својот јутјуб канал Mit Anastasija, a последното е посветено на винскиот музеј во Кавадарци.

Видеото е со превод и на германски јазик, па така голем број Германци ќе дознаат и ќе се запознаат со убавините на
Македонија.

Анастасија има 10 години и нејзината идеја е да промовира се’ што е македонско – традицијата, културата и сите природни убавини. Целта и’ е да ја претстави Македонија во најдобро можно светло за да можат што повеќе туристи од Германија и останатите европски земји да ја посетат.

Проследете го видеото во продолжение и запознајте се со оваа прекрасна знаменитост:

27-годишен прилепчанец нападнат пред Градската болница

На 27.08.2023 околу 17.15 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека пред Градската болница Прилеп М.М.(27) од Прилеп бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од ОВР Прилеп.

Во четврток донесете ги децата во црква – Прилепските црковни храмови ќе служат молебен за благослов на новата школска година

Прилепските црковни храмови ги повикуваат учениците и нивните родители во четврток (31.08) од 7.30 до 8.00 часот, да присуствуваат на молебен канон за благослов на новата училишна година.

-Нашиот Спасител Христос рече: Оставете ги децата да доаѓаат при Мене. Нека Господ им го отвори умот за наука и воспитанание, зашто тие се иднината на нашите семејства, нашиот народ македонски и на целиот свет – стои во поканата од храмот Св. Благовештение.

Во храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис) молебен ќе се отслужи од 07:00 ДО 08:00 ЧАСОТ.

Денес одлука за новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ.

Согласно последната одлука на РКЕ, цената на дизелот се намали за еден денар. За еден денар поскапе бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 1,5 денари,

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,025 (денари/килограм)