дома блог страница 1034

Битиќи: Ако немаат ЕВН доволно луѓе, еве јас ќе одам и ќе сетирам броила за да има евтина дневна тарифа

ЕВН Хоум е повикана на 1 декември да испорача дневна евтина тарифа на струјата за сите, а како тоа ќе го направат е нивна надлежност и одговорност, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според него, оперативните работи треба да ги направат тие што се повикани за тоа.

-Фактот дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со цени кои се аплицираат од 1 јули до крајот на годината и со самото кажување дека на 1 декември треба да стартува евтината дневна тарифа, оперативните работи треба да ги направат тие што се повикани за тоа. Можам да им дадам помош на ЕВН Хоум ако немаат, ќе одам лично да ги сетирам броилата, ако е тоа проблемот, истакна Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Нехо Исни“- ДООЕЛ Скопје.

Екипа на Водовод изваде секакви гадотии од чешмата на Итар Пејо во центарот на Прилеп – несовесни граѓани ја вандализирале (ФОТО)

Упатуваме апел до сите со цел да предизвикаме одговорно живеење со грижа и добро однесување кон објекти кои имаат општокорисна вредност и се од заедничко значење за сите нас. Изминатите 24 часа екипите на ЈКП”Водовод и канализација”Прилеп интервенираа два пати на исти објект поради причини предизвикани од наши несовесни сограѓани – пишуваат од ЈКП Водовод и канализација Прилеп.

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

-Станува збор за фонтаната-чешма кај Итар Пејо која беше вандализирана, оштетена и ставена надвор од нејзината функција. Дежурните екипи ефикасно интервенираа, објектот е повторно вратен во употреба и е на располагање на минувачите со својата пивка вода за пиење.

Јасно е дека со личната надградба, грижата за екологијата и позитивниот пристап кон објекти ќе направиме да се чувствуваме добри граѓани и кон сопственото, но и кон заедницата во која живееме.

Сликите во прилог на овој апел говорат колку многу имаме за работа сите ние за еден ден да можеме да имаме ресурси, да можеме да направиме чекор напред кон нови идеи и нивна реализација, наместо губење на време и средства поради лошото и грубо однесување на поединци.

Сите сме на потег кон колективното одговорно живеење!

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02uFYJ2Djn7oVpMJsHCuX9qtKAQtssGk6pVVXcbwP3VKtmuuzQS9syd1Ny14wjpxbMl&id=100064052822682&mibextid=Nif5oz

Информирајте се и избегнете непредвидени трошоци: Еве што се’ ви е потребно за патување надвор од државата!

Непредвидени и неочекувани настани секогаш се можни, сепак постои начин да се заштитите од непредвидени трошоци кои можат да произлезат од таквите настани, велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола, препорачувајќи каско, здравствено патничко осигурување и асистенција на пат.

Добрите подготовки за патување, особено кога се патува во странство, се од големо значење патувањето да мине без непријатни изненадувања. Иако непредвидени и неочекувани настани секогаш се можни, сепак постои начин да се заштитите од непредвидени трошоци кои можат да произлезат од таквите настани.

За таа цел СН Осигурителен Брокер Ви нуди целосен пакет на продукти потребни при Вашата посета во странство како што се: зелен картон, каско осигурување, патничко осигурување и асистенција на пат.

Зелен картон

Зелениот картон е потребен доколку со возилото планирате да отпатувате надвор од границите на државата. Тој ви обезбедува целосна финансиска заштита на Вашата одговорност како сопственик, односно како корисник на моторното возило за евентуално причинети штети кон трети лица, согласно лимитите на осигурување, коишто се поставени во државите каде патувате и се регулирани со Директивите на ЕУ.

 

Каско

Каско осигурувањето се однесува на сите видови на моторни возила и овозможува осигурително покритие од повеќе ризици како сообраќајна незгода, паѓање или удар со некој предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, кражба и разбојништво во цела Европа, злонамерни постапки на трети лица, оштетување на тапацир при пружање помош на лица повредени во сообраќајна несреќа, намерно предизвикана штета на возилото за да се спречи дополнително, поголемо оштетување на автомобилот, но и на други предмети или лица, поплава, порој и високи води. Со ова осигурување, до одреден лимит е покриен и багажот кај патничките моторни возила.

Здравствено патничко осигурување

Патувањата во странство најчесто се поврзуваат со пријатни искуства и спомени. Сепак, секогаш можете да бидете изненадени од неочекувани и непредвидливи настани. Затоа, обезбедете се и земете го најдоброто здравствено патничко осигурување кога треба да патувате во странство. Ние ќе се погрижиме трошоците што ќе произлезат како  последица од непријатните настани да не бидат големо финансиски оптоварување за вас.

Осигурувањето опфаќа трошоци во случај на:

 

  • Трошоци за лекување од незгода и болест

 

  • Трошоци за превоз

 

  • Надомест на телефонски трошоци

 

  • Доцнење и кражба на багаж

 

  • Итни стоматолошки интервенции

 

Асистенција на пат

 

Со асистенцијата на пат добивате 24-часовна поддршка во Македонија и во земјите од Европа.

 

Асистенцијата е наменета за патнички возила, товарни возила со 3,5Т најголема дозволена вкупна маса, специјални моторни возила – возила за домување, мотоцикли со сила на мотор над 4 KW и камп приколки и со неа се опфатени следните ризици:

 

  • Помош дома и на пат

 

  • Помош во случај на проблеми со клучевите од осигуреното возило

 

  • Извлекување на возилото

 

  • Влечење или пренос на возилото

 

  • Достава на гориво

 

  • Организирање пренос на поправеното возило

 

  • Превоз на клиентот

 

  • Заменско возило

 

  • Хотелско сместување

 

  • Заменски возач во странство

 

  • Помош во случај на смрт во странство

 

  • Посета на роднини на повредениот осигуреник во странство

 

  • Придружба на малолетен клиент

 

Подетални информации може да се добијат на веб страната www.snbroker.mk и на телефонот 15 770, како и во подружниците на СН Осигурителен брокер низ Македонија.

Николоски: Владата се распаѓа на дневна основа, не очекувам дека ќе го заврши мандатот до крај

Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски смета дека оваа Влада нема капацитет да го истера мандатот до крај.

-Гледаме дека Владата се распаѓа на дневна основа така да не очекувам дека ќе успеат да го завршат мандатот до крај-прогнозира Николоски во интервјуто за „Република“.

Предупредување за туристите: Опасни ајкули забележани во Грција, Шпанија, Италија и Хрватска

Со доаѓањето на летото и почетокот на туристичката сезона веќе зборуваме за напади на ајкули и опасностите кои одредени области ги кријат. Досега во јуни имаше неколку блиски средби меѓу ајкули и луѓе, од кои некои завршија трагично. Досега видени се ајкули во неколку региони.

Египет

Египет ги затворил плажите на неколку дена по бруталниот напад на ајкула на почетокот на јуни во кој загина 23-годишно момче од Русија. Властите забранија нуркање, пливање и спортови на вода откако Владимир Попов беше убиен од тигреста ајкула во одморалиштето Хургада, Египет.

Инцидентот се случи на плажа на хотелски рисорт, а на социјалните мрежи беше објавено вознемирувачко видео од нападот.

Грција

Во објава на TikTok, ајкула е снимена во близина на еден од најубавите грчки острови, кој туристите го обожаваат.

На околу три километри од брегот на Закинтос, овој морски предатор е фатен на камера. Додека ја снимале од бродот, таа мирно пливала на површината.

Хрватска

Вознемирени граѓани се загрижиле поради видеото на кое се гледа како маж влече ајкула врзана за опашката по брегот на „Сунчана увала“ на Лошињ.

Станува збор за спасување на ајкула која во неколку наврати се насукала на плажа и покрај обидите да се врати во морето. Лицето од видеото ја влечело ајкулата со чамец на отворено море кон Сусак, каде што била пуштена.

Шпанија

Ајкулата била забележана во шпанско пристаниште во средината на јуни. Таа била присутна во водите на островот Аруса во галициската провинција Понтеведра со спектакуларни бели песочни плажи и мали заливи популарни и кај туристите и кај локалното население.

Првите извештаи покажале дека се работи за тинторера или сина ајкула долга околу два метри. Локалната полиција била меѓу првите што реагирале, а се верува дека таа отпливала назад во отворено море.

Се породила па се фрлила од први кат на скопска Гинекологија, 39 годишна жена се бори за живот

Синоќа 39 годишна тукушто породена мајка се фрлила од први кат на Клиниката за Гинекологија во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје, пренесува „Фактор“.

Директорката на клилниката за гинекологија, Викторија Јовановска за „Фактор“ ги потврила информациите. Пациентката итно била пренесена на КАРИЛ, на Одделот за неврохирургија, каде што и била извршена операција, бидејќи имала тешки повреди на цервикалната кичма.

Инаку, 39 годишната пациентка, своето бебе го добила преку оплодување со инвитро методата, што покажува дека станувало збор за долгоочекувано и посакувано бебе.Таа родила живо и здраво новороденче од околу 2.400 грама, кое и сега е во добра здравствена состојба.

Нема информации што ја натерало оваа мајка да скокне од клиниката.

Kривична пријава против 29-годишен битолчанец кој му продавал марихуана на 62-годишен свој сограѓанин

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.О.(29) од Битола и И.Н.(62), поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Во период од шест месеци во 2023 година, првопријавениот во повеќе наврати набавувал марихуана која му ја препродавал на второпријавениот, по што на 28.06.2023, по извршен претрес во домот на второпријавениот, била пронајдена и одземена марихуана.

Од судија на претходна постапка на второпријавениот му била одредена мерка притвор.

РК Прилеп доби нов генерален спонзор (Фото)

После низа преговори, управата на Р.К Прилеп, со големо задоволство ве известува дека од наредната сезона клубот ќе биде засилен со нов генерален спонзор, а тоа е компанијата “Комфи Ангел” .

-Се надеваме дека после успешниот пласман на клубот во Супер лигата, со здружени сили и нови предизвици, оваа сезона ќе имаме уште поголеми резултати- велат од прилепскиот ракометен суперлигаш.

Цената на дизелот се намалува за цел 1 денар, бензините остануваат со исти цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 26.6.2023 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,022 ден/кг и сега ќе изнесува 41,029 ден/кг.

Од 4.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,029 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,284%, кај дизелот намалувањето е во просек за 3,191%, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 0,202%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,386 %.

Семејството на Кико донираше 500.000 денари за детенце од прилепско – Сега Стефан ќе може да го добие потребниот респиратор

Деновиве на социјалните мрежи се ширеше апел за помош на малиот Стефан од Кривогаштани, на кого му е дијагностицирана Конгенитална мускулна дистрофија (Dg Dystrophio Muscularis Congenita) и за кого треба да се набави адекватен респиратор за домашна употреба.

-Неговиот живот не може да продолжи без адекватен респиратор, кој може да се набави со ваша помош. Потребни се 585.200 денари. Ве молиме да собереме сите и да му помогнеме на Стефан. Вашето малку, за Стефан ќе значи многу“, стоеше во апелот.

Стефан Лазаров денеска објави дека семејството на Кико извршило донација во вредност од 500.000 денари за помош на Стефан.

„Како што најавив пред 2 дена, ова утро од семејство Коцеви е извршена донација во вредност од 500,000 денари..Ова е од Кико за Стефан. Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу… а на малиот Стефан му посакувам брзо да се опорави..“, објави Лазаров.