дома блог страница 1047

Дали на повидок е нов ценовен шок? Од утре со новиот владин закон поскапуваат над 1000 артикли – еве што се’

Граѓаните утре повторно ќе се соочат со нов ценовен шок. Владата по итна постапка го донесе законот за повисоко ДДВ, но листата на производи ја криеше, споменувани беа само перките од ајкула, чија семето, тартуфите, сирењето со мувла.

Сепак од утре поскапува речиси се’. Сител телевизија ја објави листата на производи за кои од владата уверуваа дека ќе бидат само луксузни.

За Владата во луксузот се вбројува и брашното, џигерот и сладоледот. Со повисока стапка од 10 отсто ќе се даночат сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.

-Меѓу нив е и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли. Поскапуваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот. По нови повисоки цени ќе се продаваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините, објави Сител.

Маркетите веќе ја добиле листата производи и ги подготвуваат новите цени. Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра.

Со љубов за Тоше – Вечерва голем концерт пред спомен-куќата на Тоше во Крушево

Денеска со почеток во 19 часот на „Гумење“ во Крушево, пред спомен-куќата „Тодор Проески“ по втор пат ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески.

Дел од настанот во чест на нашата најголема музичка ѕвезда ќе бидат Фрајле, Бојан Маровиќ, Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Александра Трајческа, Никола Зацески, Зоран Илиев и Инвиктус бенд.

Концертот под мотото „Со љубов за Тоше“ се одржува на денот на последниот концерт на Тоше одржан неколку дена пред неговата трагична смрт на Градскиот стадион во Скопје.

(ВИДЕО) Прекрасна манифестација во прилепската гимназија по повод Светскиот ден на наставникот

Денешниот ден во светот се празнува како светски ден на наставникот – најблагодарната професија, која за жал кај нас не е доволно ценета.

Светскиот ден на наставникот беше одбележан и во прилепската гимназија “Мирче Ацев”, каде учениците се претставија со повеќе извонредни точки.

Учество зедоја ученици од сите генерации, а посебни овации предизвика изведбата на “Заветна”. Уживајте во продолжение:

Од вечерва бензините поевтини од дизелот – Ова се новите цени!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95% во однос на одлуката од 2.10.2023 година.

Бензинот Еуросупер БС-95 од вечерва ќе поевтини за 2,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 се намалува за 3 денари за литар.

Цените на Еуродизелот и Екстра-лесното масло за домаќинство остануваат исти.

Од вечерва, литар Еуросупер БС-95 ќе се продава за 83,5 денари по литар, додека 98-октанскиот бензин ќе чини 85,5 денари за литар. Литар дизел гориво и понатаму чини 86 денари, а Екстра-лесното масло 85 денари.

Цената на мазутот од вечерва изнесува 46,979 денари за килограм.

И прилепчани го чекаат ова! Фатени тројца дрвокрадци со 12 кубици бесправно сечени дрва во неготинско (ФОТО)

На 04.10.2023 во 17.30 часот на место викано „Бела Вода“, атар на с.Калањево, неготинско, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода Х.Ч.(27) од Неготино, С.С.(68) и А.А.(56) од с.Тимјаник, неготинско, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 став 3 од Кривичниот законик.

При преглед на теренот, во дворно место од викенд куќа на Х.Ч. биле пронајдени околу 12 кубни метри огревно дрво без документација, пила и други предмети поврзани со делото. Во близина, исто така, биле пронајдени и две тракторски приколки натоварени со околу 10 кубни метри огревно дрво, сопственост на С.С. и А.А., и дополнително околу шест кубни метри дрво во близина на приколките, сите без документација.

За настанот била известена Шумска полиција, а дрвата, приколките и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска е Светски ден на учителот! Се вреднува ли доволно најблагородната професија кај нас?

Денешниот ден, 5 Октомври, е прогласен за Светски ден на учителите.

„Учителот е огледало на воспитно-образовниот процес и модел на позитивно делување над младата популација, која треба ја насочи правилно кон иднината во сите современи сфери и аспекти“.

„Да се биде учител, наставник, воспитувач, професор е најблагородната, најубавата но и воедно многу одговорна професија која подразбира посветување и одрекување од своето време, времето за себе и најблиските за да се посвети на иднината, на децата и учениците“.

„Учителите се вторите родители на децата, нивни извор на знаење, разбирање и поддршка, личности кои на најмалите им служат како пример, ги образуваат, воспитуваат, им помагаат секојдневно да растат и да се развиваат за здрав и успешен натамошен живот“.

„Професијата наставник комбинира мудрост и младост на душата, креативност и огромна енергија, добрина и сериозност“.

„Мисијата на учителот е одговорна работа која бара континуирана надградба на знаења и вештини за излегување во пресрет на различните потреби на младите генерации кои успешно ќе се носат со животот“.

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 5 ТИ ОКТОМВРИ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ!

Конечно е вреднуван трудот на наставниците, им ги покачивме платите за 55%, велат од СДСМ

СДСМ во изминатите шест години сериозно инвестира во унапредување на образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес, велат од партијата.

„Платата на наставниот кадар во изминатите шест години владеење на СДСМ е покачена за 55 отсто.

Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта.

Продолжуваме со капитални инвестиции и вложувања во подобри инфраструктурни услови за образование, како еден од врвните приоритети“, истакнуваат од партијата на власт.

СДСМ, како што додаваат, работи на достоинствено вреднување на трудот на наставниците, создава современо образование за секое дете, која ќе ја движи државата напред.

Падна снег во Турција (ФОТО)

Снег предизвика потешкотии на возачите на патиштата во високите места во источна Турција, а од машините за чистење снег веќе работат, пренесе БТА повикувајќи се на турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Во источниот дел на округот Ван падна првиот снег сезонава.

Снежните врнежи и маглата го отежнаа сообраќајот на превојот Карабет на надморска височина од три илјади метри. Надлежните ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни.

Првиот снег веќе падна во областа на популарниот турски ски-центар Паландокен во источниот округ Ерзурум, јави агенцијата Анадолија.

Врнежи од снег на повисоките места и обилни врнежи од дожд во пониските области беа пријавени и во Хакјари, југоисточна Турција. Бела покривка се формира и на врвовите на локалната планина Сумбил.

Тетово е македонски град! Најубавата слика која денеска ќе ја видите – еден куп народ, развиорени знамиња и македонска песна (ВИДЕО)

По Штип, Битола, Велес, Прилеп и Кочани песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ синоќа се пееја во Тетово на Градскиот плоштад.

Проценките се дека тетовчани ги урнаа сите рекорди на посетеност. Една прекрасна атмосфера за која тетовчани уште долго ќе раскажуваат.

Еве дел од атмосферата:

Виц или вистина? “Оваа Влада даде историско покачување на пензиите”, вели министерката Тренчевска

„Во 2022 ја донесовме методологијата која сите пензионери ја поздравија и рекоа „да, тоа е систем кој носи до поголеми пензии. Секоја година се усогласува со 50 отсто од трошоци за живот и 50 отсто од порастот на просечната плата. Усогласувањата во март и септември се речиси 14 отсто,“ истакна Тренчевска во емисијата „Што мисли Народот“ на ТВ Стар.

Министерката праша зошто 5000 денари и зошто минимална пензија 20.000 денари. И дали пензионерите кои протестираат имаат направено анализа.

„5000 денари линеарно покачување значат 330 милиони евра на годишно ниво само за покачувањето. Плус за редовната исплата на пензиите. Дали е реално кога се соочуваме со наследен дефицит на фондот за пензиско, којшто од година на година го намалуваме, да го оптовариме со 330 милиони евра и доведеме во прашање исплатата на сегашните и идни пензионери!“ рече Тренчевска.

Министерката посочи дека пораст на пензиите од 24 отсто за година и половина е историско. Како и дека во 2022 година на сите 336 илјади пензионери се даде по 3000 денари, и за оние со пониски пензии по 6000 и 3000 денари како поддршка за најранливите.

„Денес имаме демократија и секој може да излезе на протест што не беше случај со претходната власт. Лидерот на опозицијата кога го прашаа што би направил за пензионерите, рече дека ќе разговара со пензионерите. Нешто што ние од почеток го правиме.“ посочи Тренчевска.

Министерката потенцираше дека пензијата е економска категорија и дека висината на пензијата зависи од должината на работниот стаж и висината на примањата за време на работниот стаж.

„Оние пензионери кои денес земаат 13.200 денари, најголем дел од нив на решението за пензија им пишува дека оствариле 4000, 5000 …9000 денари, меѓутоа заради солидарниот систем, државата донела гарантирана минимална пензија која е во моментов 13.200 денари и разликата од тоа што го оствариле до минималната пензија државата го обезбедува,“ истакна Тренчевска.

Таа се осврна на минималните пензии во регионот, па посочи дека во Хрватска таа изнесува околу 160 евра, а во Србија 10.800 денари.

„Оваа Влада се грижи за пензионерите. Повторно ќе донесеме пакет мерки каде што ќе бидат таргетирани пензионерите со ниски пензии. Меѓутоа нема да се нанесе штета на стабилноста на пензискиот фонд,“ посочи таа.