дома блог страница 1033

(ФОТО) Две комбиња и автомобил учествувале во сообраќајката попладнево кај прилепско Тројаци

Teшка сообраќајна незгода се случи попладнево на патниот правец Градско-Прилеп, кај село Тројаци, поради што сообраќајот на патниот правец беше во прекин во двата правци.

Во сообраќајката се судрени две комбиња и еден автомобил со битолски регистарски ознаки. Засега нема информации дали има повредени лица, но од фотографиите видливо е дека автомобилот е речиси целосно уништен.

Сообраќајка на патот Прилеп – Градско: АМСМ информира дека сообраќајот е во прекин во двата правци

АМСМ информира дека од 16:50 часот на магистралниот пат А-1, патен правец Прилеп-Градско, поточно во атар на село Тројаци, сообраќајот е во прекин во двата правци.

Сообраќајот е во прекин поради сообраќајна незгода.

(Видео) Како се помести линијата на фронтот во Донбас во една година

Илја Пономаренко, воен известувач на украинскиот Киев Индипендент, на Твитер објави како линијата на фронтот во централниот дел на Донбас се променила од 4 јули 2022 година до денес.

Тој изјави дека е вклучен периодот од крајот на битката за Северодонецк и Лисичанск до денес.

 

(Видео) На 80 метри од брегот: Туристи во Грција шокирани од глетката

По снимката на ајкула на речиси три километри од брегот на Закинтос, на социјалните мрежи се појави уште едно видео снимено во близина на грчкиот остров, каде што се наоѓа една од најубавите плажи во Европа.

„Ајкула е видена на друг остров во Грција. Островот Серифос, на 80 метри од брегот“, стои во описот на снимката на ајкулата на „Инстаграм“, објавен на профилот nikana.gr.

„Можеби се плашиме и се тресеме кога знаеме дека постојат, но реално тоа е нивното природно живеалиште, всушност нивниот дом“, „Па, нормално е дека има… Исто како што живеат волк и мечка во шумата, има ајкули во морето, па каде би живееле… Отсекогаш имало, се надевам дека ќе има“, се дел од коментарите кои го придружуваат ова видео.

Во акциска на МВР уапсени “чејнџери” во Прилеп

Маркукуле дознава дека во полициска акција на МВР во Прилеп, денеска околу 14 часот се уапсени неколку лица кои работат со размена на девизи, или кај народот познати како “чејнџери”, кои обично стојат кај катната гаража.

Засега не е познато колку лица привеле полициските службеници.

Повеќе информации во текот на денот!

Денеска сончево и топло – еве што повторно не’ очекува од утре

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степена. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 31 до степен.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на локално невреме.

Не заминувајте на одмор без ова ЧУДО ОД АПЧЕ

Медицинскиот јаглен апсорбира речиси сè што сте примиле во желудникот или цревата.

Неселективно за себе врзува голем број органски и неоргански отрови, дури над 60% од присутните токсини, микроорганизми и лекови.

Истовремено сам себе не се ресорбира и не оди во метаболизмот бидејќи заедно со врзаните отрови се исфрла од организмот.

Овој јаглен е сосема безопасен и нема нус појави. Може да го користат и деца.

Активниот јаглен може да се користи при обилни оброци кои го отежнуваат варењето на храната.

Меѓутоа бидејќи активниот јаглен врзува речиси сè, дури и хранливите материи и витамините на кои ќе наиде, не се препорачува за долготрајна употреба.

Тој е “итна помош“ во време на стомачен вирус. Доколку користите одредени лекови, потребна е консултација со доктор бидејќи може да го поништи нивното дејство.

Не заминувајте на одмор без да си го понесете.

Уапсени двајца битолчани во Прилеп: Полицијата им пронајде еден куп трамадоли и празни рецепти

На 03.07.2023 на ул.„Тризла“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Р.Р.(25) и Е.Р.(19) од Битола.

При преглед на патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Р., биле пронајдени и одземени седумдесет и три пакувања и шест ленти-кластери „трамадол“, како и бланко рецепти.

Лицата се приведени во Полициска станица Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело по член 212 од Кривичниот законик и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.

Битиќи: Ако немаат ЕВН доволно луѓе, еве јас ќе одам и ќе сетирам броила за да има евтина дневна тарифа

ЕВН Хоум е повикана на 1 декември да испорача дневна евтина тарифа на струјата за сите, а како тоа ќе го направат е нивна надлежност и одговорност, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според него, оперативните работи треба да ги направат тие што се повикани за тоа.

-Фактот дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со цени кои се аплицираат од 1 јули до крајот на годината и со самото кажување дека на 1 декември треба да стартува евтината дневна тарифа, оперативните работи треба да ги направат тие што се повикани за тоа. Можам да им дадам помош на ЕВН Хоум ако немаат, ќе одам лично да ги сетирам броилата, ако е тоа проблемот, истакна Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Нехо Исни“- ДООЕЛ Скопје.

Екипа на Водовод изваде секакви гадотии од чешмата на Итар Пејо во центарот на Прилеп – несовесни граѓани ја вандализирале (ФОТО)

Упатуваме апел до сите со цел да предизвикаме одговорно живеење со грижа и добро однесување кон објекти кои имаат општокорисна вредност и се од заедничко значење за сите нас. Изминатите 24 часа екипите на ЈКП”Водовод и канализација”Прилеп интервенираа два пати на исти објект поради причини предизвикани од наши несовесни сограѓани – пишуваат од ЈКП Водовод и канализација Прилеп.

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

-Станува збор за фонтаната-чешма кај Итар Пејо која беше вандализирана, оштетена и ставена надвор од нејзината функција. Дежурните екипи ефикасно интервенираа, објектот е повторно вратен во употреба и е на располагање на минувачите со својата пивка вода за пиење.

Јасно е дека со личната надградба, грижата за екологијата и позитивниот пристап кон објекти ќе направиме да се чувствуваме добри граѓани и кон сопственото, но и кон заедницата во која живееме.

Сликите во прилог на овој апел говорат колку многу имаме за работа сите ние за еден ден да можеме да имаме ресурси, да можеме да направиме чекор напред кон нови идеи и нивна реализација, наместо губење на време и средства поради лошото и грубо однесување на поединци.

Сите сме на потег кон колективното одговорно живеење!

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02uFYJ2Djn7oVpMJsHCuX9qtKAQtssGk6pVVXcbwP3VKtmuuzQS9syd1Ny14wjpxbMl&id=100064052822682&mibextid=Nif5oz