дома блог страница 1091

Во Прилеп отворена изложбата “Метаморфози на просторноста”, од уметникот Јован Наумоски (ФОТО)

Синоќа, 7.07.2023, во Ликовната галерија од ЦК”Марко Цепенков” – беше отворена изложбата – инсталација “Метаморфози на просторноста” од уметникот Јован Наумоски, кој вели дека просторот е димензија во која што човекот се движи, работи.

-Воведувањето на оптичка илузија на двојна перспектива е само еден дел од проблемот со кој се занимавам преку моите објекти низ кои ја претставувам повеќедимензионалноста, раслоеноста и преобразбата на просторноста, при што секој елемент е дел од една мозаична целина, но истовремено води кон различна перцепција на “другата просторност” на сосема поразличен начин комбинирајќи ги со другите, така сочинувајќи повеќе паралелни нарации во рамките на решението – вели авторот.

Јован Наумоски досега има реализирано повеќе самостојни и групни изложби. Неговиот опус во творештвото е разновиден. Дејствува на повеќе полиња на уметноста, во графиката сликарството, скулптурата, фотографијата, дизајнот. Моментно е активен на полето на графичкиот дизајн и визуелните уметности.

Полни раце за полицијата синоќа во Битола: Приведени две лица поради дрога, во угостителски објект затекнати малолетници по полноќ, фатени комарџии

На 07.07.2023 од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола спроведена е акциска контрола на повеќе локации на подрачјето на Битола во рамки на “Безбедно лето 2023”. Во текот на контролата во парк лоциран во близина на Саат Кулата во Битола, беа затекнати С.С.(38), М.Н.(63), М.Ж.(60) и С.М.(66), сите од Битола, како играат комар, при што кај нив биле пронајдени пари и други предмети. По документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На ул.”8″ во Битола, пак, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција лишени од слобода се Џ.М.(21) и Т.В.(23), двајцата од Битола, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.07.2023 во времето од 00:00 до 01:00 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Битола извршена е контрола на угостителски објект лоциран на ул.„Фуштани“ во Битола, при што се затекнати 7 малолетници. Тие со потврда се предадени на родителите.

Ноќва во периодот од 00.00 до 03.30 часот извршена е контрола во 5 угостителски објекти во Битола, при што во два објекти се констатирани прекршоци кои ќе бидат соодветно санкционирани – информираат од СВР Битола.

Прилепски “европски” манири, којзнае која епизода по ред (ВИДЕО)

Игралиштето во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп – кратка хорор приказна! Секоја чест за исклучоците, воспитаните деца и млади, ама ваква раја, со ваква култура и домашно восипитување, не заслужува ништо подобро од турски камшик.

ЖАЛНО! БЕДНО! СРАМНО!

(ВИДЕО) Печен за нов министер: Не плаќале струја оти во 2001 државата им уништила се’ во Слупчане

Еве како размислува просечен Слупчанец: Не плаќаат струја затоа што тоа е репарација за 2001, како Германија што и плаќа струја на Белгија.

ВИДЕО: Makfax.com.mk

Стефан Богоев: “Не знам колкава ми е платата”

Новиот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, на денешниот настан на граничниот премин Ќафасан беше запрашан дали ќе се откаже од зголемената функционерска плата по судски пат за 78 отсто, на што тој одговори дека уште не знае колку изнесува неговиот месечен доход.

– Плата не сум примил и две недели сум само директор, ниту сум прашал колкава ми е платата. Фокусиран сум на реорганизација, ефикасност на средствата, а кога сме кај плати, пред се, сум фокусиран на зголемување на плати на колегите.

Ако се откажам, ќе ве известам. Не знам ни која е платата. Треба да ја видам и да ви кажам, искоментира Богоев.

ТОЧИЛА нека се спрема за разладување: Ќе се полни езерцето во паркот (ФОТО)

-По подолго време, ,,Комуналец”, го оспособува и ќе го стави во функција езерцето со фонтани во населбата Точила. Од оперативната служба велат дека оштетувањата се големи, како од човечки фактор така и од временските услови и рехабилитацијата ќе потрае една недела – пишуваат од ЈКП Комуналец Прилеп.

Се влечеле со возилата на патот Дупјачани-Небрегово, па се судриле со моторцикл: Моторциклистот со тешки повреди примен во прилепската болница

На 06.07.2023 година во 18.20 часот било пријавено дека во Прилеп, на локалниот пат од с.Дупјачани кон с.Небрегово, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, управувано од А.С.(25) од Прилеп, кое влечело патничко возило „голф“, управувано од Д.Д.(21) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки и мотоцикл „хамачи“, управуван од О.Ј.(40) од с.Дупјачани.

Во несреќата О.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Денеска се празнува paѓањето на Св. Јован Крстител – Иванден: Честит именден Ивана, Иван, Јане, Јана…

Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден.

Именден празнуваат: Иван, Ивана, Иванка, Јанко, Јане, Јана…

На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја.

Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет.

Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет.

За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање.

Бугарски свештеник го анатемиса Зеленски (ВИДЕО)

На социјалните мрежи денеска беше објавено видео на кое се гледа како полицијата задржува бугарски свештеник кој фрли анатема на украинскиот претседател Володимир Зеленски кој денеска беше во официјална посета на Софија.

– Анатема на Зеленски, на сите фашисти и на домашните предавници, вели бугарскиот свештеник.

ЛИНК од видеото

МВР спие дури се спрема чај од липа? (ФОТО)

Секоја година иста приказна. Несовесни граѓани во Прилеп и летово ги уништуваат липите низ градот. Не постои човек кој нема да ја разбере борбата со сиромаштијата и тешкиот живот, но едно е тоа, а друго е да се кршат гранки и да се уништуваат децениски дрвја.

Само што процутеа и ги раширија своите големи зелени крошни, како по обичај овие дрва се уништуваат заради цветот кој го “берат”, ако ова може да се нарече берење, дел од нашите сограѓани.

Овие дрва кои ги има на многу локации низ Прилеп, секоe лето се уништуваат до последно, а нивните крошни го губат целиот раскош.

Сликата е иста во сите паркови и низ градските булевари. Апел до граѓаните кои го собираат плодот на овие дрва, да го прават тоа на начин на кој доликува и да не им ја одземаат ладовината на останатите своите сограѓани. Ваквата слика е срамна и дава неубав изглед на целиот град.