дома блог страница 1084

ВМРО-ДПМНЕ и одговори на Агелер: Ние се грижиме за македонските интереси вие слободно грижете се за интересите на САД

Го цениме ставот на амбасадорот Агелер и начинот на кој се бранат американските интереси и тоа е добар пример како треба да се однесува корумпираната и криминална влада на ДУИ/СДСМ кога станува збор за македонските интереси.

Ова стои во одговорот на ВМРО-ДПМНЕ до американската амбасадорка Агелер која во интервју за државната агенција МИА упати критика до опозицијата дека се противи на владиниот договор со Бехтел и Енка.

,,Во услови кога владата на ДУИ/СДСМ не само што не ги брани туку и ги распродава за да ги задоволи личните криминални апетити, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во Македонија и која се темели на атрибутот на македонско национално единство има обврска да ги брани и чува македонските национални интереси”, и порачува ВМРО-ДПМНЕ и дава листа на национални интереси за кои таа се грижи:

-Национален интерес на македонските граѓани е да знаат каде се трошат нивните пари.

-Национален интерес на македонските граѓани е да се почитуваат одлуките на Уставниот суд и да се штитат правата на македонските работници во делот на работните часови и траењето на работната недела.

-Национален интерес на македонските граѓани е да не плаќа 5 пати повеќе за изградба на километар автопат во споредба со оној кој Македонија претходно го градеше заедно со ЕУ на делницата Демир Капија-Смоквица.

-Национален интерес на македонските граѓани е коридорот 8 и 10Д да го градат македонски компании и профитот да остане во Македонија.

-Национален интерес на македонските граѓани е да не се платат повеќе од 300 милиони евра за пенали и аванси на уште нефрлена лопата за проектот.

-Национален интерес на македонските граѓани е да се почитува македонското постоечко применливо право и истото да не се суспендира со закон на други држави, како што е предвидено со договорот за градба на коридорите 8 и 10Д.

-Национален интерес на македонските граѓани е да не плаќа за грешките на изведувачот во проектите.

-Национален интерес на македонските граѓани е да има квалитетен надзор и супервизија, а не тоа да го прави компанија за производство на долна облека.

-Национален интерес на македонските граѓани е да не се злоупотребува знамето на Европската Унија при носењето на закони со кои треба да се задоволи криминалот на владата на ДУИ/СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението вели дека во партијата се сигурни дека заеднички интерес и на амбасадорот Агелер и на македонските граѓани, а во насока на транспарентноста и владеењето на правото договорот што го потпиша македонската влада со изведувачот да биде објавен.

,,Во спротивно сме загрижени дека се дава лош пример и се воведува погрешна пракса која за жал од криминалната влада на ДУИ/СДСМ ќе биде злоупотребена”, стои во соопштението.

Пред само еден месец амбасадата на САД се огради од проектот

Млад прилепчанец загина попладнево на Плетвар

motor

Денеска околу 14 часот на патниот правец Прилеп-Градско, кај Плетвар, животот го загуби 28-годишниот Д.Н. од Прилеп.

Д.Н. кој управувал со моторцикл се судрил со комбе, по што им подлегнал на повредите.

Засега не се познати причините за настанатата несреќа. Увид на лице место извршила екипа на ОВР Прилеп.

Прилепчанец доживеал нecpeќа со моторцикл во Битола: Со тешки повреди пренесен во Клиничката болница

На 19.05.2023 во 08.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Девеани“ и крак од ул.„Девеани“ во Битола, Н.Ш.(34) од Прилеп, управувајќи мотоцикл „априлија“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата, Н.Ш. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Само чекор ги дели Младост 96 од враќање на титулата во Прилеп

Во полуфиналето на плеј офф натпреварувањето во пингопонгарската Супер лига, екипата на Младост96 во Берово ја победи истоимената екипа на со резултат 4-1, и со вкупен резултат 2-0 се пласира во финалето на плеј оффот.

-Одлична игра на сите играчи. Две победи извојува Стомнароски и Борчиќ. Играше и Петар Костовски, кој во одлична игра загуби од играчот на Берово Чолаковиќ, со 3-1. Андреј Лашкоски на овој натпревар беше резерва. Тренерот Гоце Тошески успешно го предводеше тимот до убедлива победа. Честитки за екипата на Берово за фер плејот и гостопримството. Првиот чекор во плеј оффот успешно е совладан. Финалето е пред нас, а со тоа и желбата за враќање на титулата во Прилеп – информираат од клубот.

СН Осигурителен брокер АД Битола – генерален спонзор на „Macedonian 4×4 Trophy“ – Погледнете каква е атмосферата денеска во Крушево (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Оваа година генерален спонзор на најпознатиот офф роад настан во регионот, „Macedonian 4×4 Trophy“, е СН Осигурителен Брокер АД Битола, општествено одговорна компанија и лидер во секторот на осигурувањето.

Обезбедувајќи поддршка преку генерално спонзорство, од СН Групацијата, во чиј состав се и СН Сообраќајниот центар во Битола и СН Мото Центарот во Скопје, се уверени дека викендов „Macedonian 4×4 Trophy“ ќе донесе уште едно возбудливо издание на теренот, во прекрасните крушевски предели.

На сите учесници, како и на организаторите, од СН Групацијата им посакуваат многу успех, а на посетителите незаборавно искуство кое ќе ги промовира македонските тркачки таленти, како и Крушево како уникатна дестинација за адреналински спортови.

Низ следните фотографии погледнете каква е атмосферата во Крушево:

31-годишен битолчанец нападнал и ограбил 70-годишна сограѓанка

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.М.(31) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 04.03.2023 во Битола, пријавениот физички ја нападнал Л.С.(70) од Битола и ѝ одзел накит – информираат од СВР Битола.

Се асфалтира битолско Егри – Коњановски изврши увид во градежните работи

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на почетокот на работните активности за изградба на улична мрежа и реконструкција на коловоз на 10 краци во селото Егри.

Улиците ќе бидат асфалтирани во должина од 1370 метри, за што општина Битола инвестира 6.400.224 денари. Проектот се реализира по барање на жителите на селото Егри, кои изразија голема благодарност до градоначалникот, што нивното барање за подобра инфраструктура, наиде на слух кај локалната самоуправа и како што беше неодамна најавено веќе се работи на терен.

Честит 20 Мај – Денот на пожарникарите во Македонија! Нашите херои заслужуваат многу повеќе!

Денескa е 20. мај – Денот на пожарникарте во Македонија. Во таа прилика сакаме да им го честитаме нивниот ден – празник.

Нашите локални херои од ТППЕ Прилеп опслужуваат три општини: Прилеп, Кривогаштани и Долнени, или над 100.000 жители.

Затоа апел до надлежните институции да обрнат повеќе внимание и почит кон оваа професија од која зависат многу животи и фамилијарни добра.

Сите општествени чинители – власти, општествено-одговорни компании и организации, треба да се залагаат оваа професија и овие луѓе да го добијат заслуженото место под сонцето.

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК ХЕРОИ!

Фатен 25-годишен разбојник од Прилеп: Нападнал и ограбил свој сограѓанин и се барал со централна потерница

На 19.05.2023 во 13.30 часот во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија на криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Б.А.(25) од Прилеп.

Тој се сомничи дека околу 00.30 часот на ул.„Круме Волнароски” во Прилеп физички го нападнал А.В.(18) од Прилеп и му одзел личен предмет.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Исто така, Б.А. бил баран и по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.

26-годишно момче од Македонски Брод ќе одговара: Користел туѓи податоци и аплицирал за брзи кредити

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Г.(26) од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Во периодот од 18 до 21.11.2022, пријавениот креирал електронски адреси, користејќи лични податоци на друго лице од Македонски Брод, по што извршил електронско аплицирање за одобрување на кредити во три финансиски друштва од Скопје.